Среда, 12 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Васил Дијамандиев

Vasil Diamandiev

Васил Дијамандиев (30. I 1839 - 1. V 1912) е револуционер, учител, општественик и политички деец.  Тој е ден од водачите на Кресненското востание, а во времето на Берлинскиот конгрес (1878) испраќал петиции до светските фактори за решавање на македонското прашање. Во Русе ја основал Македонската лига (1880), го раководел Македонското благотворно друштво (1882–1884), бил активен во Друштвото “Македонски глас“ (1885–1886), во ВМОК (1885) и во Тајниот македонски комитет (1886), испраќајќи вооружени чети во Македонија.

Васил Дијамандиев е роден на 30 јануари 1839 година во Охрид, во семејство на богат златар. Со основно образование се стекнува во родниот град, каде учи во грчко училиште. Од 1855 година учителствува две години во истото училиште, а во 1858 година заминува на студии во Русија. Првично се запишува на Духовната семинарија во Одеса. Од 1860 до 1861 година студира на Физичко-Хемискиот факултет на Московскиот универзитет, а потоа продолжува на истиот факултет на Киевскиот универзитет.

Во 1961 година, поради проблеми со здравјето, Васил се враќа во Македонија и учителствува во Кукуш до 1864 година. Од 1864 до 1866 година учителствува во класното училиште во Велес, каде ја основа младинската дружина "Етерија". Од 1866 до 1867 година предава во родниот Охрид, каде отвора славјанско училиште. Се допишува со Стефан Веркович, на кого му испраќа етнографски податоци за Охридско. Во 1867 година, по конфликт со владиката Мелетиј Преспански и Охридски, Диамандиев заминува за Букурешт, Романија, каде се поврзува со членовите на Бугарскиот револуционерен централен комитет.

Набрзо се вратил во Охрид, каде повторно отвора славјанско училиште. Во март 1868 година Диамандиев разбира дека има телеграма со наредба за нов негов притвор и повторно бега од Охрид. Заминува за Русија и од 1869 до 1876 година е учител во бесарабскиот град Комрат. Паралелно со учителствањето во Бесарабија, тој ги редактира и весниците "Ехо на Болград" (1872 - 1873) и "Јалпуг" (1872 - 1873).

По ослободувањето на Бугарија се населил во главниот град на новобразуваното бугарско Кнежество. Диамандиев е пратеник во Основачкото собрание, како и во Првото Велико народно собрание. Диамандиев е меѓу основачите на Софиската библиотека и нејзин заменик-директор од 1885 до 1891 година. Работи во сферата на судството како претседател на Ќустендилскиот окружен суд (6 јануари - 1 јуни 1879), член на Русенскиот апелационен суд, член на Врховниот суд за казација (1883) и други. Од 1885 до 1886 е Директор на Првата софиска женска гимназија, во периодот 1888 - 1892 е главен сметководител во Министерството за финансии, во 1891 - директор на Народната библиотека во Пловдив.

Васил Дијамандиев бил учесник и еден од водачите на Македонското (Кресненско) востание (1878-1879). Развива низа активности во поддршка на востанието, а за време на Берлинскиот конгрес (1878) испраќа петиции до светските фактори за решавање на македонското прашање. Уште во почетокот на 1878 година е еден од иницијаторите за основање на управен центар од македонски бегалци во Софија. Станува член на софискиот областно друштво за помагањето на болни и повредени војници и заедно со Димитар Карамфилович, Димитар Македонски, Константин Мишајков, Кузман Шапкарев и други дејци, работи за проширување на дејноста на друштото. Член е на софискиот комитет "Единство" и активно помага на Централниот комитет, на чело со Натанаил Охридски. Заедно со Димитар Карамфилович протестира пред Берлинскиот конгрес против враќањето на Македонија и Одринска Тракија на империјата и се заканува со востание. Испраќа телеграма и до рускиот цар. Учествува во изработката и испраќањето на други петиции и мемоари до европските влади во врска со Македонците.

Во почетокот на 1880 година, како член на Апелациониот суд во Русе, Дијамандиев учествува во основањето и претседава со Македонската лига. Лигата преку Михаил Хитрово испраќа мемоари до Европската комисија во Цариград и до Берлинскиот меѓународна конференција свикана по повод грчко-турскиот конфликт за Тесалија. Во мемоарите се сака подобрување на положбата на Македонците преку самоуправа слично на она во Источна Румелија и се заканува со општо востание во Македонија, ако не бидат исполнети ултимативните барања - Македонија на Македонците. Под притисок на странските дипломатски агенти лигата беше затворена од Владата на Драган Цанков.

Во втората половина на 1882 година Диамандиев е избран за претседател на Македонското благотворно друштво (1882 - 1884). Од 1884 до 1885 година претседава и со друштвото "Македонски глас", создадено во периодот 4-10 декември 1884, кое го издава истоимениот весник "Македонски глас". Во 1886 година тој е активен во Тајниот македонски комитет , испраќајќи вооружени чети во Македонија. Во 1895 година Диамандиев е меѓу основачите на Врховниот македонски комитет. Во 1902 година ја напишал својата "Автобиографија".

Васил Диамандиев умира на 1 мај 1912 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.