Среда, 10 Август 2016    PDF Печати Е-пошта
Никола Казанџиев

Prez golgota

Никола Казанџиев (23. III 1879 - 19. III 1971) е македонски револуционер, публицист и национален политички деец. Во 1899 година стапил во редовите на Македонската револуционерна организација и активно учествувал во Илинденското востание. Во 1905 година заминал во Аргентина, каде го основал Македонско-одринското братство и бил негов претседател (1907–1908). Во 1924 година, формирал Македонско-бугарска комунистичка група од иселениците од Македонија и Бугарија. Имал свој весник “Народна трибуна“ во Буенос Аирес (1936- 1939), а учествувал и во основањето на Македонскиот комитет за помош на антифашистичките движења (1941).

Никола Георгиев Казаџиев е роден на 23 март 1879 година во Радовиш. Во 1899 година влегува во Македонската револуционерна организација и дал значаен придонес во работата на Организацијата. Тој го организирал револуционерното движење во родниот град и му помагал на Гоце Делчев при упатувањето преку граница во Македонија на чети, курири и оружје, како и при враќањето на луѓето.

Во 1903 година, Казанџиев активно учествува во Илинденското востание, а две години потоа, како и многумина Македонци, во потрага по егзистенција заминал преку океанот, во Јужна Америка.

Во 1905 година, по неколку месеци патување, македонците Никола Казанџиев и Никола Чуков  пристигнале во Буенос Аирес, Аргентина. Таму Казанџиев работел како општ работник и се вклучил на социјалистичкото движење. Во 1907 година, Казанџиев го основал Македонско-одринското браство и бил негов претседател во текот на 1907 и 1908 година.

Од 1907 до 1919 година, Казанџиев е член на Аргентинската социјалистичка партија, а од 1919 година на Аргентинската комунистичка партија (АКП). Во периодот од 1923 до 1930 година Никола Казанџиев е член на Централниот комитет на АКП.

Во меѓувреме, во 1922 година доаѓа до масовно емигрирање на Македонци и Бугари во аргентиските градови Буенос Аирес, Рио де Жанеиро и Монтевидео. Од иселениците од Македонија и од Бугарија, во 1924 година, Казанџиев формирал Македонско-бугарска комунистичка група.

Никола Казаџиев е сопственик на весникот “Народна Трибуна“ кој излегувал во периодот од 1936 до 1939 година во Буенос Аирес. 

За време на Втората светска војна Казанџиев зел активно учество во основањето и во дејноста на Македонскиот комитет за помош на антифашистичкото движење во 1941 година. Во текот на 1942 година, тој го оддржува првиот конгрес на Славјаните во Аргентина.

Во 1948 година се враќа во татковината и се населува во Скопје, Народна Република Македонија. Во почетокот на 1950 година ги пишува мемоарите за Илинденското востание, а во 1963 година се преселил во Бугарија и живее во Софија се до крајот на својот живот.

Никола Казанджиев умира во Софија на 19 март 1971 година, оставајќи спомени.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.