Среда, 15 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Ѓурчин Наумов – Пљакот

Giurchin naumovЃурчин Наумов - Пљакот (1851 – 25. X 1904) е македонски револуционер, член и крушевско-кичевски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четите на војводите Ј. Пиперката (1899), М. Ацев (1900), Н. Русински (1901) и В. Марков (1902). По Ракитничката провала (1902) бил избран за крушевски војвода. Во Илинденското востание предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци. Водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале. По Востанието води борба со српските чети во околијата. Опеан е во народните песни.

Ѓурчин Наумов Димов познат како Пљакот е роден во 1851 година во Поречкото село Сланско. Во 1896 го убива познатиот Мефаил ага, а потоа преминува во илегала. Во пролетта 1897 година заминува во Софија.

Во 1900 година заедно со Јордан Пиперката, Ѓурчин се враќа во Македонија и дејствуваат илегално. Станува четник во четата на Мирче Ацев. Учествува во ширењето на револуционерната мрежа во Прилепско и Крушевско, како и во ликвидирањето на муслимански разбојници. Во 1901 година за кратко е во четата на Никола Петров Русински, а од 29 август 1901 до 23 јули 1902 година - во четата на Крушевската војвода Веле Марков.

На 23 јули 1902 година учествува во борбата кај селото Ракитница, во која загинува војводата Веле Марков, како и поголем дел од четата, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеваат да ја пробијат турската блокада. На 30 јуни 1902 година окружниот комитет во Битола го назначува Ѓурчин Наумов за Крушевски војвода.

За време на Илинденското востанието, Ѓурчин Наумов како искусен војвода играл значајна улога во правењето на планот за борбата за ослободувањето на градот Крушево. Тој предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци.

Крушево е ослободен по координарано напад врз касарната, пошта и општината. По заземањето на градот, во Крушево се сместил востанички штаб на регионот: Никола Карев, Никола Русински, Вељко Марков, Јордан Пиперката и Ѓурчин Наумов, а потоа им се придружуваат и локалните дејци Петар Ацев, Кирил Јанков, Антиноген Хаџов, Тодор Павлов и други. Со штабот раководи Никола Карев, со помошниците Тодор Христов, Томе Христов и Антиноген Хаџов, а сите четници се распределени во 8 одреди на Питу Гули, Ѓурчин Наумов, Марко Христов, Христе Тасев, Коста Христов, Ташко Карев, Тодор Христов и Андреј Докурчев. Единицата на Андреј Докурчев е оставен да чува државните институции, додека другите чети бранат премини кон градот откај Прилеп од настапувањето на турската војска.

Востаничките сили, иако бројат околу 1.200 комити, нема да успеат да го задржат градот и по советување на Горското началство со Привремената влада на Крушево востаниците се повлекуваат. Решителниот борба востаниците даваат во месноста "Слива“ и “Мечкин камен“. Востаничките чети се водени од Никола Карев, Питу Гули, Андреј Христов, Иван Наумов Алабакот, Ѓурчин војвода и др. И покрај силниот отпор градот паѓа во турски раце и со тоа се става крај на Крушевската република.

Ѓурчин Наумов – Пљакот кој водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале, по востанието останува во Крушевско каде се вклучува во борбата против грчката и српската вооружена пропаганда.

По доаѓањето на Дамјан Груев и Ѓорѓи Сугарев од Ресенско, на 23 септември 1904 година, четите на Ѓорги Сугарев, Петар Ацев и Ѓурчин Наумов водат тешка борба со турскиот аскер кај Поречкото село Слатина. Во текот на борбата Даме Груев бил ранет, а при обид да го пробиат обрачот Ѓурчин Наумов – Пљакот е убиен заедно со четири четници. Ѓурчин Наумов – Пљакот е опеан во народните песни.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.