Среда, 21 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Крум Монев

KrumMonevКрум Солунов Монев (5 V. 1927 – 18 II. 2001) е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија. Учествува во четата Герасим Тодоров. Поради македонизмот издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја смртната казна поради малолетност. Овој македонски патриот и писател за својата националност ќе изјави „Македонец - фанатичен до болест“

Крум Солунов Монев е роден на 5 мај 1927 година во селото Оштава, Светиврачко, Пиринскиот дел на Македонија, во сиромашно, многудетно семејства. На осум години останал без татко. Поради сиромаштијата е принуден рано да го напушти училиштето. Тој учи само до 4-то одделение. На 12 години станува наемен работник по туѓи домови. Најчесто платата му била само исхраната, некоја облека и обувки.

Монев рано се осознава како Македонец. Во својата автобиграфија "Македонија мојата потпора" тој опишал кога и како започнал со осознавањето како Македонец и откривањето на неговата вистинска татковина.

Тоа започна додека бил во училиште кога морал да ја учи песната од Вазов "Б’лгарче" - "Јас сум б’лгарче". Меѓутоа, постепено почнал да се појавува сомнеж кај него дека  “б’лгарче". Голем број историски факти го тераат да се замисли. Тој ја согледува заблудата и потоа, како младинец по селските прослави рецитира песни на македонска тематика. До крајот на животот останува цврст и непоколеблив македонски патриот.

Во почетокот на 1948 година, бугарските безбедносни служби свесни за неговите промакедонски чувства не му дозволуваат да служи во бугарската армија, туку го испраќаат да служи во „Трудовите војски“. Таму биле испраќани сите оние за кои се сметало дека немаат бугарско национално чуство (Турци, Македонци, помаци, Власи и др.). Едноставно, тие не требало да имаат добра воена обука.

Но, наместо кон трудовата единица, Крум Монев го фатил патот кон Пирин, каде  од крајот на 1947 година има неколку партизански формации, кои се борат против новиот комунистички режим во Бугарија. Тој се приклучува на 6 – тиот пирински одред на Герасим Тодоров, наречен од кумунистите „бандата на Герасим“.

На сите оние кои не се согласувале со комунистичкиот режим и се бореле за обединување на Македонија, бугарските власти им лепеле разни етикети и препишувале разноразни злосторства како оправдување пред јавноста за акцијата која се припремала.

По помалку од три месеци, по 9 март 1948 година,  Пирин планина била блокирана од војска и милиција. Единицата на Тодоров е поразена, а десетици се убиени. Други десетици кои биле фатени биле осудени на различни години затвор.

Крум Монев е осуден на петнаесет години самица. По малку повеќе од осум години, од кои три години во кампот на островот Белене, тој е ослободен. Испратен е да служи во трудивите војници. Неколку месеци подоцна бега од единица и преку Југославија сака да оди во Италија или Австрија. Меѓутоа, бил фатен од југословенските власти и вратен во Бугарија. Повторно лежи во бугарските затвори. Така поминува во затвор околу 16 години.

Бугарските затвори стануваат неговиот универзитет, кој му дава добра подготовка за неговото творештво. Но, времето поминато во ужасните услови во бугарските му го уништува здравјето на Крум Монев. Отој почина на 18 февруари.2001 година во Долна Градешница, Бугарија.

Крум Монев остави како наследство два свои труда - "Македонија мојата потпора", во 4 делови (три тома), и романот "Змејот". Значењето на ова наследство за Македонија е огромно. Како учесник во настаните, тој ни ја открива вистината за борбата на македонските патриоти во Пиринска Македонија непосредно по Втората светска војна.

Од творештвото на Крум Монев дознаваме за уште една епизода од поновата македонска историја, за Герасим Тодоров и неговото нелегално движење во периодот 1947/1948 година Истовремено тој ги опоменува своите Македонци велејќи дека: "горчливо е нашето минато, горчливи и свежи се спомените од "братската" помош ... - грешките на нашите дедовци и татковци никогаш не треба да се повторуваат во иднина".

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.