Среда, 16 Март 2016    PDF Печати Е-пошта
Аврам Чаловски

avram-calovskiАврам Чаловски (1854 – 3. XI 1943) е македонски емигрант во Бугарија, еден од најзначјните индустријалци и истакнат донатор, кој од современиците бил нарекуван „Бугарски Форд“. По потекло од Галичник, тој од овчар во родното место, станал  сопственик на првата фабрика за чоколади во Бугарија. Соселаните го нарекуваат дете „ѕвезделија“, но самиот тој не се сметал за богоизбран. Ја помагал македонската емиграција, Македонското револуционерно движење и донирал големи средства за цркви и манастири (Зографскиот манастир, манастирот „Св. Јован Бигорски“, црквата „Св. Петка“ во Галичник и др.). Пред смртта пред своите блиски ќе изјави „Ако не посееш нешто, нема да пожнееш ништо!“.

Аврам Минов Чаловски е роден во 1854 година во мијачкото село Галичник. Како мал бил овчар во родното село, потоа дрварче и кираџија, а по формирањето на Кнежевството Бугарија (1878) емигрирал во Софија. Во прво време тој спиел кај своите Македонци, по тавани и подруми, се хранел скудно, миел чинии по крчмите, а рано наутро продавал боза по улиците. Младиот Чаловски не познавал умор, речиси и да не се одмарал., а кога собрал доволно пари купил работилница за боза и локум.

Во 1898 година Аврам купил коњ и мала мелница и заедно со уште еден работник во работилницата почнал да произведува таан алва. Таа прераснала во фабрика, првата фабрика за таан алва во Бугарија, во која започнал да произведува и сусамово масло. По десетина години, претпријатието раширено и модернизирано, се преместило во нова зграда, каде Аврам се преселил со семејството.

Во 1921 година, Аврам откако купува две работилници, ја отварил и втората фабрика во Бургас. Тука освен алва, локум и бисквити, таму започнал со производство на познатото масло “Вега“. Фабриката имала самостојна железнича пруга, извор на вода и електроцентрала со дизел мотор, стопанство со млечни крави, две рефинерии, инсталација за производство на пастеризирано млеко, параклис.  Претпријатијата во Софија и Бургас се познати под името „Индустриска куќа за производство на кондиторски производи, растителни масла, таан, какао, чоколадо бисквити, карамел и сл.“, основана во 1898 година од Чаловски.

Во 1936 година ја отворил третата гранка на фирмата на станица Искар, целосно опремена од Германија. Во неа произведувал растителни масла, гликоза и нишесте (скроб). Чаловски и синовите  изградиле и бочварска работилница за амбалажа, а во фабриката во Софија има своја печатница за етикети и промотивни материјали. Тој прв на Балканот започнал да произведува млеко и јајца во прав,

Производите на „Индустриската куќа“ на македонскиот претприемач долги години го држеле првото место по квалитет во Бугарија, а добиваат и бројни признанија на меѓународни саеми и изложби. Во 1906 година добиле сребрен медал во Милано и златен медал во Лондон, а потоа и награди во Атина, Солун, Пловдив и др. Во 1938 година фирмата добила прескрипт кој гласи „Голем снабдувач на кондиторски производи и растителни масла“, што преставува најголемо признание за дејноста на Чаловски.

Во 1928 година Аврам Чаловски влегол во Управниот одбор на Македонската народна банка со седиште во Софија, која ги кредитирала големите трговци, индустријалци и занаетчии. Во 1930 година, банката отвара свои филијали во Пиринскиот дел на Македонија, во градовите Свети Врач (Сандански), Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев) и Горна Џумаја (Благоевград), и го удвојува својот капитал на 40 милиони лева. Освен легалните активности, Управниот одбор во кој покрај Аврам се наожаат и други македонски емигранти, тајно ја потпомагаат Македонската револуционерна организација и нејзините чети.

Аврам Чаловски кој во своето родно место Галичник го викале „дете ѕвездалија“, не сакал на своите наследници да им ги пренеси само материјалните добра, туку самодовербата и традициите, животната филозовија и моралот. Па наместо да купува автомобили и вили, тој својот дом го претворил во музеј на родовото потекло, културата и традиција. Тој потрошил големи средства да ги исполни со исклучителни експонати собата “Оружје“, нумизматичкото катче, етнографска соба со македонски народни носии за сите случаи и возрасти и т.н..    

Воспитан во традиционалниот македонски дух, не случајно синот на Аврам, Евстати Чаловски, бил деец на Македонската револуционерна организација. Тој на 18 години влегол во четата на војводата Максим Ненов, а во 1903 година со четата на Сотир Атанасов учествувал во Илинденското Востание. Во пролетта 1904 година влегол во Македонија со дебарско-охридската чета, а за време на Балканските војни Евстати и брат му Манол учествувале како доброволци во Македоно – одринското ополчение.

Иако богат, Аврам Чаловски живеел скромно и не сакал фалби. Тој во живот се придржувал до масимата: „Како добиваш, така треба и да даваш, но на кого му е потребно.“  Тој на своите работници им дава бесплатно јадење, редовно 13 плата и уште половина плата на Велигден, потоа бесплатен сапун, масло, месо, им давал заеми на ново задомените кои потоа им ги опростувал, а често и самиот им кумувал. Целиот живот без голема помпа ги помагал луѓето, ги дарувал црквите и манастирите, им давал на домовите за згрижување на сиромашните, не со чуство на надменост, туку со чуство на должник.

Иако сето тоа го правел без голема помпа и многу донации останале непознати, сепак Аврам Чаловски бил познат по својата широка донаторска активност. Тој дал голема донација на Зографскиот манастир, од каде му подариле икона на Спиридон Чудотворецот, која е патрон на фирмата. Исто така подарил параклис на црквата „Успение на Св. Иван Рилски“ во Рилскиот манастир. Во тестаментот кој го оставил Аврам, според неговата желба средствата од 550.000 лева се рапределуваат меѓу Бигорскиот манастир 100.000 лева, потоа на црквата „Св. Петка“ во Галичник 200.000 лева, „Св. Димитриј“ во Бургас 50.000 лева и „Св. Никола Софиски“ во Софија 100.000 лева.     

Колкава била големината на овој македонски претприемач во Бугарија се гледа од тестаментот, со кој Аврам остава 10 милиони лева за основање на фондација „За вечни времиња“ за помош на „сиромашни, болни, сираци, претежно од работнички семејства“, а 10 проценти барал да се издвојот за истата цел во родниот Галичник. Други стотици илјади лева оставил за старечки засолништа и уште 100 илјади лева за бедни и болни. Тој со тестаментот им ги простил долговите на сите свои должници и како последна желба барал да биде погребан до својот работник со кого го започнал првиот бизнис со таан алва.

Аврам Чаловски тешко ја поднесува смртта на синот Евстати и заминува од овој свет два месеци по него, на 82 години. Најголемиот македонски индустриалец и добротвор во Бугарија умира на 3 ноември 1943 година во Софија. Погребан е заедно со првиот работник, со кого го започнал претпријатието. Двајцата почиваат во Софиските гробишта, каде Чаловски уште во 1912 година, пред да купи сопствена куќа, имал купено самостојна гробница со 12 ниши. По Втората светска војна неговиот имот е разграбен и национализиран.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.