Среда, 14 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
Димитар Гуштанов

Dimitar Gushtanov IMARO

Димитар Гуштанов (1876 - 4. V 1903) е македонски револуционер и војвода на ТМОРО. Завршил Педагошко училиште во Сер и Духовна семинарија во Самоков, а подоцна и право во Лозана (Швајцарија). Работел како учител во село Старчишта (Неврокопско) и бил професор во Педагошкото училиште и прв директор на Гимназијата во Сер. Прво пристапил во четата на Михаил Чаков, а потоа бил драмски околиски војвода на ТМОРО. На враќање во с. Баница на Гоце Делчев му се придружила и четата на Д. Гуштанов, со кого заедно загинале во борбата со османлиската војска. Селаните ги погребале еден до друг во ист гроб.

Димитар Атанасов Гуштанов е роден во 1876 година во селото Крушево, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија. Израснат во патриотско учителско семејство, Димитар тргнува по стапките на својот татко учителот Атанас Гуштанов. Ги завршил Педагошкото училиште во Сер и Духовната семинарија во Самоков, по што бил учител во Неврокопското село Старчишта. Подоцна заминува за Лозана (Швајцарија), каде завршува право во 1898 година.

Истата година, по враќањето во земјата, Гуштанов работи како учител во градот Кочани. Во наредната 1899 година, тој бил назначен од Егзархијата за главен учител на егзархиското класно училиште во Петрич. На оваа должност Гуштанов останува се до 1901 година, а потоа бил назначен за професор во Педагошкото училиште и прв директор на Гимназијата во Сер.

Во меѓувреме, уште во 1899 година Димитар Гуштанов се приклучил на Македонската револуционерна организација. Набрзо бил избран за околиски раководител на градот и под негово раководство во повеќе села во Петричко се формираат комитети на Организацијата.

Во септември 1902 година, поради прогон од османлиски власти, Гуштанов го напушта учителствувањето и преминува во илегала. Првично пристапил во четата на Михаил Чаков, а потоа бил назначен за член на Серскиот револуционерен комитет. Гоце Делчев го назначува за инспектор на четите од овој револуционерен округ.

Извесно време Димитар Гуштанов ја извршува дадената задача како инспектор на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО. Во февруари 1903 година тој е назначен за драмски војвода и учествува на советувањето во село Караќор, Неврокопско.

На Серското советување, по повод Солунското решение на ТМОРО за кревање на востание, Димитар Гуштанов заедно со војводата на Демирхисарската чета Илија Крчовалијата, Неврокопската и Мелничката чета, кои располагале со околу 80 комити и 200 младинци пријавени за идни комити, ја дочекале четата на Гоце Делчев.

На ова советување, со кое раководел Гоце Делчев биле: Димитар Гуштанов, Атанас Тешовалијата, Дедо Иљо Крчовалијата, Јане Сандански, Христо Куслев, Михаил Чаков, Пејо Јаворов, Иван Атанасов Грчето и др. На една затворена средба помеѓу Делчев, Јаворов, Гуштанов и Сандански било договорено да се вложат усилби за измени на Солунското решение, алудирајќи на карактерот на дејствата.

Во март 1903 година Гуштанов учествува во рушењето на мостот на реката Ангиста (Драматица), на железничката линија Солун – Цариград, а по советувањето во Караќор, Гоце Делчев заминал за Солун на средба со Даме Груев. На враќање во селото Баница му се придружила и четата на Димитар Гуштанов со кого заедно на 4 мај 1903 година загинале во борба со османлиската војска. Селаните ги погребале еден до друг во ист гроб на полјаната под големо брестово дрво.

Во борба со турските аскер во селото Баница, Серско, загинуваат и четниците на Гуштанов:  Евстати Арнаутчето, Стефчо од Трлис и Конзулот од Волак, а Георги Савеклијата е тешко повреден и уапсен од Турците. Лазар Томов пишува за Гуштанов во Илустрација Илинден:

„И како само тој можеше да почива до најголемиот македонски син - Гоце. Делото на Димитар Гуштанов повторно воскреснува и ќе ја буди свеста во младите генерации...“

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.