Среда, 13 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
Мише Развигоров

mise-razvigorov

Михаил (Мише) Развигоров  (28. X 1873 – Штип, 21. III 1907) е македонски револуционер и војвода, деец на ТМОРО и учител. По Виничката афера во 1897 година, тој бил осуден на доживотен затвор и заточен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран е во 1902 г. и учествувал во Илинденското востание. По Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија. Во март 1907 г.,  во борба со османлиска војска, се самоубил во запалена куќа.

Михаил (Мише) Спиро Развигоров  е роден на 28 актомври 1873 година во Штип, во еснафско и револуционерно семејството на Спиро и Донка Развигорови. Неговите браќа Александар и Емануил (Мане) стануваат видни дејци во Македонската револуционерна организација.

Мише завршил трет клас прогимназија во Штип, а потоа учел во педагошкото училиште во Ќустендил. Уште како ученик се одликувал со бурен темперамент. Околу 1893 година учествувал во формирањето на Македонското младешко друштво. Поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен од училиштето и образованието го продолжил во Казанлак, каде го завршил педагошкото училиште.     

Во 1895 година се вратил во родниот град и работел како учител. Истата година се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација (МРО) и станал член на Окружниот комитет во Штип. По избувнувањето на Виничката афера кон крајот на 1897 година, заедно со повеќе членови на Окружниот комитет Мише бил уапсен. За да ги спаси своите другари, тој ја превзел целата вина врз себе и признал дека тој ги вооружувал луѓето, поради што бил осуден на доживотен затвор во Подрум Кале, во Мала Азија.  

Мише Развигоров и другарите, како и нивните семејства, бараат од австрискиот конзул во Скопје да им помогне. Но, Развигоров и другарите останува во затвор се до август 1902 година, кога по повод устоличувањето на султанот Абдул Хамид II била прогласена амнестија.

По излегувањето од затвор, Развигоров извесен период поминал во Бугарија, а потоа со своја чета влегол во Македонија и дејствувал во штипската околија. Мише учествувал во подготовките за востанието, а потоа и за време на Илинденското востание во 1903 година. По задушувањето на Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија.

Во текот на 1904 и 1905 година Мише Развигоров учествувал на повеќе советувања одржани како подготовки за конгресот на МРО. Во јануари - февруари 1904 година, како преставник на Скопскиот револуционерен округ, учествувал на советувањето во Софија, а во јануари 1905 година, како преставник на штипската околија, заедно со Ефрем Чучков, Тодор Александров и Стојан Мишев, Равигоров учествувал на конгресот на Скопскиот револуционерен округ кој се одржал во кратовското село Кнежево. Во октомври 1905 година, Равигоров како преставник на Скопскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Петар Кушев, учествувал на Рилскиот конгрес, прв општ конгрес на Македонската револуционерна организација одржан во Рилскиот манастир. Во 1906 година тој бил избран за член на Скопскиот окружен комитет, а извесно време во неговата чета како секретар бил Тодор Александров.

Во овој период Мише Развигоров се бори против српската пропаганда. Во 1904 година ги казнува предавниците од селото Кокошиње кои ја предале четата на Славејко Арсов на турските власти. Потоа како војвода на штипската околија тој се залагал за подобрување на социјалната положба на населението. Формирал фондови за помош на населението, помагал за откупување на земјата од беговите, ослободување на долговите на селаните и организирал бојкот на населението за плаќање на даноците. Развигоров се стекнал со големаа популарност меѓу населението кое го нарукавала Овчеполски кнез.

Меѓутоа, тој запленува коресподенција која говори за заговор против населението и дејци на организацијата, по што во отсуство влегува во спор со вториот раководител на Скопскиот револуционерен округ Петар Ангелов. Се сомневал и во исправноста на финансиското работење на  штипската револуционерна организација, па во март 1907 година пристигнал во Штип да изврши контрола.  Мише  Развигоров со своите луѓе се сместил во куќа во Исарското маало, но, бил предаден и куќата била опколена од турската војска. Не сакајќи да се предадат, четата започнала борба, по што Турците ја запалиле куќата. Мише Равигоров се самоубил, а во борбата загинале четникот Петар Жабата и членот на градската организација  Милан Крстев.

Со дозвола на турските власти, во присуство на голем број граѓани, Мише Равигоров бил погребан на градските гробишта, до црквата „Св. Спас“. Во знак на сеќавањето на неговото дело, народот испеал неколку песни за Мише Развигоров.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.