Среда, 27 Април 2016    PDF Печати Е-пошта
Димитар Мирасчиев

dimitar-marsancievДимитар Мирасчиев (10. VIII 1876 –28. X 1933) е македонски револуционер и војвода, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Со чета учествувал во Илинденското востание во Скопскиот револуционерен округ. По востанието учествувал на конгресите на Организацијата. Бил главен редактор на весникот “Конституционна зарја“ (1908–1909) во Солун. Соработувал со Ј. Сандански и со К. Мисирков. По 1913 година се повлекол од политичкиот живот.

Димитар Мирасчиев е роден на 10 август 1876  година во Штип. Се школувал во Штип, а средно образование  завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1892 година. Своето образование го продолжил на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија, каде завршил хемија во 1896 година.

Во Македонската револуционерна организација влегува покрстен од Даме Груев во учебната 1894/95 година. Во 1895 година, како студент учествува во Мелничкото востание, организирано од страна на Македонскиот комитет. Мирасчиев бил во третиот одред познат како Серската дружина на чие чело се ноѓал војводата дедо Стоју Костов Скрижевски. Во дружината која броела 200 души, од познатите македонски дејци, покрај Мирасчиев, биле уште Марко Лерински, Јане Сандански и Кирил Прличев.

По завршувањето на образованието во 1896 година, Мирасчиев работел како учител во Крива Паланка, Куманово и во Штип. По Виничката афера која започнува во ноември 1897 година, Мирасчиев бил уапсен, осуден на доживотна робија и испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран бил во август 1902 година.

По амнестијата бил избран за кривопаланечки војвода. Во 1903 година, со четата учествувал во Илинденското востание, во Скопскиот револуционерен округ. По задушувањето на востанието, Мирасчиев се повлекува во Софија, каде се приклучува на Македоно - одринската социјалистичка група на Васил Главинов, чиишто главни слогани се „Македонија за Македонците“, „Ослободувањето на Македонија е работа на Македонците“ и сл.

Мирасчиев соработувал со Јане Сандански и Крсте Мисирков. На 23 ноември 1903 година, тој се обидел со Крсте Мисирков, Стефан Дедов и Јордан Ангелов да формира Македонско научно-литературно друштво во Софија, но тоа е спречено од полицијата, а Мисирков бил принуден да избега во Русија. 

Мирасчиев учествувал на конгресите на Организацијата. По Младотурската револуција во 1908 година станал редактор на весникот на санданистите „Конституциона зарја“, кој излегува во текот на 1908 и 1909 година

Во пресрет на изборите во 1912 година, Мирасчиев и Тома Бајалцалиев го финансираат издавањето на весникот на Сребрен Поп Петров „Вистина’.

По поделбата на Македонија во 1913 година, Мирасчиев се повлекол од активниот политички живот. Две децении потоа, починал на 28 октомври 1933 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.