Среда, 08 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Пандо Кљашев

Pando Kljashev 1Пандо Кљашов (с. Смрдеш, Костурско, 29. IX 1882 – с. Дреновени, Костурско, 1. VIII 1907) е македонски учител, револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). Бил член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион. Бил член на Битолскиот окружен комитет (1906). Ги користел псевдонимите Аристотел и П. Корсикански и оставил спомени за својата револуционерна дејност.

Пандо (Пантелеј) Наков Кљашов е роден на 29 септември 1882 година во Костурското село Смрдеш, Егејскиот делна Македонија. Се образувал во Костур, каде завршил третокласно училиште, а од 1896 до 1899 година учел во Солунската гимназија и од 1899 до 1900 година во Битолската класична гимназија. Во тоа време во Битола учителствувале македонските револуционери Даме Груев и Михаил Герџиков.

На крајот на 1898 година, додека се школува во Солун, Кљашев влегува во Револуционерното браство во Солун, кое ги подржува идеите на Македонската револуционерна организација за подготовка за вооружена борба со цел да се извојува автономија на Македонија. По распадот на братството, Кљашев влегува во Македонската револуционарна организација.

По завршувањето на на Битолската егзарска гимназија, Кљашев  една година учителствувал во родното село Смрдеш. Во овој период тој ги обиколил речиси сите села во Костурско и активно работел со населението на градење и ширење на мрежата на МРО. Исто така, во овој период учествувал во дејствијата за остранување на озогласените бегови и предавници. Во јули 1901 година преминал во илегала и се приклучил  во четата на Марко Лерински.

По избувнувањето на Нурединовата и Јованчовата афера, во кои се уапсени голем број револуционери на МРО и прекинати каналите за снабдување на оружје од Грција, биле преземени мерки за возобновување на мрежата и казнување на преданиците. Се формирало ново раководно тело на чело со Кљашев, Чакаларов, Лазар Москов, Кузо Стефов и Михаил Николов со рамноправност во одлучувањето.

На почетокот на декември 1901 годона, по пристигмувањето на Гоце Делчев во Костурско, со мали исклучоци, Панде Кљашев го придружува апостолот на македонското револуционерно дело од село во село. За време на овие посети биле свикувани селски собранија и биле формирани нови раководни тела на Организацијата, кои добиле и судските ингеренции, додека на селаните им било забрането да одат во турските судови.

До средината на јануари 1902 година, додека Гоце престојувал во Костурско, Организацијата била возобновена, а била донесена и одлука четата да се подели на два дела: едната да ја води Митре Влаот во Корештата, а за раководители на подреонот биле назначени Москов и Чакаларов, додека втората била под водство на Петров во Пополе, а за раководители во тој подреон биле назначени Кљашев и Кузо Стефов.

Првиот вооружен судир со турскиот аскер Кљашев го имал во ноќта меѓу 11 и 12 февруари 1902 година кај селото Шестово. Тој се извлекол неповреден, но биле убиени Кузо Стефов, селската учителка, еден четник и двајца од селската милиција. По битката кај селото Шестово имало ново распределување на раководителите во реонот, Кљашев и Чакаларов се упатиле во Корештата, додека Москов и Митре Влаот заминале за Пополе.

Друга битка со турскиот аскер, во која учествувал Кљашев, имало на 19 мај 1902 година во селото Трсје, Леринско. Покрај костурската чета на чело со Чакаларов и Кљашев во овој судир учествувала и четата на леринскиот војвода Марко. Здружените чети имале околу 50 четници и без жртви успеале да се извлечат од селото, но околу 120 селани биле однесени во Лерин.

Пандо Кљашев и Васил Чакаларов кон крајот на 1902 година спречиле дигање на превремено востание кое било заговарано од врховистите, а требало да биде синхронизирано со Горноџумајското востание. Сепак, пролетта донела крупни промени. Во јануари 1903 година во Солун била донесена одлука за кревање востание.

Од 2 до 7 мај 1903 година, Кљашев учествува како делегат од Костурскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ.  По одлуката за кревање на востание, Кљашев постојно се движел, агитирал и го подготвувал населението за настаните кои следеле. Населението се учело да пука, се изведувале маневри, забрзано се набавувало оружје и се складирало храна, четниците се советувале за начинот на војување итн.

За време на Илинденското востание во 1903 година, војводата Пандо Кљашев како член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион.  Тој учествувал во повеќе битки меѓу кои и во нападот на турската војска кај село Вишени и во ослободувањето на градчињата Клисура и Невеска.

По востанието Кљашев доаѓа во Бугарија, а во пролетта 1904 година повторно влегува со чета во Костурско. Во меѓувреме се вклучува во Привремениот комитет на Борис Сарафов во Софија. Во 1906 година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет.

Пандо Кљашев загинал со целата своја чета на 31 јули 1907 година во борба со турска војска над селото Дреновени, Костурско. Со него загинале Никола Михов, Лазар Палчев од Врбник, Петар Клајнев , Нумо Марковски од Косинец и Васил Хаџипавлов од Желево.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.