Среда, 14 Октомври 2015    PDF Печати Е-пошта
Раде Јовчевски - Корчагин

korcaginРаде Јовчевски - Корчагин (14. VIII 1919 – 20. II 1943) е македонски револуционер, синдикален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Во 1941 година, по Априлската војна зел учество во диверзантските акции во Скопје, а потоа бил член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. По неговото расформирање влегол во илегала. Во април 1942 година, во отсуство бил осуден на смрт со бесење. Во март 1943 година, во вооружена пресметка со полицијата загинал во скопско Маџир Маало.

Раде Јовчевски е роен на 14 август 1919 година во Скопје, во занетчиско семјство. По завршувањето на основното училиште и два класа гимназија, го изучил кожарскиот занает. Учел трговско училиште,  а во 1937 година заминал во Белград, каде се вработил кај крзнар. Набрзо се вклучува во белградското синдикално движење и во 1938 година бил избран за секретар на Подружницата на крзнарските и на кожарските работници.

Поради неговите политички и револуционерни определби, во 1939 година Раде бил избран за член на Комунистичката партија на Југославија. Но, белградската полиција, која ја забележала неговата активност, за да го спречи неговото делување притив монархијата, го протерала од Белград и стражарно го спровела во Скопје.

По доаѓањето во Скопје, Раде Јовчевски продолжил со својата активност и станува познат синдикален функционер. Искуството стекнато во Белград му овозможува во родниот град успешно да организира штрајкови и демонстрации, а во 1940 година станува професионален синдикален работник. Истата година, полицијата почнува да го прогонува него, како и членовите на Сојузот на обединитетите работнички синдакати (УРСС).

Раде Јовчевски повторно заминува за Белград, каде се надева дека ќе најде засолниште. Но, белградската полиција која веќе била известена за неговата противдржавна активност набрзо го уапсила и го затворила во затворот Глављача, каде го ставила на тешки физички маки. По излегувањето од затвор, тој продолжува со својата активност и често патува на релација Белград - Скопје.

Во 1941 година, по Априлската војна и окупацијата на кралството Југославија, Раде зел учество во диверзантските акции во Скопје, а во текот на летото бил еден од организаторите и член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. Од тогаш тој станува познат под партизанското име Корчагин.     

Одредот бил формиран од составот на петте диверзантски групи, по одлуката за почеток на вооружената борба во Македонија, на илегалното јунско советување на Скопската организација на КП во Македонија (одржано во Козле на 22 јуни 1941 година). На почетокот, тој бил составен од 12 борци, за да подоцна да брои 42 борци. Веднаш по формирањето Одредот извршил диверзија во рудникот Радуша, а потоа биле извршени и други акции.

Меѓутоа, поради отежнатите политичко-воени услови, во почетокот на ноември 1941 година Одредот бил расформиран, по што борците илегално влегле во градот. Раде Јовчевски – Корчагин работи во скопската илегала се до 17 април 1942 година, кога заедно со Даме Крапчев, Кемал Сејфула, Трајко Стојков и Георги Саздовски и уште други пет борци влегуваат во составот на новормиранит Втор скопски партизански одред.

Војниот суд во Скопје, во април 1942 година, во отсуство го осудил Раде Јовчевски – Корчагин на смрт со бесење, а полицијата за него распишала потерница со парична награда. После долго барање, полицијата конечно успеала да го опколи во близина на манастирот во Побожје. Кога полицајците доволно му се приближиле, фрлил бомба на нив и успеал да се пробие.

Во јануари 1943 година Корчагин бил заменик – политички комесар на здружениот одред на македонските и косовските партизани (Вториот скопски партизански одред и Косовскиот партизански одред). Во февруари 1943 година, по борбата во која одредот бил разбиен и неговиот добар пријател Александар Урдаревски загинал, една група партизани се издвоила од одредот и слегла од планините.

Раде дошол во Скопје за да воспостави врска, но, бил следен и на 20 февруари 1943 година бил опколен од бугарската полиција во првата куќа каде што свратил. Тој се обидел да се извлече од обрачот со прескокнување на оградата, но притоа бил тешко ранет и паднал во една тесна улица во Маџир Маало. Еден од полицајците му се приближил и го усмртил со истрел од пиштол.  

Со Указ на претседателот на ФНРЈ, на 8 октомври 1953 година, бил прогласен за народен херој.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.