Среда, 13 Јануари 2016    PDF Печати Е-пошта
Константин Држилович

konstantin-drzilovic

Константин Динков Држилов(ич) – Динката (? - 1890) е македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војува против Турците во Грција. По преселувањето во Солун се занимава со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската црковно-училишна општина.

Константин Држилов е роден во негушкото село Држилово, Егејскиот дел на Македонија, во богато  семејство. Учел во грчкото училиште во Мелник. Во 1822 година, потикнато од грчкото востание, заедно со помалиот брат Киријак Држилов зел учество во Негушкото востание. По задуушувањето на востанието, при кое било опожарено родното место, заедно со братот и дел од македонските востаници се повлекува на југ, каде се придружиле на грчките востаници. Војуваат против Османлиите се до 1829 година, а по освојувањето на независноста на Грција Константин и Киријак живееле во Атина до средината на XIX век.

Околу 1850 година, двајцата браќа се преселуваат во Солун, а Константин се занимава со трговија. Тој му помага на брат му Киријак да отвори печатница, каква што немало од затварањето на печатницата на Теодосиј Синаитски.

По многу пречки од страна на грчките црковни власти Киријак и Константин Држилови добиваат дозвола да отворат грчка печатница, во која ќе се печатат грчки, но и книги на македонски јазик со грчки букви. Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печати во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852). Евангелието подготвено од П. Божигропски од село Кониково, пишувано на воденско наречие денес е особено важно за изучување на македонскиот јазик.

Со печатницата на Држилови работи и книжарница преку која тие распространуваат грчки, руски, бугарски и српски книги и весници. Иако, во печатница биле публикувани грчки учебници, тоа не е доволно за грчките црковни власти.

Константин Држилович активно се вклучил во антипатријаршиската борба и бил еден од најистакнатите борци за црковна независност, формирање на училишта и употребата на мајчиниот јазик. Активно учествува во борбата за конститурање на Солунската црковно -училишна општина. Согледувајќи дека во борбата за управување со црковно-училишните општини се повеќе го губи влијанието кај славјанското население, грчките првенци и свештество прават големи напори за да се затвори печатницата на Држилови во Солун.

Константи и неговиот брат Киријак одржувале врски со македонските преродбеници и руските конзули. Константи соработува со Стефан Верковиќ и Георги Раковски. Пишува за весникот на Георги Раковски „Дунавски лебед“, кој се печати во Белград од 1 IX 1860 до 24 XII 1861 година.  

Во својата стихотворба од 1862 година во која ја фали дејноста на еден од борците на заедничката борба на македонскиот и бугарскиот народ за црковна независноост Иларион Макарополски, Константин ќе заврши со зборовите:  „Да живее славна Бугарија, Македонија и Тракија“

 

Во писмото до Веркович датирано од 18 мај 1864 година, Константин Држилов кој учел грчки училишта ќе напише:

„Да ми простиш бидејќи не го знам добро мојот народен мајчин јазик. За жал, брате мој, го научив без учител, сам со азбуки со букварчето. Вас ве молам да ми пишуваш на бугарски јазик, на македонски да ми пишуваш. Твоето писмо многу добро се чита, пиши го малку поотворено.... Тогаш немаме потреба од грчкото.“

Во 1865 година Константин Држилов станал претседател на Солунската црковно-училишна општина.

Константи Држилов Динката е татко на Георги Динков и Славка Динкова, кои го продолжуваат делото на својот татко и стрико. 

Констатин Држилов умира во Солун во 1890 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.