Среда, 06 Јануари 2016    PDF Печати Е-пошта
Васил Пасков

Vasil Paskov from OsikovoВасил Пасков (3.I 1874–9.IX1934) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Работи како учител во Битола и Ново Село, претседателствува со Конгресот на ВМРО на Петрова нива во Одринскиот револуционерен округ, каде се објавува кревањето на востанието во 1903 година. Емигрира во Бугарија каде редактира повеќе весници. Тој е член и еден од основачите на  Македонскиот научен институт и на Илинденската организација во Софија.

Васил Илиев Пасков е роден на 3 јануар 1874 година во селото Осиково, Пиринска Македонија, во семејството на просветниот деец Илија Пасков. Во 1893 година завршува средно образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1898 година историја на Софискиот универзитет. Се вклучува во работата на бугарската Демократска партија и во периодот од 1895  до 1897 година работи како идговорен уредник на весникот „Знаме“.

Во 1899 година Васил Пасков бил назначен за учител во егзархиската гимназија во Битола. Станува член на Македонската револуционерна организација и со Глигор Попето, Михаил Герџиков (псевдоним Тодор Луканов) и други од ученичкиот гимназиски кружок, учествува во подготвувањето, редактирање и умножување на хектографскиот весник „На оружје“ (1895 – 1902). Како активен член на Организацијата, заедно со Неделко Дамјанов, Аце Дорев, Георги Пешков и Георги Поп Христов, Васил бил избран за член на  Битолскиот  окружен револуционерен комитет.

Васил бил надарен со красноречивост и со своите беседи и патриотски говори во Неделното училиште успевал да го подигне револуционерниот дух. Тоа го привлекло вниманието на турските власти и полицијата, која го протерува од градот по убиството на поп Ставре во август 1900 година.

По протерувањето од Битола, Васил станал главен учител во училиштето во штипското село Ново Село. Меѓутоа, со разврската на Попставревата афера, тој набрзо бил уапсен и осуден на 12 години затвор.  Васил бил затворен во Куршумли ан во Скопје, каде останува до 1902 година кога бил амнестиран. По излегувањето од затвор се преселил во Неврокоп, каде што продолжува со својата револуционерна дејност. При обид на турските власти повторно да го уапсат, тој станал нелегелен.

Во предвечерието на Илинденското востание 1903 година, Централниот комитет го испратил Васил Пасков во Одринскиот револуционерен округ, каде продолжува со револуционарната активност. На  Конгресот на Петрова нива, во близина на Мало Трново, кој се одржал на 28 и 29 јуни 1903 година, под негово претседателство било потврдено решението да се крене востанието во овој дел, а тој бил определен да биде главен интендант во Бургас. Две недели по објавувањето на Илинденското востание, под раководство на Михаил Герџиков било кренато востание во Одринско и била прогласена Странџанска република.   

По Илинденското востание, Пасков доаѓа во Софија и од 1904 година го редактира списанието „Револуционерен лист“, кој од 12 август 1904 до 16 декември 1906 година излегува во Солун и бил во прво време официјален орган на Македонската револуционерна организација. По Рилскиот конгрес во октомври 1905 година на местото на Пасков бил назначен Димо Хаџи Димов и весникот станува неофицијално гласило на Серската група. Меѓутоа, сите се залагаат за автономниот принцип и за самостојност на Македонија, на која како секоја мала држава една од главните грижи и е како да се заштити од сите внатрешни и надворешни влијанија и притисоци.  

Од ноември 1907 година, Васил Пасков заедно со  Пејо Јаворов и Петко Пенчев го уредува весникот „Илинден“ кој излегува до септември 1908 година во Софија. Весникот е неофицијален орган на Македонската револуционерна организација и полемизира со раководството избрано на Рилскиот конгрес  и органот на левицата. За да не учествува во меѓусебната борба на левицата и десницата на Македонската револуционерна организација и за да не му наштети на македонското дело, набрзо, по 15 број, Пасков излегува од редакцијата и од 1908 па се до 1924 година тој е главен уредник на весникот „Пряпорец“, орган на Демократска партија.  

Васил Пасков е еден од основичите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923), создаден со цел истражување на Македонија и нејзините народи и е член на Илинденската организација (1921 - 1947), која била формирана по Првата светска војна како доброволна и културно-просветна организација на македонските емигранти учесници во Илинденското востание.

Васил Пасков починал на 9 октомври 1934 година во Велинград, Бугарија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.