Среда, 01 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Аце Дорев

ace-dorev

Аце Дорев (1871 – 19. XI 1941) е македонски револуционер, книжар, виден битолски деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил член на Задграничното претставнишcтво на ЦК на МРО и касиер на Битолскиот ОРК. Во Илинденското востание го раководел Информативното биро на Главниот востанички штаб со седиште во Битола. Ја подготвил информацијата за почетокот на Востанието и ја доставил до ЦК на ТМОРО во Солун и до Задграничното претставништво во Софија. Во 1908 година бил избран за задграничен претставник. Во 1910 година бил испратен на заточение во Мала Азија. Од заробеништво бил ослободен 1913 година. Потоа, до крајот на животот, живеел главно во Битола.

Аце Дорев е роден во 1871 година во Леринското село Пателе. По завршувањето на IV клас прогимназиско образование во Битола, иако потекнува од богато семејство, тој не го продолжил своето образование како неговиот брат Панче Дорев, кој завршил право во Цариград. Аце останал да работи во книжарницата на својот татко. Се зближил со учителот Даме Груев, кој бил интерниран од Солун во Битола.

Во 1897 година, Аце Дорев станал член на Македонската револуционерна организација, а во 1900 година бил избран за член на Битолскиот револуционерен комитет, заедно со Георги Поп Христов, Васил Пасков, Георги Пешков и Неделко Дамјанов.  Дорев кој бил нежен по природа и воспитување, како чесен човек бил избран за касиер на Комитетот. Функцијата ја обавувал до и по Илинденското востание во 1903 година. Како чувар на револуционерната каса бил незаменлив и секогаш подготвен да помогне со потребна сума на пари за купување на оружје. Дорев како книжар одржувал врски со сите учители во округот и уживал голема доверба и авторитет меѓу еснафот во Битола.

Во Илинденското востание го раководел Информативното биро на Главниот востанички штаб со седиште во Битола. Ја подготвил информацијата за почетокот на Востанието и ја доставил до ЦК на ТМОРО во Солун и до Задграничното претставништво во Софија. Дорев ги известува конзулите и европските новинари за текот на востанието  и за насилствата на турската војска врз мирното население.

При обид на власта да го уапси Ацо Дорев избегал во Бугарија. На почетокот на 1905 година го презел раководството на пограничниот пункт на Македонската револуционерна организација во Ќустендил. На Ќустендилската конгрес на ВМОРО од март 1908 година Дорев бил избран за Задграничен преставник на Организацијата, заедно со Христо Матов и Апостол Грежов.

По Младотурската револуција во 1908 година, Ацо Дорев се вратил во Битола и повторно се зафатил со книжарскиот бизнис. Станал деец на Сојузот на конституционите клубови и бил избран за делегат на неговиот основачки конгрес од Битола. На вториот конгрес на организацијата во 1909 година бил избран за член на ревизорската комисија на Сојузот.

Во декември 1909 година, по напуштањето на шринципите на Хуриетот, Дорев бил уапсен заедно со Георги Поп Христов, Георги Николов, Павел Христов, Александар Евтимов и Милан Матов по аферата со убиството на отпадник Јово Јовановиќ. По два месеци затвор сите се оправдани од воен суд и ослободени.

Во 1910 година Дорев повторно бил уапсен за време на акција за разоружување. По измачувањата во затворот бил осуден доживотно и прогонет во Мала Азија, каде го затекна избувнувањето на Балканската војна.

Во 1913 година бил ослободен со помош на рускиот конзул во Смирна се вратил во Битола. До крајот на животот, живеел главно во Битола. За време на Првата светска војна од 1915 до 1918 година бил член на Битолската окружна постојана комисија и помошник-градоначалник на градот. По навлегувањето на сојузниците и освојувањето на Битола во ноември 1916 година Дорев се повлекува во Иваневци, каде ја извршува должноста околиски началник. По завршувањето на војната се повлекува во Бугарија, но подоцна повторно се враќа во Битола.

Аце Дорев умира на 19 септември 1941 година,

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.