Среда, 24 Август 2016    PDF Печати Е-пошта
Игумен Езекил

EzekiilЕзекил (1836 – 1898) е македонски игумен, борец за македонската кауза и возобновување на Охридската архиепископија. Ученик на лешочкото богословско ќелијно училиште, а во манастирот Хиландар го добил чинот јеромонах. Бил игумен на Лешочкиот манастир „Св Атанасиј“ (1878–1898), кој во тоа време станал економски моќен. Поради неговата борба против бугарската и против српската пропаганда, како и поради неговата заложба за македонската кауза и македонските идеали бил убиен.

Езекил се родил во  тетовското село Глоѓи во 1836 година. Се образовал во лешочкото богословно ќелијно училиште. На 21 година се замонашил во Лешочкиот манастир, а потоа во манастирот Хиландар се стекнал со чин јеромонах. Во 1878 година бил поставен за игумен на Лешочкиот манастир, на чие чело ќе остане се до својата смрт во 1898 година.

Игуменот Езекил поседувал големи организаторски способности и лешочкиот манастир својот зенит во материјална смисла го доживеал за време на неговото игуменување. Во овој период тој успеал да откупи повеќе имоти не само во селата околу Лешок, туку и во Тетово, Гостивар, Скопје и Солун. Со оглед дека турските власти не дозволувале манастирите да купуваат имоти, игуменот купувал на име на неговиот брат Момир, кој подоцна се замонашил и имотот му го подарил на манастирот.

Чесен, побожен и економски моќен, игуменот Езекил во 1889 година го изградил и најголемиот и најубав манастирски конак, во чиј состав е и параклисот посветен на светите Кирил и Методиј.

Игуменот Езекил, кого народот го знае како аџи Зек Илија, се сметал за Македонец. Соработувал со митрополитот Таодосиј Гологанов и се борел за возобновување на Охридската архиепископија. Ваквата определба му пречела на српската и бугарската пропаганда.

Бугарската пропаганда решила по секоја цена да го острани отец Езекил, кој не сакал себеси и верниците да ги прогласи за „Бугари“ и да ги приклучи кон Егзархијата. Отакао ни поткупите ни застрашувањата не помогнале да го остранат македонскиот игумен, тогаш го поткупиле пашата од Ратае да го тргне македонскиот патриот и способен игумен на Лешочкиот манастирот.  

Првично пашата се обидел да го откупи манастирот и му испратил абер на игуменот Езекил да му го продаде манастирот и целиот манастирски имот за еден шиник злато. На тоа игуменот одговорил  дека дава два шиника злато за целиот имот на пашата во полошката нахија со сите кули и ливади.

Ваквиот одговор го налутило пашата кој решил по секоја цена да го ликвидира игуменот Езекил. Тој со своите помошници припремил заседа во која со намамил игумемот. На 30 јуни 1898 година, Езекил бил известен од потплатените измеќари дека аргатите кои работеле на манастирскиот имот наводно се скарале и степале, па дури го запалиле пожнеаното жито, по што тој веднаш заминал да ги смири. Но по пат, кај месноста Млаѓ, игуменот Езекил бил пречекан од луѓе на пашата кои со ножеви го нападнале и убиле.

Веднаш пропагандата тоа го искористила да обвини дека неговото убиство било атак врз српските интереси. Бугарофилите пак за да го остранат сомнежот од себе го погребале со свечености и му направиле великолепен гроб со содветен бугарски наптпис.

Меѓутоа игуменот Езекил бил голем патриот и се чуствувал дека е чистокрвен Македонец, како што се чуствувало неговото семејство и селаните. Ова го потврдува Петар Ритих кој три години по убиството на игуменот Езекил престојувал во Лешочкиот манастир. Во 1901 година рускиот публицист ќе го забележи следното:

„На чело на манастирот мошне долго се наоѓал отец Езекил кој стоел на страна и од српската и од бугарската агитација. Се сметал за чистокрвен Македонец. Прва негова цел била Лешочкиот манастир каде што дошле бугарски агитатори да го убедат да се произнесе себе си и верниците како Бугарин. Освен совети му нуделе големи парични средства, го застрашувале, но отец Егзекил останал неумолив. Агитаторите се повлекле со клевети, а Езекил потоа бил убиен на ѕверски начин“, пишувал рускиот публицист Ритих.

Киворот на големиот патриот, игуменот јеромонах Хаџи Езекил се наоѓа во манастирскиот комплекс во Лешок.

Аџи Зек Илија

Абер праќа паша од Ратае,

До аџи зек Илија во манастир,

Манастирот да му го продаде,

За шиник злато, суво ле злато!

Абер прими аџи зек Илија,

На пашата одговор му прати:

„Слушај, вамо, пашо од Ратае:

Ја ти давам два шиника злато

За све имот у Полошка наија,

сол сите кули и зелени ливади!"

Се наљути паша од Ратае,

Го поткупи Столета Жилечки

Да го викне аџи зек Илија

Се плашеше од skarale,

Се скарале, па се затепале,

Јас ќе одам!

Се излажа Аџи Зек Илија

Крст ми зеде, мантија облече

Низ Сливово поита сокаче,

Да стигне, аман, да се argati.

Когај дојде до Долни Ливаде

Од свите страна на Ади sardisan!

Никој не смее глава да му земе

Дури на грди крстот му стои!

Моли се на бога Ади Зек Илија -

Клети анџари ми го пробија –

Тогај испушти душа страдална

Под лешникот у Долни Ливаде

Се расчуло по цела наија

Slaughtered е Аџи Зек Илија!

Когај чу кубур Симо Варварски

Фрли коса горе Јеленчица

Па дотрча во долни ливади,

Го подигна аџи зек Илија

Ми го покри со црна мантија

Па го дигна на плеќи јуначки

Ми го однесе Лешечки манастир:

Соградија железна ограда

Го погребаја Долни Сараи

Со Кирила заедно Пејчинович.

Извор: И. Петрушевски, Б. Светозаревиќ, Лешочкиот манастирски комплекс, Скопје, 2001
Следно ↑ Б. Светозаревиќ, Осврт кон националната дејност на игуменот Езекил во Лешочкиот манастир (1878–1898), „Гласник на ИНИ“, 42/2, Скопје, 1998

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.