Среда, 28 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Константина Бојаџиева - Русинска

Ohrid Ilinden Uprising Flag

Константина Евтимова Бојаџиева - Русинска (1880 - 1932) е македонска учителка и деец на Македонско револуционерна организација. Во 1901 година застанува на чело на друштвото "Успение Богородично"  чие мото било "Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права". Со друштвото раководи до крајот на 1903 година и активно учествува во подготовките за Илинденското востание. Со членовите на друштвото го изработуваат познатото охридско востаничко знаме на Македонската револуционерна организација.

Константина Русинска е родена во 1880 година во Охрид, како единствен ќерка на богатиот трговец Евтим Настев Бојаџиев. Константина завршува основно образование во родниот град, а гимназија во Бугарија. Потоа работи како учителка и предава во основно училиште во Охрид.

Во меѓувреме, во 1885 година во Охрид е основано друштвото "Успение Богородично". Основните цели на ова друштво биле да се обезбеди материјална и нематеријална помош за образование на сиромашните и особено на жените. Друштвото организирало седмични просветни класови на кои се држеле лекции за еманципацијата на жените. Главното мото на друштвото било "Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права".

Меѓу повидните членови на организацијата биле Василка Размова, Клио Самарџиева, Атина Шахова, Поликсена Мосинова, Марија Пармакова. Пред почетокот на есента 1900 година, друштвото "Успение Богородично" се придружува кон Македонската револуционерна организација.

Константина Бојаџиева ги прифаќа социјалистичките идеи за рамноправност и еманципација на жените. Во 1901 година застанува на чело на друштвото "Успение Богородично" и со друштвото раководи до крајот на 1903 година. Под нејзино раководство, охридското женско друштво активно учествува во подготовката на востанието во Охридско.

Охридските учителки создаваат во куќата на Методи Патчев тајна болница за лечење на ранети македонски востаници. Поликсена Мосинова, Василка Размова, Клио Самарџиева и Константина Бојаџиева го изработуваат охридското востаничко знаме на Македонската револуционерна организација, на којашто млада жена со тробојно знаме во раката и лав го газат османското знаме, а странично се испишани натписи „Слобода или смрт“ и Македонија.


Во 1902 година Бојаџиева се запознава со македонскиот револуционер Никола Русински. По Илинденското востание, двајцата бегаат во Бугарија и Бојаџиева работи како учителка во селото Скравена. На 4 април 1904 година таа се мажи за Русински, со кого има три ќерки.

За време на Првата светска војна, двајцата одат во Русиново, родното место на Никола Русински. Константина работи како учителка во Берово од 1915 до 1918 година.

По војната, семејството останува извесен период во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Русински ја поддржува Југославската комунистичка партија во Малешево, агитира за неа на локалните и парламентарните избори во август и септември 1920 година.

По забраната на партијата на 30 декември 1920 година - така наречена Обзнана, семејството емигрира во Бугарија на 27 февруари 1921 година и се населува во Ќустендил.

Константина заболува од пневмонија и четвртото дете и умира малку после раѓањето. Русински работи како дрводелец во Горна Џумаја, а Константина како учител во 1922 - 1923 година.

Константина Бојаџиева - Русинска умира од пневмонија во 1932 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.