Среда, 26 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Костадин Мазнејков

Kosta MazneykovКостадин Мазнејков (1882 – 11. V 1903) е учител, македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и радовишки војвода.

Учителствувал во селата с. Робово (Малешевско),  с. Добрејци (Струмичко) и други места. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Од 1901 година станал малешевски, а потоа радовишки војвода. Загинал во судир со османлиската војска пред Илинденското востание.

Костадин (Коста)  Мазнејков е роден во 1882 година во Струмица, во семејството на Димитар и Катерина Мазнекјови. Другари од детството му се подоцнежните дејци на Македонската револуционерна организација Иван Ингилизов и Васил Драгомиров. Костадин се школувал во Струмица и Скопје, а потоа учителствувал во селата Робово (Малешевско), Добрејци (Струмичко) и други места.

Мазнејков рано влегува во редовите на Македонската револуционерна организација, во која бил вклучен и неговиот повозрасен брат Васил. Костадин дејствувал претежно во Радовишкиот и Струмичкиот крај. Во периодот 1899-1900 година престојува во Бугарија, каде што извршува терористички акции по наредба од Борис Сарафов. Во 1900 година бил назначен за секретар во четата на Иван Савов, со која се враќа во Македонија.  

Од 1901 годиниа, Коста станал малешевски, а потоа радовишки војвода. Соработувал со Гоце Делчев, кој во повеќе наврати доаѓал во инспекција на Радовишкиот крај за средување на состојбите во Организацијата. Во овој период биле организирани тајни канали за пренесување оружје и зацврстени се месните организации.

Во неговата чета имало и неколку жени борци меѓу кои и учителки од Радовиш Зуица Кукутанова (1867 - 1937). Од нив европска слава стекнале подвизите на учителката Екатерина Зоица Иванова.  Дури и Османлиите бегале од неа викајќи:  „Бегајте,  тука е жената востаник.“ Нејзини фотографии објавиле речиси сите тогашни европски весници.

Во предилинденскиот период 1903 година дошло до обединување на неколку чети (струмичката, гевгелиската, крушевската, тиквешката и др. чети). На 24 март 1903 обединетите чети на чие чело се војводите Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Никола Дечев (Велешко) и Тимо Ангелов, чија бројност била околу 190 лица, заминуваат за Македонија. Четите биле пресретнати од османлиската војска во Кочанско и планината Плачковица и водат няколкодневни борби.

Уште на 28 март обединетата чета влегува во борба со турскиот аскер. По борбата четите на Никола Дечев и Коста Мазнејков се одвојуваат. На 1 април четата на Мазнејков води борба крај селото Лески, на 2 април крај Шипковица, а потоа над Владимирово. На 6 април започнува големата борба со редовната турска армија, а на помош доаѓа четата на Чернопеев и потоа четата на Никола Лефтеров. Тоа е познатата битка на Готен.

Мазнејков учествува во битката на Готен, една од најголемите битки која се водела во источниот дел на Македонија пред почетокот на Илинденското востание. На 6 април 1903 година, ден Велигден, здружените чети на ТМОРО на Христо Чернопеев (за Струмичко), Коста Мазнејков (Радовишко), Делчо Коцов (Кочанско), К. Кондов (Прилепско), Никола Дечев (Велешко), Питу Гули (Крушевско), Ванчо Србакот (Кичевско), Тимо Ангелов (за Тиквешко) и други, кои броеле од 250 до 270 комити, се судриле со османлиските сили на врвот Готен на Малешевските планини при неповолни временски услови. На помош на опколените чети се приклучила четата на војводата Никола Лефтеров. Вечерта опколените се извлекле со јуриш. Четите имале 25 мртви, а загубите на османлиските сили биле околу 200 мртви и ранети.   

Оваа битка во Малешевијата уште е позната како „Окрвавениот Велигден“, го привлекува вниманието на странските дипломати во Македонија, кои опширно ги известувале своите влади за воените дејствија во Македонија.

Учителот и револуционер Коста Мазнејков загина со целата своја чета од околу 15 лица во борба со турскиот аскер во близина на Радовишкото село Дедино на 11 мај 1903 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.