Среда, 21 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Војвода Георги Зимбилев

Georgi Zimbilev

Георги Зимбилев (1847 - 1883) е македонски револуционер, ајдутин и војвода, учесник во македонското национално-ослободително движење. Во 1878/1879 година учествува во Македонското востание, а по убиството на Стојан Карастоилов бил назначен за самостоен војвода.

Георги Зимбилев е роден во 1847 година во серското село Горно Броди, Егејска Македонија. Неговиот татко бил ајдук, а и тој станал ајдук во четата на војводата Коста Георгиев Куков - Кукето од егејското село Лакос. Четата на Кукето учествувала во Македонското востание (Кресненско востание) како дел од одредот на Стојан Карастоилов и дејствувала во Неврокопско. По убиството на Карастоилов, тој станал самостоен војвода.

Во пролетта 1880 година, војводата Георги Зимбилов влегува со четата во Горно Броди. Откако била поставена стражата, по повод празникот Светол Петок, кој се чествувал првиот петок по Воскресението Христово, Зимбилев со неговите најблиски влегле во црквата. По завршувањето на службата, неговиот брат Димитар ги изгорел грчките богослужбени книги, а потоа ги натерал гркоманите да се заколнат пред иконата на Св. Кирил и Метој дека нема да ги попречуваат македонските црковно-училишни општини и македонската богослужба. Четата потоа по завршувањето на славеничкиот ручек се повлекла во планините.

Поради овој настан, властите го испратиле черкезот Хаџи Јусуф со 70 лица черкезки коњаници за да ја уништи четата. Хаџи Јусуф ги уапсил најблиските на војводата и другите комити од Горно Броди. Од семејството на војводата Зимбилев биле уапсени неговиот татко дедо Зимбил, неговата мајка, браќата Димитар, Марин и малолетниот Крстју, неговата жена, сестрите Иванка и Калина, малолетната девојка и 18 други жени. Дедо Зимбил добива удар и умира, а останатите се затворени во Сер.

Инаку, Георги Зимбилев бил оженет за ќерката на Димко Хаџи Иванов и сестра на Димо Хаџи Димов. По две недели неговото семејство било преместено во Крвавата кула Камлакула во Солун (Белата кула), каде што умираат мајката на Зимбил војвода, сестра му Иванка и малолетната сестра. Жена му, сестра му Калина и неговите браќа Димитар и Крстју по 4 месеци биле ослободени, но брат му Марин лежел три години во Солун. Кметот на селото хаџи Атанас Перухов бил фрлен во Серскиот затвор, а за кмет бил поставен гркоманот Тодор Попандонов.

На 7 април 1882 година Георги Зимбилев му поставил заседа на Хаџи Јусуф помеѓу селата Караќој и Крчово. Во борбата која се развила тој ги убил сите 13 черкези, а од неговата чета загинале Димитар Бунев од Балдево и Илија од Заграде. По битката четата отстапила кон Долно Броди, Старчищта и Калапот и истата есен се повлекла во Бугарија. Поради убиството на Черкезите биле приведени и фрлени во затворите во Демир Хисар и Сер близу 100 лица првенци и случајни луѓе од селата Крушево, Крчево и Караќој, кои таму биле подложени на нечовечки искушенија. Едни од нив биле осудени доживотно, други на 20, 10 и 8 години затвор.

Во летото 1883 година Георги Зимбилев се појавува со својата чета во Серско. На 5 јули истата година е опкружен во месноста Криви дол крај Долно Броди од 500 души аскер, башибозук и насилно мобилизирани Македонци. Во борбата од вкупно 33 четници, загинале 28 од нив. Меѓу жртвите бил и Димитар, братот на војводата Зимбил. Иако ранет во борбата, Зимбил тргнал во напад и го раскинал обрачот и со преживеаните другари се повлекол во планината Боздаг (Драмски Боздаг).

По извршеното предавство во 1883 година Георги Зимбилев бил убиен. Според Георги Баждаров постојат различни верзии за неговата смрт.

Според едната, откако се одвои од својата чета е убиен од гркофилите кај манастирот "Св. Јован Претеча" кај село Лакос. Според другата, починал откако бил тешко повреден по претепувањето со дрвја од гркомани во Пирин.

Неговото име е воспеано во фолклорот.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.