Среда, 05 Октомври 2016    PDF Печати Е-пошта
Јонко Вапцаров

Yonko Vaptsarov IMARO BanskoИван (ЈОНКО) Проданичин Вапцаров (1861/1880 – 21. I 1939) е македонски револуционер и војвода, деец на македонското ослободително движење, татко на Никола и Борис Вапцарови. Во 1896 година станува член на ТМОРО, а од 1901 година е секретар на револуционерниот комитет во Банско. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по Востанието бил затворен во Солун. Амнестиран е по Младотурската револуција во 1908 година. По убиството на Тодор Александров бил припадник првин на ВМРО на Иван Михајлов, а потоа на Александар Протогеров.

Јонко Вапцаров е роден во Банско, Пиринскиот дел на Македонија. Неговиот татко Никола Проданичин кој е учесник во македонското ослободително движење бил уапсен и во 1905 година убиен во турскиот конвој на пат за Солун во месноста Св. Ѓорѓи крај Банско.  Јонко кој е воспитан во револуционерен дух завршува 6 клас во Банско и се вклучува во македонското ослободително движење. Во 1893 година учествува во првата екскурзија на младината од Банско во Пирин каде Македонската револуционерна организација ги обучува да стрелаат. 

Во 1896 година Јонко влегува во ТМОРО, а во 1901 година станува секретар на Банскиот револуционерен комитет. Во текот на 1901 година, заедно со Јане Сандански, учествува во разоружувањето на врховистот на дедо поп Најден во село Србиново и во аферата „Мис Стон“. Во 1902 година станува војвода на чета во родниот крај, а во 1903 година учествува во Илинденското востание. По востанието тој е упасен и лежи во затворот во Солун. Ослободен е дури со амнестијата по Младотурската револуција во 1908 година.

За време на Првата балканска војна, Јонко Вапцаров е војвода на чета на Македонско-одринското ополчение. Зборната чета на Иван Вапцаров, Христо Чернопеев, Пејо Јаворов и Лазар Колчагов ги ослободува Банско, Мехомија и Кавала. Подоцна Вапцаров служи во 13-та кукушка дружина. Веднаш по ослободувањето на родниот крај во 1912 година бил назначен за околиски началник на Разлошката околија.

Јонко Вапцаров станал личен пријател со бугарскиот цар Фердинад I и во 1916 година, за време на Првата светска војна, за да го разреши неговото имотно прашање, патува за Цариград. Во октомври 1917 година, на пат за Македонскиот (Солунски) фронт, во куќата на Јонко ноќевале  бугарскиот цар Фердинад I (1887 - 1918) и германскиот кајзер Вилхем II (1888 - 1918). По војната, Јонко одржува добри односи и со бугарскиот цар Борис III (1918 - 1943), кој на власт доаѓа во октомври 1918 година.

Vapcarov mihailov

По Првата светска војна, во 1919 година, Вапцаров учествува во создавањето на ВМРО (автономистичка). Организацијата во чиј Централе комитет се Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев се залага за автономија на Македонија Во 1921 година Јонко е избран за помошник градоначалник на Банско.

По убиството на Тодор Александров во август 1924 година и преземањето на раководењето со организацијата од страна Александар Протогеров и Иван Михајлов, тој застанал на страна на десницата. Во 1926 година тој е полномошник на ЦК на ВМРО. 

Меѓутоа по убиството на Протогеров во јуни 1928 година и редица други македонски патриоти, Јонко влегува во отворен конфликт со Михајлов. Во пролета 1929 година, михајловистите прават обид за убиство на Вапцаров. За да ги избегне постојаните закана по живот, Јонко заминува од Бугарија и извесен период живее кај свои роднини во Њу Јорк. Во Бугарија се враќа во 1930 година, но заканите продолжуваат и во 1933 година е киднапиран од михајловистичка чета, но е ослободен по 19 – то мајскиот државен удар во 1934 година.

Јонко Вапцаров умира на 21 јануари 1939 година во Софија. Тој е татко на комунистичките дејци браќата Борис и Никола Вапцарови. Неговиот син Никола е прочуен македонски поет кој творел на други јазици. Денес куќата во која живеел Јонко со семејството во Банско е музеј посветен на живот и делото на синот на Јонко – поетот Никола Вапцаров.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.