Среда, 02 Ноември 2016    PDF Печати Е-пошта
Божидар Татарчев

pecat-na-ckБожидар Андреев Татарчев (9. XII 1870 - 26. X 1940) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, масон и хирург. Медицина завршил во Берлин (1892), а хирургија специјализирал во Париз и Лондон. Активно соработувал во Балканскиот комитет, основан во Англија (1903) за да ја запознава светската јавност со положбата на македонскиот народ под Турците. Бил активен во Сојузот на македонските емигрантски организации, а како хирург работел во Софија (1905-1922), а потоа во Битола до 1926 г..

Божидар Татарчев е роден на 9 декември 1870 година во Ресен, во семејството на Андреј Татарчев. Негови братучеди се Христо и Михаил Татарчев, исто така активни дејци на Македонската револуционерна организација.

Основното образование Божидар го стекнал во родниот град, а во 1882 година заминал со братучед Христо Татарчев во Пловдив каде завршиле гимназија. Во 1887 година, двајцата братучеди заминале во Цирих, каде студирале медицина. Студиите потоа ги продолжиле на Универзитетот „Фридрих Вилхем“ во Берлин. И двајцата дипломирале во 1892 година, а потоа полагале државен испит во Цариград, по што се стекнале со право да практикуваат лекарска пракса во целата Отоманска империја.

Во 1892 година д-р Христо Татарчев бил назначен за лекар во машката гимназија во Солун, а д-р Божидар Татарчев за училишен лекар во Скопје. Но, набрзо Божидар заминал за Париз, каде во периодот од 1893 до 1895 година специјализира гинекологија и хирургија. Божидар потоа ја продолжил сапецијализацијата во Англија, каде се усовршувал околу десет години, до 1905 година. Во овој период, покрај професионалното усовршување, тој развил широка општествено револуционерна дејност.  

Д-р Божидар Татарчев ја преставувал Македонската револуционерна организација и активно соработувал со Балканскиот комитет, формиран во Лондон во 1903 година. Основната цел му била да ја запознае светската јавност со положбата на македонскиот народ под Турците и со револуционерната борба на Македонската револуционерна организација.

Во текот на 1903 и 1904 година, по задушувањето на Илинденското востание, како преставник на македонски народ тој говори на многубројни митинзи на Балканскиот комитет во Англија, како и на меѓународниот митинг во театарот „Сара Бернар“ во Париз на 12 октомври 1903 година.

Во 1905 година, дошол во Софија, каде ми помагал на американскиот новинар Артур Смит да влезе со чета во Македонија. Од 1905 до 1922 година, Божидар работел како хирург во Александровската болница, а за време на Балканските и Првата светска војна тој е се наоѓал на фронотот како воен хирург.

На основачкиот собир на македонските бегалски братства, кој се одржал од 22 до 25 ноември 1918 година во Софија, тој бил избран за потпретседател на Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Во февруари 1919 година Комитетот испратил до Париската мировна конференција "Мемоар", во кој се бара присоединување на Македонија кон Бугарија или Самостојна Македонија под покровителство на големите сили. С-р Божидар Татарчев ги застапувал позициите на обновената ВМРО автономистичка на Тодор Александров.

Во октомври 1920 година на Вториот голем собор д-р Божирад Татарчев е избран за член на Извршниот комитет на Сојузот на македонските братства заедно со д-р Иван Каранџулов, Никола Стојанов, Христо Станишев, Наум Томалевски, Никола Дишков, Петар Глушков, Јаков Јанков, Славејко Матов и Христо Попов.

Во 1924 година д-р Божирад Татарчев се вратил во својот роден крај, кој се наоѓа под власт на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Првично живеел во Ресен, а потоа во Битола, каде што почнал да ја практикува лекарската професија во локалната католичка болница. Станал многу популарен меѓу сонародниците. Меѓутоа, српските власти го засилиле притисокот врз него и во август 1926 година не му дозволуваат да продолжи со лекарската пракса. Во инцидент при тешка операција го изгубил видот на едното око.

Д-р Божидар Татарчев под притисок на српските власти бил принуден повторно да бега од својата родна земја во Бугарија, каде потоа работел до пензионирање како окружен лекар во Ќустендил. Починал на 26 октомври 1940 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.