Среда, 02 Декември 2015    PDF Печати Е-пошта
Антон Мирчев - Пешковски

Антон  Мирчев – Пешковски (1890 - 1942) е македонски деец, истакнат член на Македонската колонија во Петровград, потписник на неколку нејзини акти во списанието „Македондки глас“ (Македонскій голосъ) и е член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград. Тој својот печат го стави на страниците на македонската и светската историја. Учествувал во Октомвриската револуција и бил близок соработник В. И. Ленин и К. Раковски.

makedonski-glas

Антон (Доне, Дончо)  Мирчев  (Мирчич) – Пешковски е роден во 1890 година во селото Тресонче, во маалото Пешковци. По завршувањето на образованието, неговиот брат Крсте Мирчевски ќе работи како учител, а Антон околу 1910 година го напушта родното место и емигрира во Русија.

По доаѓањето во Русија, Антон Мирчев – Пешковски работи како електромонтер во Санкт Петербург (Петроград). Во руската престолнина се приклучува на Македонската колонија, во која членуваат прврзаниците за независна Македонија. Во 1914 година тој потпишува неколку акти кои се објавени во списанието „Македонски глас“ (Македонскій голосъ), орган на Македонската колонија. Инаку, ова списание кое се појавува на 9.06.1913 година и има големо значење за македонската историја и го уредува Редакцискиот совет на Македонската колонија, излегува се 20.11.1914 год., кога под притисок на балканските монархии престана да се печати.

Во 1914 година, Антон Мирчев – Пешковски учествува во активностите на повеќе напредни групи во Русија. Во 1916 година по една полициска провала бил затворен и протеран во Сибир. Наредната година, по враќањето во руската престолнина, учествува во основањето на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград.

На иницијатива на истакнатите македонски дејци како Димитрија Чуповски, Гаврил Константиновиќ, Глигор Угриновски, Антон Мирчев - Пешковски и др. во март 1917 г. се основа македонското национално револуционерно здружение (Македонскиот револуционерен комитет), кое  се залага за обединување на поделената Македонија, како и за урнување на монархиите на Балканот и за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, во која равноправно би се вклучиле Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Тракија, Хрватска и Словенија, на чело со еден Претседател, Сојузна влада и Совет кој би преставувал замена за Претседател.

По избувнувањето на Октомвриската револуција во 1917 година, Антон зема активно учество во револуционерните настани. Тој учествува во нападот на Зимскиот дворец и тесно соработува со Владимир Илич Ленин и Кристијан Раковски. Како член на петроградскиот револуционерен комитет, тој бил назначен за еден од раководителите на монополот за шпиритус и член на контролната петорка за снабдувањето и исхраната на Петроград.

Во јануари 1918 години во Петриград била формирана Група на балкански комунисти. Во групата која броела 18 членови влегуваат и македонците Антон Мирчев – Пешковски (Тресонче) Михаил Антонов (Неврокоп) и д-р Владимир Каваев (Струга), како и неговата сопруга д-р Елена Каваева (Полска), личен пријател на  Владимир Илич Ленин. Антон зема активно учество во работа на оваа група и учествува на првите два големи меѓународни митинзи одржани во јануари и декември 1918 година. Потоа се вклучува во Првиот интернационален баталјон на Црвената армија за борба против контрареволуционерите и интервенционистите.

Антон Мирчев – Пешковски станал и функционер во Комунистичката интернационала, како и министер во Владата на Украина, составена по Октомвриската револуција. Во 1920 година, како комунистички емисар ја посетил Југославија и Бугарија. По посетата на Македонија се враќа во Русија, каде се вклучува во борбата против интервенционистите и белогардејците. Како комесар на Црвената армија, тој учествува во борбите на западниот фронт.

Антон потоа завршува инжинерство и бил испратен во Сибир каде работел на изградбата на Магнитогорск. Во 1930 година тој им испратил своја фотографија на мајка си и на својот брат.

Смртта на овој наш македонски деец е обвиена со мистерија. Постојат две верзии за неговата смрт во 1942 година. Во првата верзија се зборува дека Антон Мирчев – Пешковски бил заболен од туберколоза и дека починал во болница во Москва, а во втората дека тој мистериозно исчезнал едно ноќ во 1942 година во Москва, кога германските војски биле пред портите на главниот град.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.