Среда, 28 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
Анастас Митрев

anastas-mitrev

Анастас Митрев (1884 - 1952) е македонски деец, учител и борец за македонската самостојност. Учествувал во Младотурската револуција и бил делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид. Во 1911-1912 година во Солун го редактирал весникот "Учителски глас", орган на организацијата на македонските учители. По балканските војни заминал во емиграција, каде што, имал забележително учество во активностите на Временото претставителство на Внатрешна организација. Заземал истакнато место во движењето и соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев, Крсто Раковски, Димитар Влахов и др.

Анастас Митрев е роден во 1884 година во охридското село Завој. Се школувал во Охрид и Пловдив, а потоа некое време учителствувал во Кичево. Во есента 1908 год., поради учество во Младотурската револуција, Егзархијата го назначила за учител во Лерин. Уште при првата обиколка на Леринско тој увидел дека таму е тврдина на будниот македонски дух, гранитна македонска карпа на која се разбиваат нападите на грчката пропаганда.

Во Леринско, Митрев ги затекнал македонските војводи Ѕоле Стојчев од с. Баница, Пандил Шишков од Екши-Су; Крсто Љондев од Неокази, Пеце Христов од Неолјани и др., кои се одликувале со дисциплина, самоувереност, разумност, самостојност, меѓусебно помагање и солидарност со животот на народот. Во истиот дух била и учителската организација и учителите, главно млади и полни со ентузијазам. Анастас влегува во тесни врски и со Македонската револуционерна организација.

Во есента 1908 година, Анастас Митрев и охриѓанецот Никола Пасков, новоназначениот егзархиски училишен инспектор за Леринско, формираат локалната организација на Сојузот на бугарски конституциони клубови (СБКК). За претседател бил избран Пасков, а за секретар учителот Митрев. Отфрлајќи ги штетните централни директиви, конституциониот клуб во Лерин прераснал во вистинско народно движење кое политички и идејно се ориентирало кон Народната федеративна партија.

Во 1909 година, по контрапревратот на султанот Абдул Хамид, кога СБКК прифаќа позиција на неутралност, Митрев и останатите Лерински функционери преминуваат на страната на Народната федеративна партија (НФП), а Митрев е делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид. Митрев и другите македонски дејци работат во интерес да ја зачуваат територијалната целост на Македонија, бидејќи се свесни дека во спротивност таа ќе стане објект на завојување на грабливци инспирирани од надвор, кои што ги бараат богаствата на Македонија.

Во 1911  и 1912 година, Анастас Митрев работи во Солун како главен уредник на весникот "Учителскиот глас", орган на организацијата на македонските учители. По Балканските војни заминува во Прага каде се стекнува со високо образование, а потоа се населува во Бугарија.  

По завршувањето на Првата светска војна, Митрев учествува во работата на „Привременото преставништво на поранешната Внатрешна организација“, кое објавува Апел до македонскиот народ и до емиграцијата во Бугарија за постигнување на единство во барањето за самостојна и обединета Македонија. Ополномоштен делегат бил испратен во Париз да ги застапува македонските интереси, да го пренесе барањето за ослободување и за обединување на Македонија во самостојна неутрална држава.

Анастас Митрев имал забележително учество во активностите на Временото претставништво. Соработувал во весникот "Освобождение" и во други прогресивни весници во Бугарија. Заземал истакнато место во движењето и во борбите на македонската прогресивна емиграција во Бугарија каде соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев, Крсто Раковски, Димитар Влахов и др.

А. Митрев пројавува категоричниот однос кон историската условеност и корените на појавата на македонската нација. Во летото 1919 година, пред многубројната македонска емиграција во Деде-Агач, тој на јавен собир истакнал дека борбата на ВМРО во минатото била националноослободителна борба на македонскиот народ против официјалната политика на бугарската држава.

По разочарувачкиот крај на мировната конференција во однос барањата на „Привременото преставништво на поранешната Внатрешна организација“, која ги претставувале и желбите и очекувањата на голем дел од македонскиот народ, оваа организација се распуштила и поголемиот дел од нејзините членови се пасивизирале, дел од нив во своите ставови се приближиле со левоориентираните партии во Бугарија, додека еден дел се вклучиле во општествено-политичкиот живот на Бугарија. Анастас Митрев поради своите сфаќања станува симпатизер на ВМРО (Об.).

Во текот на Втората светска војна, Анастас Митрев останал доследен Македонец, но и антифашист. Во 1947 година, по 34-годишна емиграција се вратил во Македонија. Работел во Институтот за национална историја. Публикувал неколку историографски трудови, меѓу кои е и првата биографија на Христо Узунов и други трудови. Починал во Скопје во 1952 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.