Среда, 18 Мај 2016    PDF Печати Е-пошта
Георги Мучитанов

Georgi MuchitanovГеорги Мучитанов (1882 – 2.VIII 1911) е македонски револуционер од влашко потекло, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Влашето или Касапчето, во Софија го организира романскиот комитет за вооржена борба во Македонија. Тие влегуваат од Македонската револуционарна организација и се борат за ослободување на Македонија Учествува во Илинденското востание, а потоа се бори со андартските чети.

Георги Мучитанов е роден во 1882 година во Крушево, во влашко семејство. Завршува четвртти  клас во румунското училиште во Софија, каде организира романски комитет за вооружена борба во Македонија. Тие влегуваат од Македонската револуционарна организација и се борат за ослободување на Македонија.

За време на Илинденското востание во 1903 година, Мучитанов е во четата на Ѓорче Петров. По востанието станува самостоен војвода и долги годиниа ја води четата во Берско, Негушко и Ениџевардарско. Во 1906 година влегува во Македонија со чета составена од Власи: Косту Дабија, Таки Николов Динчеа и Наум Петрушевски од Крушево, Унчу Дамаш и Георги Гаки Доду од Гопеш, како и Наки Кузман од Маловишта. Во Пајак планина го предава раководството на Михаил Хандури од Ливада.

Во летото 1907 година тој или Георги Касапчето од Месимер заедно со Иван Златанов и Михаил Хандури се среќаваат со Телос Агапинос и Антонис Мингас, кои се обидуваат да ги привлечат на грчка страна и да ги расипат македоно-влашки сојуз во Ениџевардарско. Меѓутоа андартите се заробените и обесени неколку дена подоцна.

По Младотурската револуција во јули 1908 година, Георги Мучитанов, Алексо Стефанов и Трајко Кралев се зафаќаат да се возобноват активностите на Македонската револуционерна организација во Битолско. Во 1909 година, Георги Касапчето и Васил Пуфката го убиваат Јово Јовановиќ, поранешниот деец на МРО, кој се ставил во слуѓба на турската власт.

Во 1910 година Мучитанов учествува во дејноста народната македоно-одринска револуционерна организација, која во фебруари 1911 година се обединува со ВМРО на Тодор Александров.

Георги Мучитанов загинува на 2 август 1911 година заедно со војводите Апостол Петков и Васил Пуфката крај селото Крушари, Ениџевардарско. Телата им се пренесени во Ениџе Вардар, каде се погребани.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.