Среда, 13 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
Герасим Огњанов

Petar Semerdzhiev cheta IMARO

Герасим Огњанов Петканчин (1885 – ? X. 1912) е македонски учител, револуционер, малешевски околиски војвода. Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. Прво е деец на ВМОК, а подоцна на ТМОРО. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски околиски војвода (1907). Во времето по Младотурската револуција се занимавал со трговија во Солун.

Герасим Огњанов е роден во 1885 година во Банско. Тој учи во Военото училиште во Софија, но го напушта, а потоа завршува американско училиште во Самоков. Учителствува одреден период, а потоа како поранешен ученик на софиското Военото училиште во пресрет на Илинденското востание се вклучува во редовите на ВМОК.

За време на Илинденското востание 1903 тој учествува во четата на врховистичкиот војвода Јордан Стојанов, кој со одредот кон крајот на август влегува во Серско и води тешки борби. На 30 август одредот на Стојанов, заедно со четите Јане Сандански, Михаил Чаков и Стојан Млчанков, вкупно 160 души, водат тешка борба со 600 војници на турската армија кај „Света Троица“, Мелничко. Потоа четата на Стојанов на 1 септември води борба кај селото Пирин, каде Турците имаа 80 загинати и ранети, а на 28 септември  со четите на П. Дрвингов и Д. Зографоф водат 10 часовна борба во месноста Предел, планинско седло меѓу планините Пирин и Рила.

Герасим Огњанов Петканчин потоа преминал во ТМОРО во четата на Петар Самарџиев во Тиквешко. Во 1907 година Огњанов станал околиски војвода во Малешево, а во четата се наоѓаат четниците: 1. Саве (Владимирово), 2. Тиме (Владимирово), 3. Мите Шуговалијата (Горни Порој), 4. Симо Смојмировчето (Смојмирово), 5. Мито (Пехчево), 6. Коста Чукарчето (Русиново), 7. Мито (Русиново), 8. Петре (Бориево), 9 Григор Демека (?), 10. Туше (Кукуш), 11. Георги Лесичев (Самоков) и 12. Љубен Казаски (Трново)

По Младотурската револуција во 1908 година, Герасим Огњанов станува легален и се занимава трговија во Солун.  Во август 1909 година тој беше претставник на Малеш на конгресот за основање на Народната федеративна партија (НФП). Огњанов е од групата на Христо Чернопеев и се противи на Јане Сандански.

На 28 август 1909 година, една недела по неуспешниот напад врз Јана Сандански, беше направен неуспешен обид да се убије и Огњанов во близина на хотелот "Коломбо" во Солун. Под сомнеж дека учествувал во атентатот, бил уапсен Христо Караманов, учител во Драма.

Според Михаил Думбалаков, по избувнувањето на Првата балканска војна, Огњанов и Ангел Томов ја преминале линијата на фронтот и во заземеното Кукушко се присоединиваат кон Тодор Александров. Се смета дека токму Александров го организирал атентатот на Огњанов, поради сомневање дека бил член на терористичката организација Црвени браќа, која била формирана по Младотурската револуција во Солун од левичари и сандинисти и оперираа од 1908 година па се до Првата светска војна.

Герасим Огњанов својт млад животен пат го завршува во Арџанското Блато, Кукушко, во октомври 1912 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.