Среда, 15 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Дејан Димитров - Карпата

dejan dimitrov vojvoda

Дејан Димитров – Карпата (22. III 1873 - 10. IX 1912) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и охридски војвода на ТМОРО. Водел успешни борби со османлиската војска и башибозукот во Охридско. Учествувал во подготовките за Илинденското востание (набавувал оружје), потоа на Смилевскиот конгрес и во низа борби со турскиот аскер. Во пресрет на Првата балканска војна бил уапсен од Турците и жив запален.

Дејан Мицков Димитров – Карпата е роден на 9 март (22 март нов стил) 1873 година во охридското село Лактиење. Не одел на училиште, а тешките животни услови под турската власт ќе го натераат повремено да оди на печалба во Бугарија. Во периодот од 1890 до 1901 година, работел како каменорезец во бугарските градови Варна и Русе. Сам научил да чита и пишува, а потоа се запознава и со книшки со револуционерна содржина.

Во 1901 година станал член на Македонската револуционерна организација. На 6 јули 1901 година, станал комита во новоформираната чета на војводата Тале Горанов, а во 1902 година, бил назначен за подвојвода на војводата Никола Русински, со 9 души четници, кои делуваа во охридска Дебарца.

Во јули 1902 година Дејан Димитров – Карпата бил назначен за војвода на чета, по што водел успешни борби со османлиската војска и башибозукот во Охридско. Четата на Димитров го ликвидира крволочниот сејмен Ризо, како и серија предавници од Охридско.

Во средината на март 1903 година, во екот на подготовките за престојното Илинденско востание, четата на војводата Дејан Димитров била опколена од турскиот аскер во селото Арбиново. Дејан со четата успеал да го пробие обрачот, но во судир со башибозукот загинал војводата Тома Давидов кој заедно со селската милиција во бројност од 80 души пристигнал на помош.

Дејан Димитров – Карпата учествувал на Смилевскиот конгрес (2-7. V 1903). До почетокот на Илинденското востание 1903 година успеал да обезбеди 270 пушки, а потоа учествувал во низа востанички борби, како борбите кај Сирулски рид, Грмешница и други. По задушувањето на востанието, преку Куманово и Врање заминал за Белград, а потоа во Софија, каде пристигнал на 14 ноември 1903 година.

Во 1904 година, хроничарот на илинденските настани професорот Љубомир Милетиќ ги бележи спомените на војводата Дејан Димитров, кој опишувајќи ги деталите од масакрот во Рашанец, ќе раскаже: „Имаше и деца убиени: видов едно дете на 6 месеци од Опеница, отепано. Имаше деца намерно фрлени од карпите, распарчени. Во една пештера имаше заклани жени, цело семејство, 9 души, беа заклани и потпалени со газија. Аскерот помина низ семејствата и однесе се` што можеше да однесе, обесчести се` што можеше да обесчести... Додека се водела борбата семејствата биле в средина, во долината. Турските куршуми паѓале и врз нив. Тие дури и намерно пукаа во невините жени и деца. Иако турски бимбаша им наредил на војниците да не пукаат во жените и во децата, тие не го слушале, а тој и со ремен удирал да престанат да пукаат во долината. Кога видел дека не го слушаат, дигнал раце и натажено извикал: ’Алах, алах’!”.

По засилувањето на српската оружена пропаганда во Македонија, Дејан добил задача со својата чета да дејствува во Велешко. Димитров се вратил во Македонија и од средината на јуни до крајот на 1905 година дејствува во Велешко, а потоа пак се префрлил во Охридско, каде дејствувал како помошник на војводата Патар Чаулев од 1906 до јули 1908 година.

По Младотурската револуција во јули 1908 година, кога Младотурците овозможиле политичка слобода (Хуриет), Димитров се легализирал во родното село. Меѓутоа, овој период траел кратко време и иако функционирал парламентот демократијата не постоела. Младотурците набрзо воведувеле рестриктивни мерки и закони против вооружените чети шротив политичките партии и организации формирани на етничка и верска основа од октомври 1909 година, и работничките штрајкови.

Во пресрет на Првата балканска војна Дејан Мицков Димитров – Карпата, на препад бил уапсен и спроведен во затворот во село Песочани и страшно измачуван, а потоа, заради заплашување на населението, со алка на вилицата, како мечка бил воден по селата каде што војводувал. Според раскажувањето на старите илинденци, тоа што го преживеал големиот охридски војвода за време на измачувањето, не можеле да го издржат ни најсилните мажи.

Најпосле, на 10 септември 1912 година, Дејан Димитров - Карпата го извеле кај месноста Опчелин во атарот на село Песочани, Охридско, го врзале со јаже за половината и го спуштале во вода се додека не се онесвестил. На крај го врзале за стожерот на лисник, го полиле со газја и жив го запалиле. Народот неговото име ќе го овековечи со песна „Ми слезе Дејан војвода“.

(Песна за војводата Дејан Димитров)
Ми слезе Дејан војвода - во исполнение на Кирил Мицкоски, Охрид

Никнала трева зелена,
ми разлистела гората,
ми слезе Дејан војвода /
од славна Славеј планина. / x2

Цела Деб`рца ја прошета,
од очи солзи пророна,
многу мајки тој виде /
во црно сè облечени. / x2

Едно ми пиле долета
на сува гранка застана,
жална ми песна зепеја, /
од луѓе неќе да бега. / x2

Штом војвода го догледа,
лоша му мисла долета,
тргна за Славеј планина /
кај своја верна дружина. / x2

Уште во Славеј не појде,
в раце кај ѕверови ојде,
рацете му ги врзаја, /
кај Опчели го фрлија. / x2

Цела Деб`рца зажали,
старо и младо заплачи,
дека ми Дејан загина, /
млад Дејан, силен војвода. / x2

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.