Среда, 22 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Коле Симитчиев

makedonska-enciklopedijaКоле Симитчиев (15. V 1918 – 10.IV 2003) е македонски револуционер, борец на НОВ, СНОФ и НОФ, славист, фолклорист и проф на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Учествува во НОБ во Македонија,  потоа во Егејскиот дел на Македонија и Граѓанската војна во Грција, од каде преку Албанија бил префрлен во Полска. Автор или коавтор е на 14 учебници на македонски јазик за децата бегалци во Полска, СССР, ЧССР, Романија и Унгарија.

Коле Петров Симитчиев е роден на 15 мај 1918 година во Леринското село Овчарани (с. Воштарени), Егејскиот дел на Македонија. По завршувањето на гимназијата во Лерин  во 1937 година, студира на Универзитетот во Соун, на кој завршува класична филологија во 1941 година. Потоа заминува во Скопје, каде завршува и славистичките студии во филијалата на Софискиот универзитет во Скопје во 1944 година.

Во 1944 година, Симитчиев се вклучува во антифашистичкиот отпор првин како борец на НОВ на Македонија, а потоа во бригада на СНОФ (Славјаномакедонски народноослободителен фронт) составена главно од Македонци.  која со ЕЛАС (Народноослободителна војска на КПГ)  се бори за ослободување на Грција. Стравувајќи дека Македонците ќе создадат силна војска чии тенденции се обединување на Егејскиот дел со Вардарска Македонија, ЦК на КПГ носи решение за расформирање на македонските батаљони, по што цели батаљони преминуваат во Вардарска Македонија. Симитчиев доаѓа со бригадата во Македонија каде учествува во завршните операции на Народноослободителната војна во Вардарска Македонија.

Во 1945 година, Коле Симитчиев се вклучува во Народноослободителниот фронт (НОФ), кој се бори против монарфашостичките банди во Егејска Македонија. Во овој период Симитчиев е избран за член на Политичката комисија за ослободување на Егејска Македонија. Тој е ангажиран во печатницата на Главниот штаб и заедно со Паскал Паскалевски и Фоти Илковски го издаваат „Билтенот“ на македонски јазик, кој излегува во 1945 и 1946 година.

Во Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), по обединувањето на НОФ и Демократската армија на Грција (ДАГ) во 1946 година, Симитчев ја преживува и битката на Грамос во 1947 година. Во 1948 година, по решение на ГШ на ДАГ, ги редактира изданијата на македонски „Непокорен“, „Билтен“ и „Нова Македонка“ и работи на организирањето на македонските училишта на слободната територија во Егејска Македонија.

Истата година, Атинскиот воен суд го осудува во отсуство на смрт. Во текот на 1949 година, Симитчиев бил ранет во борбите и е префрлен во албанските болници во Корча и Елбасан, а оттаму во 1950 година во полскиот град Згожелец .

По доаѓањето во Полска, Симитчиев продолжува да го издава "Билтен" на македонски јазик. Во 1951 година редакцијата е преместена во Вроцлав, каде почннува да го редактира весникот "Демократ", списанија на македонски и грчки јазик.

Обвинет како „Титов агент“, Симитчев бил исклучен КПГ и пратен на „превоспитување“ во фабрика за амбалажа и како физички работник во задруга во Вроцлав во 1953 година. Рехабилитиран и вратен во Партијата, станува член на Претседателството на ГО на политичките бегалци од Грција во Полска и консултант на Министерството за просвета по македонските прашања (1956– 1968).

Коле Симитчиев е автор или коавтор е на 14 учебници на македонски јазик за децата бегалци во Полска, СССР, ЧССР, Романија и Унгарија. Асистент, потоа и професор по старославјански јазик и литература на Катедрата за руска филологија на Вроцлавскиот универзитет, каде што и ја одбранува докторската дисертација „Македонскиот јуначки народен епос“ на 6 декември 1966 година, а хабилитира со темата „Македонската народна лирика“  во 1975 година.

Во 1985 година, за заслуги во негувањето на врските на нашите иселеници со својата македонска татковина како и за придонес во јакнењето на патриотизмот и развивањето на пријателските  односи и соработката меѓу СФР Југославија и НР Полска, Претседателството на СФРЈ со Указ го одликува Коле Семитчиев  со Орден на Југославенско знаме со златен венец.

Поради болест е пензиониран како редовен професор  на 1 октомври 1988 година. Во текот на својот работен век, Симитчиев има објавено 4 монографии и над 200 разни научни и стручни прилози, а во ракопис му останува подготвениот труд „Ballada ludowa Sqowian Poludniowych“.

Коле Симитчиев имира на 10 април 2003 година во Вроцлав, Полска

(извор: Македонска енциклопедија. Скопје, 2009)

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.