Среда, 09 Ноември 2016    PDF Печати Е-пошта
Кузман Сотировски – Чокалија

Sotirovic-KuzmanКузман Сотировски (срп. Ситировиќ) – Чокалија (16.X 1908 – 25. VII 1990) е македонски фудбалер и прв македонски олимпиец кој играл за Кралството Југославија (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците до 1929 г). Фудбал почна да игра во подмладокот на Белградскиот спорски клуб (БСК), а во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец. Познат како Чокалија, тој ги бранел боите на Белград и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 - 1931), за која постигнал два гола.

Кузман Сотировски е роден на 16 октомври 1908 година во тетовското село Стенче. Тој имал тројца браќа кои во 1913 година заминале на печалба во Белград, каде отвориле фурна и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на родното место му донел на Кузамн топка, која ја купил во Букурешт. Таа била првата топка во селото и првото искуство.  

Љубовта кон топката продолжила и по доаѓањето во Балград, каде младиот Кузман почнал да игра фудбал во подмладокот на Белградскиот спортски клуб (БСК). Набрзо влегол во првиот тим и во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец во лигата (шест гола од пет натпревари). Четири пати со својот тим го освојувал првенството на Југославија.

Кузман бил со низок раст и осредни физички карактеристики. Како играч на напаѓачката тројка (водач на нападот), тој најчесто играше од "втората линија", каде како добар техничар вешто ги избегнувал судирите со противниците и итро ги наоѓал најдобрите решенија. Ведрата  природа на итриот Кузма се одразувала во неговата игра и спортскиот дух на теренот.

Кузман Сотировски – Чокајлија ги бранел боите на градската селекција на Белград на 19 натпревари и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 - 1931), за која постигнал два гола. Всушност, тој е првиот Македонец кој заиграл за репрезентацијата на Кралството СХС, потоа Југославија, и првиот фудбалер од Македонија кој учествува на Олимписките игри.

Првапат за репрезентацијата Кузам играл заедно со уште четири дебитанти, на натпреварот Југославија – Романија, кој се одиграл на 6 мај 1928 година во Белград за Куп на пријателски земји.  На напреварот во кој Југославија победила со 3:1 (3:0), тој дал два гола.  Истата година, со репрезентацијата учествува на Олимписките игри во Амстердам, каде по поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од понатамошното натпреварување.

Својот последен натпревар за репрезентацијата на Југославија, Кузман Сотировски – Чокајлија го одиграл на 4 октомври 1931 година во Софија, на Балканскиот куп, на кој Југославија беше поразена со 3:2.

Инаку, Кузман  Сотировски – Чокајлија, по завршување на првенството 1927/1928 година, како најдобар голгетер заминал да игра во Франција. Тој играл за францускиот фудбалски клуб ФК Сет (1928-1932), а потоа во СК Монпелје. По престанувањето со активната игра, Кузман останал да живее во Париз.

Кузман  Сотировски – Чокајлија умира на 25 јули 1990 година во Париз, во 82 година. Неговите посмртни остатоци се погребани на Новите гробишта во Белград.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.