Среда, 28 Октомври 2015    PDF Печати Е-пошта
Стојо Хаџиев

stojo-hadzievСтојо Хаџиев (16. V 1879 – 27. IX 1924) е македонски учител, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учителствувал во Серскиот округ. Од 1900 до 1905 година бил комита, а потоа демирхисарски околиски војвода и учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година. По Младотурската револуција бил член на Народната федеративна партија и пратеник во Османлискиот парламент. По Првата светска војна бил назначен за окружен управник во Струмица, а од 1920 година работел како адвокат во Петрич. Убиен бил како сандинист од идејните противници.

Стојо Хаџиев е роден на 16 мај 1879 година во селото Голешево, Пиринскиот дел на Македонија. Се образува во Серската педагошка школа, која ја завршил во 1898 година. Со татко му, кој бил активен учесник во црковно–училишната преродбенска и антифанариотска борба, се спротивставувал на Турците.

Во 1900 година, поради своите активности, учителот Хаџиев заминал во илегала и дејствувал како секретар на Демирхисарската чета. Во 1901 година, по смртта на татко му, минал во четата на Јане Сандански, со која учествува во Илинденското востание во 1903 година.

По амнестијата, од 1904 година, по упаствата добиени од Јане Сандански, Стојо Хаџиев работи прво како учител Черешница, а подоцна и во Долна Сушица. Покрај учителствувањето, тој истовремено работи и на возобновување мрежата на Организацијата во областа. Но откако повторно му се заканила опасност од апсење, Хаџиев  се вратил во четата на Јане Сандански.

Во пролетта 1905 година тој учествува во борбата кај селото Кашина, каде четата на Јане Сандански се судира со врховистичката чета на Јордан Стојанов, при што загинуваат седум души.

Во текот на 1905 година, Стојо Хаџиев бил назначен за демирхисарски околиски војвода и дејствува со шест до десет комити. Во јули истата година учестува на Серскиот конгрес, а потоа во октомври како делегат на Струмичкиот револуционерен округ учествува и на Рилскиот конгрес.

По Младотурската револуција во 1908 година, Стојо Хаџиев се легализирал и активно учествувал во политичката активност на Серчани и во детронирањето  на султанот Абдул Хамид II. Во април 1909 година учествува во походот на силите на Младотурците и на Јане Сандански на Истанбул, по кој султанот бил прогонет во Солун.

Стојо Хаџиев учествува на основачкиот конгрес на Народната федеративна партија, кој се одржува од 3 до 10 август 1909 година, во кафулето „Дплендид палас“ во Солун. Веќе на 14 август 1909 година, врз него и Јане Сандански бил извршен неуспешен обид за атентат од страна на десницата на македонското ослободително движење. Во 1912 година С. Хаџиев и Александар Бујнов биле избрани за пратеници во турскиот парламент од Серскиот санџак.

Во текот на Балканските војни Стојо Хаџиев е војвода на Демирхисарската чета на Македонско-одринското ополчение, а подоцна служел како доброволец во 1- та чета и во штабот на 14 – тата Воденска дружина.  

Во текот на Првата светска војна служи во 3-от пешадиски полк на 11-тата дивизија на бугарската армија. По Првата светска војна бил назначен за бугарски управник во Струмица, а од 1920 година работел како адвокат во Петрич и претседател на Окружната постојана комисија во градот.

Во септември 1924 година, поради убиството на Тодор Александров (31.08.1924), се случија Горноџумајските случувања, во кои македонската револуционерна десница извршија серија атентати врз македонската левица. Во нив ќе настрада и Стојо Хаџиев, како сандинист од идејните противници. Тој е убиен на 27 септември 1924 година во село Покровник, Пиринска Македонија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.