Среда, 05 Јули 2017    PDF Печати Е-пошта
Атанас Спасов – Таската Серски

Yane Sandanski i Taskata Serski

Атанас Спасов (1876 - 7 VII 1923) познат како Таската Серски е војвода наМакедонската револуционерна организација. Учествувал во битката во село Баница кога загинал Гоце Делчев (4. V 1903). По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода (1904). По Младотурската револуција станал член на Народната федеративна партија (1908-1910). Се залагал за автономија и целовитост на Македонија. Бил член на Привременото претставништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот (9. III 1919). Убиен е за време хируршка операција.

Атанас Спасов или Таската Серски е роден во февруари 1876 во село Врања, Пиринска Македонија. Во 1901 година го завршува педагошко училиште во Сер, каде организира револуционерен кружок. Неколку години потоа работел како учител во село Шугово.

Таската Серски станува четник кај Јане Сандански и близок соработник на Гоце Делчев, при кој четува во 1902 година. Учествува во битката на 4 мај 1903 г. (21. IV/1903 г. - ст.ст.) кај селото Баница, во која загинува Гоце Делчев.

По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода кој во 1904 година во својата чета има 28 четници. Подвојводи му биле од Серско: Костадин Јанчев од Нова маала, Димитар Терзијски од Фраштани и Димитар од Горно Броди.

Во 1908 година Таската Серски учествува во Младотурската револуција и станал член на Народната федеративна партија (НФП). Во 1910 година бил избран за член на Центалното таководство на НФП.  Таската Серски се залагал за автономија и целовитост на Македонија, како пиемонт на Балканската федерација.

Во 1910 година, министерот за внатрешни работи Мехмед Талат бег преку парламентот го укинува "Законот за здруженијата" и забранува формирање на здруженија со национален карактер. Во рамките на целата империја се забрануваат сите национални клубови, а во Битолскиот вилает започнува акција за одземање на оружјето од припадниците на Македонската револуционерна организација, која ја предводи Шевкет Тургут паша.

Ваквите постапки предизвикаа конфликт помеѓу турските власти и македонските дејци. Во октомври 1910 година, во текот на одземањето на оружјето, Таската Серски бил малтретиран од турските власт.

Таската Серски зел учество во Балканските војни 1912 и 1913 година и во Првата светска војна (1915 - 1918). За време на Балканските војни тој бил војвода на чета на Македонско-одринско ополчение, а подоцна служел во штабот на 15 штипска дружина. По ослободувањето на Сер во 1912 година, Серски бил назначен за негов кмет.

По војните Таската Серски станал член на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација, кое е формирано по обединувањето на серчани и револуционерите од Западна Македонија на поранешната Македонска револуционерна организација.  Привременото претставништво на 9 март 1919 година објави Апел до македонскиот народ за постигнување единство во барањето на самостојност на Македонија. Во Апел кој го потпишал и Таската Серски се вели: 

„Македонското население, без разлика на народност и вера, по се што проживеа има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и неразделна како самостојна политичка единица на Балканот во нејзините природни балкански граници врз база: Солун како општ центар, Вардарската долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина... На вака создадената држава да и се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни и политички установи кои би и дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички стремежи и аспирации..“

Во преметките на левицата и десницата на македонското револуционерно движење, Таската Серски е убиен на 7 јули 1923 година на операциона маса, за време на хирушка операција на слепо црево.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.