Среда, 28 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Атанас Свештаров

atanas-svestarovАтанас Николов Поп Василев (23.II 1847 – 12. III 1930) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во борбите за национално ослободување  на балканските народи и против грчката пропаганда. Бил член на Македонската револуционерна организација и во неговиот дом се одржала последната средба на Гоце Делчев и дејците на Серскиот револуционерен округ, пред заминувањето за Баница. Во текот на живот се занаимавал и со правење на свеќи, па бил наречен Свештаров.

Атанас Николов Попвасилев е роден на 23 февруари 1847 година во серското село Горно Броди, Егејскиот дел на Македонија. Живее и работи во Серес. а во 1867 година, дваесетгодишниот Атанас заминал за Света Гора, од каде преку Цариград, стигнал во Одеса, Русија. Извесен период работи како пекар и потоа заминал за Бесарабија.

Во летото 1868 година, на повик на славјанските браќа, бугарските револуционери Хаџи Димитар и Стефан Караџа, кои бараат доброволци за ослободување на нивната земјат од турско ропство, Атанас заминал во Влашко, но веќе четата се префрлила преку Дунав. За да се издржува, Атанас работи во Костанца, Меџидија и село Тополово, Добруџа, а во 1873 година на изградбата на нова железничка линија во село Кадиево, Пловдивско. 

Во  1875 година, Атанас заминал за Херцеговина за да земе учество во босанско-херцеговското востание против османлиските власти. Меѓутоа бил уапсен во Србија и вратен во Романија, каде почал да работи како бојаџија во Турну Магуреле. Меѓутоа, кога било во прашање борбата за слобода на поробените христијански славјански народи, овој македонски интернационалист не мирува.

Во тоа време почнало собирање на доброволци за четата на Христо Ботев, па Атанас се пријавил како доброволец. По преминувањето на преку Дунав на 16 мај 1876 година, тој учествувал во сите борби кои ги води четата се до смртта на Ботев на 1 јуни 1876 година. Потоа, заедно со македонецот Тодор Стојанов од Неврокоп и другите востаници, заминал за Стара планина, каде четата била уништена. Атанас и други биле затворени во Софија се до општата амнестија.

Атанас по ослободувањето се вратил во Сер, каде играл видна улога во борбата против грчката пропаганда. Тој се вклучува  во црковно-училишната борба и заедно со учителот Петар Сарафов, татко на Крсто и Борис Сарафов, ја започнуваат борба со фанариотите за воспоставување црковно-училишна општина во која барале да се богослужи и учи на славјански (македонски) јазик. Во заострените односи со грчкото духовенство, Свештаров при крштевката на својата прва ќерка Олга, го избркал грчкиот свештеник.

Свештаров потоа се приклучил кон Македонската револуционерна организација и неговиот дом станал место за средби и прибежиште на македонските револуционери. Во неговиот дом се одржала и последната средба на Гоце Делчев и дејците на Серскиот округ, пред заминувањето за Баница. Поради своите активности против фанариотите, како и активностите во Серскиот револуционерен округ, тој бил следен, како од турските власти, така и од Грците. И двете страни сакале да го елеминираат, така да врз него биле извршени повеќе неуспешни атентати.

Првата и Втората балканска војна (1912 - 1913), како и Првата светска војна (1914 – 1918 ) го променил животот на многу македонски семејства кои морале да емигрираат. По потпишувањето на Букурешкиот мировен договор во 1913 година и поделбата на Македонија, Атанас со семејството се преселил во Пловдив, а подоцна во Ксанти.

Во 1919 година, по окупацијата на Ксанти од страна на грчката армија , Свештаров одново со семејството се преселил во Бугарија. До крајот на животот живее мирно во бугарскиот град Станимах (кој од 1934 се преименува во Асеновград – н.з), каде се занаимавал со правење на свеќи, па бил наречен Свештаров. 

Атанас Свештаров умира на 12 март 1930 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.