Среда, 26 Октомври 2016    PDF Печати Е-пошта
Наум Томалевски

Naum Tomalevski IMROНаум Томалевски (14.IX 1882 – 2. XII 1930) е македонски револуционер и учител, виден деец на Македонската револуционерна организација. По расколот во ВМРО бил прврзаник на протогеровистите. Се користел со псвдонимите Летник, Н.Дреновски, Смиле, Лоенгрин кој според легендите е чувар на Светиот грал - Македонија.

Наум (Нуне) Христов Томалевски е роден на 14 септември 1882 година во Крушево, во мијачко семејство. Татоко му Христо Димов Томалевски е предприемач со потекло од Галичник, а неговата мајка Коца Георгиева била од Гари. Неговиот брат е познат писател есеист, романсиер и публицист Георги Томалевски (1897 - 1988), деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација.

Своето образование Наум го започнал во Крушево, каде завршил трето одделение, а потоа заминал со татко му на печалба во Софија, каде заврпил петти клас. Образованието го продолжил во Битолската класична гимназија. Во градот на конзулите, тој се запознал со револуционерните дејци Георги Поп Христов, Ѓорѓи Сугарев, Георги Пешков. Во 1901 се вклучил во Македнската револуционерна организација откако успеал преправен како селанец да го внесе Гоце Делчев кај Даме Груев кој од август 1900 година, по Попставревата афера, бил успасен и лежел во Битолскиот затвор.

Поради аферата Наум бил принуден да избега во Бугарија. Во Софија се запознал со социјалистот Васил Главинов и брат му Лазар Главинов, како и со Пејо Јаворов на кого му помага во издавањето на револуционерниот весник „Дело“ (1901 - 1902), кој ги брани позициите на Организацијата и се залага за автономија на Македонија .

Во 1902 – 1903 година, Томалевски учи во педагошкото училиште во Скопје, каде учествува во ученичкиот револуционерен кружок.

Во јуни 1903 година влегува во Крушевската чета на Македонската револуционерна организација, со која учествува во Илинденското востание во Крушевско. Во домот на неговите родители во Крушево се прогласува Крушевската република, која денес е музеј. По востанието останува во Крушево како учител и член на околискиот комитет на Организацијата и работи на обновување на револуционерната мрежа.

По предавство од гркомани, Наум бил прогонуван од властите, поради што бега во Бугарија, каде работи како учител во Оряховско, а потоа во Козлодуј и Белослатинско. Во меѓувреме се запишал на Софискиот универзитет, а стекнал со степен, диплома по филозофија во Лозана и Фрибур, Швајцарија.

Балканската војна во 1912 година го затекнала во Киев, каде што сакал да го продолжи своето образование. Томалевски се вратил Бугарија, но изборната комисија го одлага во 1913 година и тој станува учител во Ќустендилската гимназија, а потоа службеник во Генералниот директорат на статистиката. Во Првата светска војна завршил школа за резервни офицери и бил назначен за кмет на Крушево.

По Првата светска војна, Томалевски е меѓу оние македонски дејци, кои се обидуваат да ги обноват македонското движење. На 3 февруари 1920 година заедно со Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, доктор Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев, Аргир Манасиев и други учествува во состанокот на кој се донесува одлука за враќање на четничко дејност во Вардарска и Егејска Македонија. Испратен е од ВМРО на специјална мисија во Западна Европа.

Во 1923 година Наум Томалевски е меѓу членовите основачи на Македонскиот научен институт, а во август 1924 година Томалевски собира материјали за мемоари за положбата на македонскиот народ во грчка и српска Македонија и го депонира во Општеството на народите. Всушност, по убиството на Тодор Александров (31.08. 1924 г.), во домот на Спиридон Велев се среќаваат Александар Протогеров, Георги Баждаров, Кирил Прличев и Наум Томалевски и решаваат мемоарот да носи датум август и потпис на Александров за да истиот биде однесен во Женева од Томалевски. Милев, Баждаров и Томалевски изработуваат текст дека неспроведувањето на договорите за малцинствата и недостатокот на патиштата за легална борба, води кон илегални акции:

„Во перипетиите кои го потресоа Балканот, историската мисија на ВМРО од четвртина век била да го брани македонското население и да се бори за мир и слободно развој. Еве зошто таа ќе биде првата која ќе поздрави пресвртот во внатрешната политика на Југославија во однос на Македонија ќе биде среќна да помога како легална партија за заздравувањето и развојот на една федерална југословенска држава со цел конфедерирането на сите балкански народи, во кое обединета Македонија ќе се вклучи како предан член. Исполнувањето на овие скромни барања, што би требало да го интересира Општеството на народите, а особено земјите во кои Србија презеде морални обврски, би било доволно за враќањето на мирот во Македонија и на Балканот. Но ако Белград и Атина продолжуваат да продлабочуваат своите грешки и ги откажат на Македонците елементарните права кои им се даваат со договорите, Внатрешната организација откако ги известила владата и јавното мислење на сите демократски земји, ќе продолжи со удвоени сили и со сите средства своите напори за победата на својот благороден идеал за мир, слобода и разбирање на Балканот, кој не е напуштен и во најкритичните моменти, како и предупредува дека нема да биде одговорна за компликациите кои можат да се случат на Балканот поради непочитувањето на правата на Македонија.“

На Шестиот конгрес на ВМРО во февруари 1925 година Томалевски е избран за член на Задграничното преставништво на ВМРО заедно со Кирил Прличев и Георги Баждаров.

Томалевски пишува во "Народност", "Вардар", "Македонија", "Седмична зора". Дел е од редакцијата на списанието "Македонија". Во јануари 1924 година, Александар Протогеров и Наум Томалевски имаат средба во Лондон со хрватскиот политичар Стјепан Радиќ, како го охрабруваат за заедничко делување на ВМРО и хрватската опозиција во Југословенската собрание. Заедно со Георги Баждаров и Јордан Ѓурков прават турнеја во Европа во мај 1925 година. Во Австрија успешно договараат заеднички активности против Југославија со австрискиот министер, унгарскиот премиер и со претставници на италијанската влада.

По убиството на Александар Протогеров во 1928 година Томалевски застанува на страната на протогеровистите. Иван Михајлов издава наредба за убиство на Наум Томалевски и на 2 декември 1930 година Томалевски е застрелан во дворот на својата куќа на улицата "Руен" бр. 23 од Владо Черноземски и Андреј Манов.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.