Среда, 25 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Веле Марков

VeleMarkovВеле (Велко) Марков (12. II 1870 – 23. VI 1902) е македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.

Веле Петров Марков е роден на 12 февруари 1870 година во Крушевското село Селце. Израснал во сиромашно семејство. Во 1892 година заминал на печалба во Софија каде работи како ѕидар и столар. Во Софија се зближил со Васил Главинов и станал член на работничката социјалистичка група. Марков го основал столарскиот синдикат и во 1893 година со Главинов ја основале Македонската социјалистичка група, во која членуваат Никола Петров - Русински, Никола Карев, Димитар Мирасчиев, Андон Шулев, Атанас Раздолов, Стојно Стојнов, Гиго Дандарот, Лазар Главинов, Димо Хаџи Димов и уште некои печалбари и револуционери

Во 1899 година Веле Марков заминал за Македонија и заедно со Никола Карев ја формираат социјалистичката група во Крушево. Подоцна се населил во Битола каде работи како столар. Исто така и во градот на конзулите основа социјалистички кружок, а на 2 јуни 1900 година организира социјалистичка конференција во Крушевско, на која се решава социјалистичките групи да стапат во Македонската револуционерна организација.

Во март 1901 година влегува во четата на Никола Русински, а по заминувањето на Русински за Прилепско, од 29 август истата година е Крушевски војвода. Во четата на Русински како подвојводи во своите реони дејствуваат Јордан Пиперката, Веле Марков, Ѓурчин Наумов – Пљакот, Ванчо Србаков, Ѓорѓи Сугарев, Тале Христов и други. Како војвода, Веле успеа да ги организира селата од малата Крушевска нахија.

Во овој период граѓаните на Крушево се жалат против полицискиот преставник Али ефенди, кој осрамотил малолетно девојче. Но испратената од Битола анкетна комисија, кон која се приклучил и Али ефенди, ја започнала анкетата со претреси и тепање над луѓето кои се жалеле. Многумина се уапсени, а десетина граѓани, меѓу кои и тројца наставници со директорот Петар Иванов стануваат нелегални во четата на Марков.

На  23 јуни 1902 година четата на војводата Веле Марков е издадена во Крушевското село Ракитница. Четата била нападната од војска и башибозук и се водела целодневна борба. Во текот на борбата, согледувајќи дека нема да успеат да го пробиат обрачот, за да не падне во турски раце, четник Тирчо Карев од Крушево се обидува да се самоубие така што си го пресекува грлото, но не успева и ги молел своите другари да го убијат.

На помош на војводата Веле Марков притекнува милиција од градот, испратена од Крушевскиот раководител ѓакон Јосиф, како и четата на Демирхисарскиот војвода Јордан Пиперката. Но и тие не успеваат да раскинат обрачот.

По целодневна борба четата имаше 6 загинати, меѓу кои беше и војводата Велко Марков. Османлиската војска имаше многу повеќе загинати, меѓу кои и Крушевскиот золумџија Јунус. Само, наследникот на Марков како Крушевски војвода, Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници успеваат да ја пробијат турската блокада.

На тука не завршил турскиот зулум. Другиот ден на потера, турските војници убиваат шест селани во Ракитница, повредуваат двајца, малтретираат 30 лица, опожаруваат 14 и ограбуваат 14 куќи, а за да се пофалат со победата османлиските војници ги отсекуваат главите на Веле Марков, Тирчо Карев и Георги Кошинчето.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.