Среда, 04 Ноември 2015    PDF Печати Е-пошта
Георги Занков

Georgi ZankovГеорги Занков (25. I 1886 – 12. VII 1949) е деец на македонското револуционерно движење, војвода во Серскиот револуционерен округ и новинар. По Првата светска војна бил претседател на Друштвото „Илинден“, претседател на Илинденската организација (1923–1924) и преку гласилата „Илинден“ и „Пирин“ водел самостојна политика. По горноџумајските убиства (1924) емигрирал во Виена, каде што учествувал во создавањето на ВМРО(Об) и бил избран за член на ЦК (1925). Учествувал на Цариградската конференција (1929) на ВМРО (Об). Познат бил под псевдонимот Д. Огњанов, Дејан, Живко, Прван.

Георги Занков е роден на 25 јануари 1886 година во Самоков, Бугарија, во семејството на Христо Занков. По завршувањто на гимназија во Софија во 1904 година, тој се вклучува во ВМРО прво како четник во Серскиот револуционерен округ, а од 1907 година тој е војвода на самостојна чета. По Младотурската револуција, заедно со Дине Дробенов (Трлис, Егејска Македонија) и Стеван Чавдаров (Стара Загора, Бугарија) се обидува да ја воспостави револуцинерната мрежа во Серскиот округ во 1909 година. Меѓутоа, тие се судираат со левите сили на Организацијата, познати како Санданисти, кои се залагаат за децентрализација на Македонската револуционерна организација. Четата на Занков била разбиена помеѓу селата Трлис, Лески и Крчово од дваесетина милиционери предводени од Владимир Икономов, Таската Серски и Чедомир Кантарџиев. Дробенов заедно со четворица четници бил уапсен и обесен, Чавдаров бега во Драмско, а Занков се спасува во Горноџумајско.

Во 1910 година Занков учествува во создавањето на Бугарската народна-македонско-одринска рњволуционерна организација, која за цел има извојување на целосна политичка автономија на Македонија, како преодна етапа за духовно обединување со Бугарија. Во февруари 1911 година, оваа организација зад која стојат бугарските институции, врз основа на програмските документи ги испеглала разликите и се обединила со ВМРО на Тодор Александров. Дејците на оваа организација, Чернопеев и Занков се сретнале и со лидерот на третата фракција на македонското ослободително движење Јане Сандански, но тој ја одбил соработката.

Георги Занков учествувал во Балканските војни во кои покажал голема храброст. Во текот на Првата балканска војна, Георги Занков се наоѓа на чело на партизанска чета на македонското-одринско ополчение. Подоцна го предводи Серскиот одред и служи во 11 серска дружина и учествува во оспободување на Разлошко, Банско, Неврокопско, Драма и Серско. За покажаната храброст бил одликуван со ордените „За храброст“ IV степен и „Свети Александар“ VI степен, а бил назначен и за командант на Сер. Но, за да биде што подалеку од Македонија, како и другите македонски револуционери, бугарската армија го испраќа со четата во Булаир, блиску до Галиполе, каде влегува повторно во Македонско-одринското ополчение.

Во текот на Втората балканска војна Занков се истакнува во борбите на Султан тепе (Осоговска планина), Главовица, Чуриљак (Кочанско и Кратовско). Со својот личен пример на пожртвуваност го подигал духот на борците и за покажаната храброст добил офицерски чин.

Во периодот од 1914 до 1918 година Занков бил пратеник од Струмичко во Бугарското народното собрание, а по Првата светска војна бил општински советник (1920 - 1922) и помошник-кмет на Софија (1921). Исто така тој е еден од лидерите на македонската емиграција во Бугарија. Од 1921 година, Занков е претседател на друштвото „Илинден“, а по основањето на „Илинденската организација“ во 1923 година, тој е назначен за претседател.

Во 1923 година Арсениј Јовков и Георги Занков прават документарен филм за Македонија, кој се сретнува под името „Македонија во снимки“ или Македонија“. Исто така тие го снимаат пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во домот на Илинденската организација во Софија.

Георги Занков кој пишува во весниците „Илинден“ (1921 - 1926) и „Пирин“ (1923 - 1924),  водел самостојна политика и дошол во судир со ВМРО на Тодор Александров. Во 1924 година преставниците на Илинденската организација биле обвинети од Иван Михајлов дека подржувале контакти со луѓето кои учествувале во убиството на Тодор Александров. Но, за време на Горноџумајските настани, Арсениј Јовков бил убиен, а Георги Занков успеал да се спаси и да емигрира во Виена.

Во 1924 година, по убиството на редакторот Јовков, паднала под влијание на ВМРО – михајловистичка. На Вториот конгрес на Илинденската организација (12–13.VII. 1925), Георги Занков и Арсени Јовков (посмртно) биле исклучени од раководството.

Занков по доаѓањето во Виена учествува во основањето на ВМРО (обединета) и во 1925 година бил избран за член на Централниот комитет. Во 1926 година заминува во Албанија за да создаде база на Организацијата и и да воспостави канал за пренесување на пропагандниот материјал во Вардарска и Егејска Македонија. Истата година, по враќањето во Виена, тој соопштил дека пропагандниот материјалза Костурско и Леринско ќе се испраќа преку Корча – Биглишта – Врбник. Подоцна ЦК на ВМРО (об) се откажува од дејноста во Албанија поради недостаток на средства и сложената ситуација која настанува поради превратот на Ахмед Зогу.

Дел од членовите на ВМРО (об), Михаил Герџиков, Павел Шатев и Георги Занков  не го оправдуваат прекумерното прокомунистичко скршнување на Организацијата и се повеќе со нивните истомисленици работат на издвојување во посебна организација.

Во 1929 година Занков учествувал на Цариградската конференција на ВМРО (об), на која бил исклучен од Организацијата. Според списанието „Федерасион Балканик“ (1924 - 1932) и весникот „Македонско дело“ (1925 - 1933), Герги Занков и Михаил Герџиков имале неуспешен обид да создадат нова организација во Цариград.   

Всушност Нацинал Федералистите (во Цариград Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел Шатев и Наум Терзиовски; во Софија Лазар Поповски, др Филип Атанасов и Христо Цветков; војводи Славе Иванов, Миша Шкатров, Петар Ацев, Христо Апов, Георги Кондов, Георги Гевгелиски и др. Даскалов) уверени дека македонското прашање ќе биде решено во идната балканска федерација, во Цариград решаваат да се издвојат во одделна организација и своите активности да ги спроведат на територијата на Југославија. Во средината 1929 година тие испраќаат до југословенската влада посебна декларација потпишана (29  јуни 1929) во има на ЦК од др. Филип Атанасов и Георги Занков, со која се бара да им се доволи во границите на Југославија да формираат Македонска Национална Револуционерна Организација која треба да го обедини македонскиот народ од трите дела на Македонија, во состав на Југословенската федерација, а истовремено ја известуваат дека веќе имаат свои организации во Виена, Цариград и Софија кои работат на спроведеување на политичките цели.

Меѓутоа, во 1930 година Герги Занков бил уапсен во Виена од австриските власти. По ветувањето дека нема повеќе да се меша во македонските дела, во 1931 година тој се вратил во Бугарија, каде што живеел до својата смрт. Умира на 12 јули 1949 во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.