Среда, 11 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Атанас Кршаков

Atanas KarshakovАтанас Кршаков (1883 – 4. VII 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во борбите уште пред Илинденското востание, но, еден месец пред Востанието бил тешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти.

Атанас Каршаков е роден во 1883 година во костурското село Косинец. Негов братучед е Васил Кршаков, четник на Васил Чакаларов и селски војвода. Атанас (Насе) се образувал во родното место, а потоа учи во Битолската класична гимназија. Но, ја напушта гимназијата и влегува во редовите на Македонската револувионерна организација. Станува четник при Марко Лерински, а подоцна е назначен за  војвода во Костурско револуционерен реон.

Заедно со Лазар Киселинчев, Васил Чакаларов и Дељо Марковски, Насе организирал канали за внесување на оружје од Албанија и Грција. Но, на 8 јули 1903 година, еден месец пред почетокот на Илиндеснкото востание, тој бил потешко ранет од луѓе на Коте Христов и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание.

По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчката вооружена пропаганда во Костурско.

Во септември 1905 година четата на Каршаков го одбива андартски напад над село Бесвина и го спречува масакрот врз населението. Еден месец подоцна на 15 октомври, заедно со четите на Митре Влаот и Пандо Кљашев, ја разбиваат андартската чета на Василакис Лахтарис (Николаос Платанијас) во селото Оровник.

Грчкиот андартски капетан Пердикас, кој извршил бројни злодела врз месното население, бил ликвидиран од македонскиот војвода Атанас (Насо) Кршаков.

На 4 јули 1907 година четата на Атанас (Насо) Андреев Кршаков (Каршијаков) се бори крај село Стенско, со андартски чети на капетан Рупакјас (Георгиос Томбрас) и капитен Лахтарас, како и со пристигнатите подоцна турски војници. Тешко повреден, Каршаков се повлекува во Стенско каде се самоубива, за да не падне во рацете на противникот.

По самоубиството на Насе, неговите четници му ја отсекле главата за да ја зачуваат. Потоа се повлекле кон село Д’мбени, каде што се сликаат за спомен со пресечената глава на својот омилен војвода. Фотографијата бил направена од Леонидас Папазоглу.

Георги Бистрицки за него пишува: „Атанас Каршаков од с. Косинец, со нецелосно средно образование, избувлив и храбар војвода, се истакнува во лутите борби со Турци и Грци, легендарен по отстранувањето на башибозучкиот шеф во Нестрам- кол, славно загина во голема борба со Турци, башибозуци и грчки бандити во с. Грче за одбрана на братот роб.“

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.