Среда, 02 Септември 2015    PDF Печати Е-пошта
Ник Ванов

Nick VanoffНик Ванов (25. IX 1929 – 20. III 1991) е американски филмски продуцент од македонско потекло. Емигрира во САД, каде заедно со братот Борис Ванов прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови во Холивуд. Тој е копродуцент Bing Crosby Specials, Perry Como Specials, Phil Silvers Specials, Hollywood Palace, Andy Williams Specials, Sonny and Cher Show и Kennedy Center Honors Show. Ванов е творец на комична серија Hee-Haw и е копродуцент на филмот "Елени" (1985), направен по спомените на неговиот пријател Николас Гејџ.

Ник Ванов (Nick Vanoff) е роден на 25 октомври 1929 година во леринското село Баница, Егејскиот дел на Македонија. По емигрирањето во САД, тој израснал во Питсбург и Бафало (Њујорк). Служел војска во Маринскиот корпус на САД и кратко потоа студирал режија кај Теодор Комесарјавски во Њујорк.

Ванов ја започнува својата кариера како танчер во танцовиот театар на Чарлс Вејдман. Подоцна, тој беше водечки танчер во Њујоршката Опера, каде во 1950 година, ќе ја сретне својата идна сопруга Фелиса Ванов [Phyllis Elizabeth (Felisa) Vanoff]. танчерка, кореограф, продуцент и филантроп. Исто така, тој играше и во Бродвејскиот мјузикл „Бакни ме Кејт“, а се појавува на телевизија и во ноќните клубови.

Тој ја започнува својата телевизиска кариера со Сид Цезаровиот "Your Show of Shows". Во средината на педесетите години, заедно со братот Борис прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови.

Ник Ванов започнува како носител на картици-потсетници за учесниците во телевизиското Пери Комо Шоу (The Perry Como Show), а потоа за само четири месеци станал ко-продуцент. На возраст од 24 години, заедно со Вилијам О Харбах, го продуцира „Вечерното шоу“ („The Tonight Show") на NBC со Стив Ален како домаќин, со кого продолжува да соработува и по преселбата во Холивуд.  

Во шеесетите години на минатиот век, Ванов продуцира повеќе од десет часови телевизиска забавна програма неделно со Бинг Крозби, Енди Вилијамс, Дон Кнотс, Милтон Берле и Сони и Шер ("Perry Como's Kraft Music Hall", "The Hollywood Palace", "Night Life", "The Don Knotts Show" "The Milton Berle Show" и "The Sonny and Cher Show").

Со падот на жанрот во 1970 година, Ванов се фокусирал на друг вид на програми како што е "Swing Out, Sweet Land" со Џон Вејн. Во 1978 година тој почнал да ја организира годишната награда на „The Kennedy Center Honors“ во Вашингтон која се доделува на уметниците кои придонеле за американската култура.

Ник Ванов беше член на одбор на „Center Theatre Group“ во Лос Ангелес, а исто така основач и директор на Фондацијата Џефри Балет, како и ко-сопственик  на  „Sunset-Gower Studios“, поранешната „Columbia Studios“ во Холивуд. Во 1985 година, Ник Ванов го продуцира филмот „Елени“, направен по спомените на неговиот пријател од детството Николас Гејџ.

За неговите телевизиски продукции, тој се стекнува со пет Емми, меѓу кои: "The Julie Andrews Hour" (1973, "The Sound of Christmas," (1988) и др.

Разновидниот Ванов исто така ја освои престижната награда на Бродвеј „Тони“ за најдобар мјузикл за неговиот "Градот на ангелите". Во 1990 година од еснафот на Америка, тој беше наречен шоумен на годината. Но, напорната работа често го изолира од семејството и влијае врз неговото здравје.

Македонецот од леринското село Баница кој ја освои Америка и го исполни американскиот сон умира неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија.

На 20 март 1991 година, 61- годишниот Ник Ванов умира од срцев удар во UCLA Медицинскиот центар во Лос Ангелес. Зад себе ќе ги остави сопругата Фана, синовите Николас и Флавио, мајката Фима, братот Борис и сестрите Александра, Венка и Нада.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.