Среда, 31 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Андон Попштерев

Andon Popshterev IMRO DambeniАндон Попштерев (1881 – 3. I 1932) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1898 година влегува во Македонската револуционерна организација и учествува во повеќе борби против турската војска. Во 1903 учествува во Илинденското востание, а потоа води борба и со четите на грчката вооружена пропаганда. По за почнување на Првата балканска војна се враќа од САД и учествува во Балканските и Првата светска војна, а потоа во Леринско каде се судира и со грчката војска. Загинува во меѓусебните пресметки на македонските организации во 1932 година.   

Андон (Доне, Доно) Попштерев е роден во 1881 година во костурското село Д’мбени. Се стекнал со основно образование. Во 1898 година влегува во Македонската револуционерна организација и станува четник на Лазар Поп Трајков. Во 1899 година за заслуги е унапреден во "групен началник".

На 31 мај 1903 година, Андон Попштерев познат уште како Д’мбенски и Рудински, учествува во борбите против бројна турска војска околу неговото родно село кај Локвата и Вињари, а на 7 јуни 1903 година во планината Бигла против 5000-на турска војска, вооружена со топови и митралези. Во казнена акција турска војска ја опожарува неговата куќа во Д’мбени.

Во текот на летото на 1903 година, за време на Илинденското востание, Андон е војвода на чета. Тој води борби кај Билишта, месноста В’лкана над селото Апоскеп, Невеска, Врбник, Загоричани, на Лисец и кај село Кономлади, а по востанието продолжува со револуционерната дејност.

На 15 мај 1906 година води борба со многубројна турска војска кај месноста Новиот пат крај неговото родно село, каде што е тешко повреден. Во месноста Ѓупските ниви води борба со турска војска 5 часа. Меѓу селата Желев и Турново се борел со грчка чета. Во 1907 година под водство на војводата Атанас Каршаков со својата чета учествува при уништувањето на грчката чета на капетанот Милас, кој е убиен за време на борбата.

Во 1908 година по Младотурската револуција, како Преспанското војвода се повлекува од областа во која дејствува, и преку Бугарија заминува во Америка да бара нов живот. Меѓутоа, по избувнувањето на Балканската војна во 1912 година се враќа и учествува како доброволец во Македонско-одринското ополчение. Андон се борел во Костурската соединета чита и четата на петнаесета Штипска дружина.

Во Втората балканска војна е во здружената партизанска чета на Македонското одринско-ополчение (МОО). Награден е со орден "За храброст" IV степен. На 7 јули 1913 година тој е заробен и лежи во затвор Беаз куле во Солун од 12 јули 1913 година до 28 март 1914 година. По војната се населиле во Ениџе, Ксантијско.

Во Првата светска војна повторно се бори во редовите на бугарската армија и служи како војник во 37 пешадиски Пирински полк до крајот војната.

По војната се вклучува во обновата на револуционерната организација и застанува на чело на Костурската околиска чета. Во 1925 година повторно заминува за Македонија. Во пролетта на 1925 година преминува реката Вардар заедно со четите на Петар Ангелов, Илија Лерински, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирска чета на Христо Андонов. Во месец октомври 1925 година заедно со Леринската чита, води борба во леринското село Пополжени со многубројна грчка војска. Во месец ноември истата година заедно со член на Леринската чета врши напад во Лерин со фрлање бомби во грчкиот Воен клуб.

За време на настанатата криза во ВМРО по убиството на Александар Протогеров во 1928 година Попштерев е на страната на протогеровистите. На 3 јануари 1932 година во градот Станимака Андон Попщерев се прибира приквечер со двајца другари по завршеното собрание, кога двајца политички противници го демнат во заседа и во грб пука во него. Неколку часа подоцна Доно Д’мбенски умира во својот дом опкружен со најблиските луѓе. Андон Попщерев е погребан со високи почести од своите најблиски, роднини и другари од ВМРО во Станимака.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.