Среда, 25 Ноември 2015    PDF Печати Е-пошта
Димитар Зафировски

dimitar-zafirovski

Димитар (Митко) Зафировски (27. VIII 1907 - 4. VII  1973) е македонски културно-национален и општествено политички деец и публицист. Се вклучува во работничкото движење. Членува во ВМРО (Об) и БКП, а потоа и член на Македонската комисија при ЦК на БКП. Ги уредува списанијата „Роден крај“ (1933), „Македонски вести“(1935/36) и заедно со други го подготвува забранетиот број на весникот „Гоце“ (1938). Го издава единечниот зборник „Илинден 1903“ (1939). Се вклучува во редовите на НОБ и е делегат на првото заседание на АСНОМ, а потоа е главен уредник на весникот „Нова Македонија“. Тој е прв директор на Институтот за национална историја (1948) и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“.

Димитар (Митко) Григоров Зафировски е роден на 27 август 1907 година во Гевгелија. По Балканските војни емигрира во Бугарија. Првично живее во Плевен, а меѓу 1916 и 1924 во Варна. Подоцна се преместува во Софија и секаде работи како електричар. Се вклучува во работничкото прогресивно движење и станува член на ВМРО (об). Бидејќи партијата добива комунистички карактер, во 1932 година тој станува член и на БКП, а во 1936  година бил назначен за член на Македонската комисија при ЦК на БКП.

Митко Зафировски бил активен во Гевгелиското братство и на Читалиштето „Роден крај“ во Софија. Во 1933 година тој го уредува единствениот број на списанието  „Роден крај“. Исто така, под псевдонимот Д. Г. Заров соработува и потоа ја уредува културната рубрика на органот на ВМРО (об), неделното списание за историја, наука и литература „Македонски вести“ (1935 - 1936).

Во рамки на Редакцијата на „Македонски вести“, Митко Зафировски организира Македонскиот литературен кружок (2 август 1936 година) и работи со Војдан Чернодрински за создавање на Македонски народен театар. Кратко време тој издава паралелен орган на македонската емиграција во Бугарија, весникот „Македонска земја“, а по забраната на „Македонски вести“ во 1936 година, тој е еден од организаторите на „Публицистичкиот кружок „Нација и култура“.

Во 1938 година, по повод 35 години од убиството на Гоце Делчев во Баница, Димитар Зафировски заедно со Антон Попов, Коста Веселинов, Иван Керезиев, Ангел Динев и други, го подготвуваат јубилејен број на весникот „Гоце“. Но, бугарската цензура кога видела дека во текстовите се зборува за македонски народ и македонска нација, а никаде не се спомнува дека Македонците се Бугари, веднаш го забрануваат весникот и го спречуваат печатењето. 

Сепак, првиот печатарски отисок на ова списание бил спасен, а Зафировски подоцна го носи во Македонија. Ова екслузивно издание поврзано со македонската историја, преставува важен документ за националните позиции на македонската интелигенција меѓу двете светски војни: Секој текст објавен во овој весник зборува за чиста, изградена македонска национална свест кај секој автор посебно. Зафировски потпишан како Д. Григоров ќе го објави интервјуто со тројцата блиски другари на Гоце Делчев, Туше Деливанов, Михаил Герџиков и Михаил Чаков.

Димитар Зафировски станува активен член на обновениот Македонски литературен кружок во Софија (1938 - 1941) и во 1939 година го издава и единечниот зборник „Илинден 1903“. Работи како новинар на дневниот весник „Зарја“. Во 1940 година, како новинар патува во Белград, каде на македонските студенти им носи национално-политички материјали, како и преписот од книгата на Крсте Мисирков.

По бугарската окупација на Вардарскиот дел од Македонија, Димитар Зафировски се враќа во Гевгелија. Во текот на 1941 година тој станува секретар на Месниот комитет на КП во Гевгелија и член на Пленумот на ПК на КПЈ за Македонија и се вклучува во НОБ на Македонија. Станува член на АГИТПРОП при ГШ на НОВ и ПОМ и на ЦК на КПМ. Во 1943 соработува со весникот „Народна борба “, а во 1944 година со списанието „Илинденски пат“.

Во август 1944 година Димитар Зафировски е делегат на Првото заседание на АСНОМ, а од септември истата година е главен уредник на весникот „ Нова Македонија“.

По ослободувањето,  во периодот од 1946 до 1947 година, Зафировски работи како советник и прв секретар на Југословенската амбасада во Софија. Наредната 1948 година, тој е поставен за  директор на Институтот за национална историја, а од 1955 до 1972 година бил  директор на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Димитар (Митко) Зафировски во текот на својот живот пишува голем број статии, историски записи, репортажи и театарски критики. Умира на 4 јули 1973 година во Скопје.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.