Среда, 23 Ноември 2016    PDF Печати Е-пошта
Науме Спасев Банџо

den-na-makedonska-revolucionerna-borba

Науме Спасев - Банџо (1904 – 15. VIII 1942) е македонски револуционер, синдикален и партиски деец во Романија, Куба, Франција, Белгија и Македонија. Во 1937 година, заминува за Шпанија, каде како македонски доброволец, се борел во Граѓанската војна за одбрана на Републиката. Станал поручник на Шпанската републиканска армија, а по поразот на неговата бригада тој се вратил во Белгија, кај семејството. По фашистичката окупација на Македонија се вратил во Охрид и се поврзал со партиската организација.

Науме Спасев е роден во 1904 година во Битола, во охридското семејство на Наум и Ленка Банџова, кое во тоа време живееле во градот на конзулите. Две години по неговото раѓање, многучленото семејство Банџови се враќа во Охрид, каде Наум расте во скромни услови. Во текот на Првата светска војна, Наум завршил само трети клас, а потоа почнал да работи како рибар и се занимавал со земјоделие.

Во 1921 година, тешкиот живот ќе го натера Науме да замине со помалиот брат Јонче на печалба во Романија. Три години потоа, во есента во 1924 година, заминува на печалба за САД, преку Куба. Во Куба работи до пролетта 1925 година, кога заедно со група од четириесет души се обидел да влезе илегално во САД. Меѓутоа, групата била откриена во близина на брегот на Флорида и уапсена од амеркианската крајбрежна патрола. Науме бил уапсен и по пет-шест неделеи поминати во затвор, бил депортиран во Куба, а потоа во Франција, каде е ослободен.

Науме одлучил да остане во Франција и се населува во гратчето Ла Палис. Тој работи како општ работник во ортомаџиска фабрика, а потоа во железарска фабрика. Во 1928 година како француски работник станал член на синдикатот, а во 1931 година и член на Кумунистичката партија на Франција (КПФ). Поради своите активности бил прогонуван и затваран од француските власти. Во 1927 година бил прогонет во Белгија, а во 1928 година трајно се населил во Брисел, каде во 1932 година засновал семејство.  

По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, тој активно се вклучува во организираното испраќање на доброволците од Југославија, Бугарија и Советскиот Сојуз. Неговиот дом во Брисел станала база преку која минале голем број интернационални борци.  Во 1937 година, тој решава и самиот да замине во Шпанија, каде се приклучува на интернационалните бригади и се бори како македонски доброволец за одбрана на Републиката. Тој се истакнал во борбите на Мадридскиот и Теруелскиот фронт и бил унапреден во чин поручник на Шпанската републиканска армија. Во 1938 година, по поразот, неговата бригада се повлекла во Франција, а тој сериозно болен се вратил во Белгија, кај семејството.

Науме Спасев – Банџо по подолг престој во странство има намера да се врати во Охрид. Но, откако амбасадата во Брисел на тогашните југословенски власти го известува дека ако сака да се врати во Југославија ќе мора да отслужи воен рок три години, тој со својата жена се преселува во Софија, каде станува член на Куминистичката партија на Бугарија (БРП).

Во текот на Вората светска војна, по фашистичката окупација на Македонија, Науме се поврзал со партиската организација во Македонија. По влегувањето на германските и бугарските трупи и окупацијата на  Вардарска Македонија, во јули 1941 година, Науме Спасев – Банџо доаѓа во Охрид и се среќава со Петре Пирузе. Месец дена потоа, кон крајот на август 1941 година, тој се враќа во Софија каде продолжува со партиската илегална активност.

Во пролетта 1942 година, поради силни стомачни болки, Науме бил опериран од чир во стомакот, при што бил констатиран рак. Набрзо потоа, тепко болниот шпански борец заминал за Охрид, каде во татковиот дома ја изгубил последната битка.

Науме Спасев – Банџо,  уште познат под псевдонимите Спас, Банџов и Банџович, умира на 15 август 1942 година во Охрид.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.