Среда, 20 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
Христо Цветков

hristo-cvetkovХристо П. Цветков (1877 - 1934) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по задушување на востанието се бори против вооружената грчка пропаганда во Македонија. Во 1907 година учествува во епската битка на Ножот. Во 1921 година се вклучува во активностите на Македонската федеративна револуционерна организација (МФРО), која за се бори за создавање автономна држава Македонија во нејзините географски и економски граници.

Христо Цветков е роден во 1877 година во костурското село Кономлади. Станува член на Македонската револуционерна организација и во 1900 година заедно со Митре Влаот, Демир од Кономлади, Ванчо од Д’мбени и Веле од Илино, влегува во четата на Коте Христов, кој во меѓувреме се приклучува на Организацијата.

Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по задушување на востанието тој е еден од малкуте дејци кој останува во земјата. Заедно со Митре Влаот се бори против вооружената грчка пропаганда во Македонија. Тој учествува во остранувањето на главните зулумџии во Костурско и ги покажува своите способности во многу борби пред и по Востанието.

По смртта на Митре Влаот во март 1907 година, Цветков е назначен за реонски војвода на Костурскиот револуционерен реон, а негови помошници биле Кузе Поп Димов, Трајко Желевски и Пандо Чулков, додека Тодор Дочев и Трпо Георгиев дејствуваат одделно.

Во 1907 година,Христо Цветков на чело 30 члена костурска чета се придружува на четите на Тане Николов, Христо Цветков, Иван Наумов, Патар Ацев, Мирчеа Најденов, Атанас Попов, Секула Оравдолски и Велко Апостолов Попадиски, кои се концентрираат во Прилепскиот регион за да ги исчистат селата во Бабуна од четите на српската  вооружена пропаганда. Во реонот биле сконцентрирани околу 150 комити и околу 150 души селска милиција.

Предадени од српските агенти, на 14 јули 1907 година, на врвот Ножот, во близина на селото Ракле, Прилепско,  македонските чети се судираат со бројниот турски аскер. По целодневни тешки борби, четите на Организацијата, меѓу кои и четата на Цветков, се повлекуваат во вечерните часови. Во оваа епска битка на Ножот македонските чети загубија 67 борци.

Цветков го одржува духот кај населението и чудесно се спасува многу пати, особено при уништувањето на четата на Пандо Кљашев, на  31 јули 1907 година, кај селото Дреновени. Тој целиот свој живот со себе ги носи тажните спомени за татковината.

Во текот на Првата балканска војна Христо Цветков е доброволец во Македонското-одринско ополчение и како војвода на четата бр. 25 од 14 лица дејствува во Демирхисарско. Подоцна е во Костурската чета и служи во 13 –та Кукушка дружина. Во Втората балканска војна тој е во Здружената партизанска чета на Македонско-одринското ополчение. Цветков паѓа во грчко заробеништво, од каде е ослободен на 4 март 1914 година

Во 1921 година се вклучува во активностите на Македонската федеративна револуционерна организација (МФРО), која за се бори за создавање автономна држава Македонија во нејзините географски и економски граници. Во Тирана, федералистите Христо Цветков, Филип Атанасов, Павел Христов, Ангел Поп Василев и Крум Зограф, стапиле во контакт со членот на ЦК на ВМРО Александар Протогеров, со кого се договараат за заеднички активности.  

На 15 мај 1923 година четите на И. Филев и Христо Цветков водат борба со грчкиот дел во Корештата по што се повлекуваат во Албанија. Потоа живее во Виена каде контактира со Георги Занков, Филип Атанасов и Славе Иванов. По формирањето на ВМРО (обединета) во октомври 1925 година во Виена, чија цел е обединување и сплотување на сите македонски прогресивни сили кои се стремат и борат за ослободување и обединување на Македонија, Христо Цветков станува нејзин член и заедно со Лазар Поповски, во почетокот на 1926 година прават напори да организираат база на партијата во Албанија. Тие го привлекуваат во организацијата македонскиот револуционер Крсто Лондев, од леринското село Неокази,  член на Македонската федеративна организација, кој ги дистрибуира весниците „Македонско дело“ и „Македонска свест“. По наредба на организацијата, на 3 јули 1927 г.  Лондев го убива србоманскиот новинар во Битола, Спас Хаџи Попов, а потоа бил суден и убиен во 1927 г. од српските жандари при обид за бегство. Поради повеќе настани и недостаток на средства се откажува дејноста во Албанија, по што се повлекува во Бугарија.

Нацинал Федералистите (во Цариград Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел Шатев и Наум Терзиовски; во Софија Лазар Поповски, др Филип Атанасов и Христо Цветков; војводи Славе Иванов, Миша Шкатров, Петар Ацев, Христо Апов, Георги Кондов, Георги Гевгелиски и др. Даскалов) уверени дека македонското прашање ќе биде решено во идната балканска федерација, во Цариград решаваат да се издвојат во одделна организација и своите активности да ги спроведат на територијата на Југославија. Во средината 1929 година тие испраќаат до југословенската влада посебна декларација потпишана (29  јуни 1929) во има на ЦК од др. Филип Атанасов и Георги Занков, со која се бара да им се доволи во границите на Југославија да формираат Македонска Национална Револуционерна Организација која треба да го обедини македонскиот народ од трите дела на Македонија, во состав на Југословенската федерација, а истовремено ја известуваат дека веќе имаат свои организации во Виена, Цариград и Софија кои работат на спроведеување на политичките цели. Но, тој е само уште еден безуспешен напор на македонските револуционери за обединување на распарчената земја.

Христо Цветков умира во 1934 година в село Ново Кономлади, Пиринска Македонија, кое до 1934 година се нарекува Нови или Јени Чифлик. Новото име местото го добило по бегалците од село Кономлади, Егејска Македонија, кои тука се доселиле по Втората балканска војна. Во 1996 година во центарот на селото е откриен споменик на војводата.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.