Среда, 18 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Дељо Марковски

Delyo Markovski Kosinets IMAROДељо Марковски (1871 – 31. XII 1939) е македонски револуционер, костурски војвода, деец на Македонската револуционерна организација и на ВМРО (Автономистичка). Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а потоа се бори против грчката вооружена пропаганда. Со неколку души успева да се спротивстави на 60 члена грчка чета и да го спаси селото Косиненец. Се приклучува на ВМРО (Автономистичка) на Тодор Александров и работи во разузнувачката група на Организацијата.

Дељо Динев Марковски е роден во 1871 година во Костурското село Косинец, Егејскиот дел на Македонија. Се занимавал со трговија, а во Македонската револуционерна организација влегува во 1898 година, привлечен од страна на Лазар Поп Трајков. Во 1901 година, по предвството на Иванчо Кицевеца, Марковски бил уапсен и лежи две години во затвор во Корча.

Во предилиндескиот период учествува во подготовките за востанието. Заедно со Лазар Киселинчев и Васил Чакаларов организира достава на оружје за четите од Грција и Албанија, а исто така соработува и со својот соселанец, познатиот војвода од Косинец, Атанас Кршаков.

Дељо Динев Марковски како војвода учествува во две битки за време на Илинденското востание во летото 1903 година.  При крајот на востанието Марковски бил амнестиран. Тој е еден од ретките војводи кои остануваат во својот реон, по задушувањето на востанието.

По амнестијата, Марковски почнал да се занимава со трговија. Отворил бакалница и месарница во родното село и во блиското гратче Биглишта. По навлегувањето на грчките андартски чети во Македонија во 1904 година, Марковски е назначен за реонски раководител и целосно се одава на борбата против грчката вооружена пропаганда.

Марковски работи и на зближување на Организацијата и Албанскиот револуционерен комитет на Черчиз Топули, Михаил Грамено, Темистокли Грмени, Адам бег и Танас Настоплици. Поради ваквите активности, командантот на Билишта Рамиз бег, организира неуспешен атентат, при кој погрешно бил убиен негов соселанец со исто име. Потоа го прогонува Марковски од градот и му дозволува раководителот на грчката вооружена пропаганда Георгиос Цондас (капетан Вардас) да го нападне Косинец.

На 3 мај 1907 година, откако селаните заминаа на печалба во странство, на заповед на капетан Варгас, 60 члена грчка чета (според други извори 320) предводена од капетаните Јанис Критикос и Христос К. Мичос престојуваат во Крчища каде локалниот гркоман ги снабдува со турски алишта и потоа во текот на денот го напаѓаат Косинец. Дељо Марковски ја организирал одбрана и само со неколку души успеал да го спаси селото. Тој и Георги (Гако) Кенков биле сместени во една куќа, Јото Стасков и Митре Пировски во втора, а помалиот брат Крсто бил во трета. Тие успеале да ги одбиат андартите кои приквечер се повлекле со 20 лица жртви. Од селаните била убиена Султана Динева Гушлева, деец на комитетот и една девојка. При повлекувањето андартите ја изгореле куќата и дуќаните на Марковски.

По Младотурската револуција во 1908 година Дељо Марковски се занимава со политика, а за време на Балканските војни војни останува во Костурско. Се приклучува на ВМРО (Автономистичка) на Тодор Александров, а во почетокот на Првата светска војна се наоѓа во Албанија каде ги потпомага албанските револуционери. Назначен е за шеф на разузнувачката група на ВМРО и работи во тилот на Сојузниците. Се зближува со грчките ројалисти, кои сакаат да ја урнат владата на Елефтериос Венизелос. Тој на Константинистите им овозможува канал за комуникација со Германија.

Додека Марковски раководи со разузнувањето меѓу француските војски во реонот на Подградец, неговата жена која се наоѓа во Д’мбени била измачувана од француските контраразузнувачи за да добиат информација за нејзиниот маж.

Во 1918 година Дељо Марковски заедно со најблиските пребегнува во Бугарија. Живее во Софија каде починал на 31 декември 1939 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.