Среда, 04 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Петар (Пеце) Трајков

Петар (Пеце) Трајков (Леринско, 2. VI 1886 - 13. I 1964) е македонски национален деец.

Petar TraykovПо Втората балканска војна емигрирал во Бугарија и завршил воена академија, а во Првата светска војна бил офицер во бугарската армија на Македонскиот фронт. Во 1923 година се вклучил во ВМРО, а потоа во Егејскиот дел на Македонија формирал чета на ВМРО (1924). Заедно со Г. Попхристов и П. Шанданов го раководел Битолскиот револуционерен округ на ВМРО и ги одржувал контактите со Албанија (1924-1928). Во отсуство бил осуден на смрт од грчките власти, по што се префрлил во Албанија, а потоа во Бугарија (1928). Во времето на Втората светска војна како антифашист бил командант на Македонската НО бригада „Гоце Делчев“ и бил учесник на Второто заседание на АСНОМ (Скопје, декември 1944). По политичко недоразбирање се вратил во Бугарија.

Петар (Пеце) Трајков е роден на 2 јуни 1896 во Леринското село Врбени. Завршил гимназија во Битола, а по Втората балканска војна, во 1913 година емигрира во Бугарија каде завршува воена академија. Во текот на Првата светска војна тој бил офицер во бугарската армија на Македонскиот фронт.

По Првата светска војна, Трајков станал член на ВМРО. Дејствувал во Леринско како четник на војводата Илија Лерински. Од 1920 до 1923 година, тој е помошник војвода во Преспанско. Во 1924 година, тој формирал своја чета во Егејскиот дел на Македонија, со која дејствувал во Мелничко, а во 1925 – 1926 е војвода во Леринско и Охридско.

Заедно со Георги Попхристов и Петар Шанданов го раководел Битолскиот револуционерен округ на ВМРО и ги одржувал контактите со Албанија (1924-1928). Во отсуство бил осуден на смрт од грчките власти, по што се префрлил во Албанија, а во 1928 година заминал во Бугарија. каде бил секретар на Леринското македонско братство во Софија.

На Шестиот конгрес на ВМРО Пеце Трајков бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО. По убиството на Александар Протогеров, се приклонил кон протогеровистите и бил член на нивниот ЦК. Во 1935 година, по забраната и растурањето на ВМРО од страна на бугарската влада, Трајков бил интерниран во логор.  Познат под псевдонимот Искра, тој се приклучил на ВМРО (обединета) и ја потпомага Работничката партија.

Во почетокот на Втората светска војна, Пеце Трајков воспоставил контакти со англиското разузнавање, поради што е следен од бугарските власто. Во 1941 година, по почетокот на операцијата на силите на Оската против Грција и Југославија, Трајков е уапсен и интерниран во камп. Последователно е осуден на доживотен затвор според Законот за заштита на државата поради прикривање и помагање на Емил Марков.

Во септември 1944 година е ослободен од затвор и потпишува во Софија "Апел кон Македонците во Бугарија". Истата година станува командант на бригада "Гоце Делчев" и учествува во операциите против Германците. Добива чин полковник. На 27 октомври е избран за член на АСНОМ и учествува во Второто заседание на АСНМ (Скопје, декември 1944)..

Во почетокот на 1946 година Трајков учествува како еден од главните обвинителски сведоци во судскиот процес во Скопје против Јордан Чкатров. По судир со про-српските раководители на Македонија во 1948 година се враќа во Бугарија.

Petso Traykov The Nationalism of Skopje Leaders

Трајков е автор на книгата "Национализмот на скопските раководители", издадена во 1949 година во Софија.

Петар (Пеце) Трајков умира на 13 јануари 1964 година в Софија

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.