Среда, 13 Април 2016    PDF Печати Е-пошта
Алберт Сониксен

albert-soniksenАлберт Сониксен (5. V 1878 – 16. VIII 1931) е американски новинар и публицист, кој ја поддржува македонската револуционерна борба. Како младо момче заминува на море и патува по светот. Учествува во американската воена експедиција на Филипините по која ги објавува книгите „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, „Морски разбојници“ и т.н. По Илинденското востание, кога македонското прашање станува актуелно, тој се поврзува со Македонската револуционерна организација и поминува извесно време со македонските чети во Македонија, а потоа ја објавува книгата „Исповед на еден македонски четник“.

Алберт Сониксен е роден на 5 мај 1878 година во Сан Франциско. Неговиот татко Николај (Николас) учествувал во Американската граѓанска војна и бил заробен од Унионистичката армија. Слична судбина доживува и Алберт, кој како младо момче заминува на море и патува по светот. Во 1898 година како американски војник учествува во воената експедиција на Филипините, каде бил заробен од страна на бунтовните локални племиња.

Сониксен бил сведок на жестокоста на американската војска кон месното население. Соочен да избира меѓу татковината и хуманоста, тој се приклучил на страната на Филипинците во борбата за независност на островите. Спомените од доживеаните авантури тој ги објавува во книгите „Десет месеци заробеник на филипинските острови“ (Њу Јорк, 1901) и „Морски разбојници“ (Њу Јорк, 1903).

Американскиот писател, новинар и патник Алберт Сониксен го имал истото чуство и за страдањата на македонскиот народ. По Илинденското востание се заинтересирал за народноослободителната војна на Македонската револуционерна организација во Отоманската империја. Се поврзал со македонските емигранти во САД  и како секретар на Македонскиот комитет во Њу Јорк одлучил да ја посети Македонија.

Во 1904 година Сониксен патува како слободен новинар во Источна Европа за да известува за „New York Evening Post“ и други весници за војната на Балканот. По речиси двегодишен престој во Софија и Ќустендил, каде се запознава со преставници на Организацијата и го изучува јазикот, тој патува во Солун и по десетодневен престој патува во внатрешноста на Македонија. Со воз заминал за Воден, од каде му се губи трагата. Американски весник по добиеното известување неколку дена потоа ќе објави дека Сониксен исчезнал во Македонија.

„Тој пристигна на 15 февруари во Воден, 40 милји од Манастир. Исчезнал на 17 февруари и од тогаш не е виден.... Алберт Сониксен автор, новинар и патник, пред две години дојде во Македонија како слободен новинар, од каде известуваше за Evening Post и други весници. Сониксен воглавно се интересираше за прогресот на Македонската борба за слобода и неговото отсуство засега не предизвикува загриженост во Evening Post. Последното писмо добиено од него беше датирано од 6 февруари, Софија.“ - пишува американскиот републикански весник „The Day (New London)“  од 23 февруари 1906 година.

Всушност, Сониксен уште во Воден воспоставил врска со луѓе на Организацијата кои го придружуваат „Американецот“ до логорот на четата на војводата Лука Иванов. Така, Сониксен исчезнува од очите на турските власти и преоблечен како селанец или македонски четник од февруари до ноември 1906 година ја обиколува Македонија со организационите чети. Напорите на турските власти да го откријат остануваат безуспешни. Во овој период тој се среќавал со населението, со македонски револуционери, војводи и раководители на ВМРО меѓу кои: Апостол Петков, Сава Михајлов, Георги Сугарев и Даме Груев, но и бил сведок на борбите на македонските револуционери со турските власти и со грчките андартски чети.

Во 1907 година, по враќањето во САД, Алберт Сониксен објавил серија написи во кои се појавува како заштитник на македонската ослободителна кауза. Во 1909 година тој ги објавува своите спомени од престојот во Ениџевардарското езеро и Битола во книгата „Исповед на еден македонски четник“. Во неа тој ги опишува своите искуства од престојот во Македонија и дава една широка слика за природата на Македонија, обичаите и проблемите на населението, страдањата на македонскиот народ и неговата револуционерна борба. Вредноста на оваа книга е што тој направи вистината за македонската револуционерна борба против турскиот режим и андартските чети на грчката вооружена пропаганда да стане достапна за светот, покажувајќи ја притоа суровата и непријатна реалност во која тогаш се наоѓала Македонија.

Во текот 1911 година, во предвечерјето на Првата балканска војна, Алберт Сониксен како преставник на ВМРО во САД и војводата Ичко Димитров, поранешен четник на Апостол Петков, имале науспешен обид да се подобри вооружувањето на македонските чети со новоизработените во тоа време митралези. Сониксен со внимание ги следел настаните кои следуваат, но не успеал да се врати во Македонија.

По Првата Светска војна, за време на преговорите за мир, американскиот престедател Вудро Вилсон побарал од Сониксен да напише извештај за македонското население. Американскиот новинар и „Македонски четник“, до крај останал верен на своите македонски пријатели. Во својот извештај се противел на поделбата на Македонија и се до својата смрт се интересирал за македонското прашање.

Алберт Сониксен починал на 16 август 1931 година во Вилиманти  (Конектикад, САД), на возраст од 53 години.

albert-soniksen2

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.