Среда, 10 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
Ефрем Чучков

efrem-cuckovЕфрем Чучков (21. XI 1870 – 1. X 1923) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и учител. Заедно со Гоце Делчев учел во воено училиште во Софија и заедно го напуштиле. Потоа завршил Педагошко училиште во Казанл’к и повеќе години работел како учител. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во Пехчево и Мелник, каде дејствувал под туѓо име. Потоа бил Скопски окружен војвода, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година бил избран за член на  Централниот комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни.

Ефрем Чучков е роден на 21 ноември 1870 година во Штип. Се школува во Штип, во градот во кој се раѓаат и работат голем број кадри на македонската револуционерна борба. Потоа учел во Скопје и V клас завршил во Солунската гимназија. По завршувањето на средното образование Е. Чучков учителствувал во Ново Село, а потоа заедно со Гоце Делчев учел во военото училиште во Софија.

По две години, заедно со Гоце го напуштиле военото училиште и Е. Чучков се посветил на револуционерното дело. Поради потребите од образован кадар кој ќе го шири делото, тој се запишал на педагошко училиште и продолжил со агитација меѓу народот.  Тој бил меѓу првите посветени во делотото, кој заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров, ја развивал револуционерната мрежа на Македонската револуционерна организација во Штипско.

Во 1896 година Ефрем го завршил Педагошкото училиште во Казанл’к, а потоа учителствувал неколку години во Пехчево и Мелник. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во Пехчево и Мелник, каде дејствувал под туѓо име.  

Од 1897 година дејствувал нелегално во Кочанско, Кратовско и во Штипско. По избувнувањето на Виничката афера во ноември 1897 година, Ефрем се префрлил во Бугарија. Во Македонија се вратил во април 1898 година како војвода на чета и по успешно завршената работа во јуни истата година повторно се префрил во Бугарија. Во 1902 година, Е. Чучков бил кратко време пунктов началник на Организацијата во Ќустендил.

На 2 јануари 1905 година, Е. Чучков учествува на Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен реон, на кој за окружното раководство биле избрани следните членови: Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто Николов Георгиев, Мише Развигоров и Атанас Бабата.

По смртта на Мише Развигоров во март 1907 година, заедно со Тодор Александров, Е. Чучков бил назначен за окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ. Во 1908 година на Конгресот во Ќустендил, Ефрем бил избран за дополнителен член на на ЦК, заедно со Павел Христов, Петар Ацев, Аргир Манасиев, Петко Панчев и Стамат Икономов.

За време на Првата Балканска војна, Чучков го командувал одредот бр 35, кој го ослободил Кочани. Заедно со четите на Славчо Абазов и Герги Гочев го зазеле кратовското село Бреза. Во близина на Штип четата на Чучков заробила 150 турски војници кои се повлекувале, а ги разбиле Турците кај Султан тепе.

По Првата светска војна, Ѓорче Петров му обезбедил место на Е. Чучков во Комисијата за бегалци. Тој се зближил со Тодор Александров и активно ја помагал обновата на ВМРО. Станал војвода на чета во Малешевско и Царевоселско, а кај него во тоа време бил четник и Дончо Христов. Чучков е втората фигура во возобновената ВМРО по Тодор Александров.

Во 1922 година, неговата Е. Чучков со својата чета седум пати водел борби со српските чети во Малешевско и Кочанско. Но, набргу потоа тешко се разболува.

Ефрем Чучков, умира во Софија на 1 октомври 1923 година. Негов внук е македонски револуционер и политичар Емануил Чучков.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.