Среда, 04 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Тодор Станков

Todor Stankov IMAROТодор Станков (28. I 1875 – 22. IX 1938) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учителствува во повеќе македонски градови, каде работи на ширење на мрежата на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание и Балканските војни. Тој е еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од онаа фаланга на првопокрстените во борбата. Токму таа фаланга која засекогаш ќе ја краси големата борба на македонскиот народ.

Тодор Станков е роден е во 1875 година во Прилеп. Со основно образование се стекнува во родниот град, а во 1894 година завршил деветто одделение во машката гимназија во Солун. По завршувањето на средното образование работи како учител во Прилеп, каде влегува во Македонската револуционерна организација и станува член на локалниот револуционерен окружен комитет.

Во учебната 1895/1896 година, препорачан од Даме Груев, Станков учителствува во Штип и го зазема неговото место во Комитетот: Подоцна учителствува и во Радовиш, каде го предводи околискиот револуционерен комитет.

На 25 август 1897 година, Станков заедно со селска милиција опкружува тројца турски колџии за тутун (чувари на државниот имот) во село Дедиње и убил двајца од нив, но третиот успеал да избега по што се отвора Дединската афера. Турските власти извршиле претреси при што се пронајдени патрони и неколку пушки по што следуваат масовни апсења. Од 120 лица кои биле изложени на туртура, 28 лица биле осудени од страна на скопскиот суд од 3 до 101 година.

Тодор Станков потоа учителствува во Крушево, а од април 1898 година станал нелегалаен војвода на чета во Радовишко. Во меѓувреме, во неговата чета се приклучиле Васил Липовиклијата - Јурукот и Георги Турчето. На 12 јуни, по извршените зададени задачи, тој се крие во Конечкиот манастир, каде што бил предаден и уапсен од турските власти. Иако бил подложен на тешки измачувања, не ги одал тајните на Организацијата. Сепак, Станков бил осуден на шест години затвор, но по грешка бил ослободен и избегал во Бугарија.

Од 1900 до 1901 година, Станков бил пунктов началник на Македонската ревиолуционерна организација во Ќустендил. Исто така бил администратор на весникот „Вечерна пошта“.

Станков активно учествува во Илинденското востание во 1903 година. Со четата на Лазар Маџаров, тој дејствувал во Лозенеградско. На почетокот на балканската војна, Станков станува доброволец во Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение. За своите заслуги, тој бил одликуван со народен орден со круна VI степен. Во текот на Првата светска војна бил градоначалник на градот Штип.

Меѓутоа, Тодор Станков бил многу скромен и никој од неговите современици не ги знаел неговите дела. Тој бил само еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од онаа фаланга на првопокрстените во борбата. Токму таа фаланга која засекогаш ќе ја краси големата борба на македонскиот народ.

Во 1932 година, печатарската коопрерација „Едисон“ во Софија, ја објавува книгата на Тодор Станков „Презнување на денот на Св. св. Кирил и Методиј во турско време во Македонија (спомени и доживувања)“. Во неа, Станков за значењето на овој празник, меѓудругото вели:

„ ...Неупехот на Илинденското востание во 1903 година не го скрши духот на народот и празникот го сочува својот национален карактер дури и подоцна за време на новиот угнетувачки режим на Србите и Грците, во првите години по Нејскиот договор. И сега дури, иако Србите ги прогласија Св. Равноапостоли за прави Срби, а празникот за црковен, Македонецот не можејки како некогаш јавно да го даде својот изблик на изненадување и национално сознание, се задоволува тајно да го предава на младото поколение, преку раскази и спомени, значението на тој ден за Македонија, и на тој начин да го држи будно националната свест и дух на народот, притискан од сите, од непријателскиот деспотски режим. Само со таа свест и дух на “блгаринот во Македонија“ може да се објаснат идејните подвизи на плејадата народни работници и денес, 15 години по новото поробување на Македонија. Како илустрација на тоа нека раскажат бегло како се празнуваше некогаш Св. Кирил и Методиј во разни места во Македонија. Со тоа се постигнува двојна цел: 1) македонската младина во Бугарија да се воспита во духот на старата македонска традиција и 2) да се потсетат татковците, мајките и постарите браќа и сестри на нараснатото поколение да произведат или да му раскажат при разни случаи начинот на празнувањето на националните празници и прослави од секаков вид, што има воспитно значење за кревање н зачувување на нивното македонско сознание и, најпосле да ги посетат љубопитните Македонци, почесто да ни раскажуваат преку нашите весници и списанија своите спомени било за празнување на такви празници, било да репродуцираат при разни случаи разните традиционални прослави и обичаи од македонско потекло. Нека го воздигнат култот да пееме свои чисто народни песни, да ги воскреснеме нашите старински обичаи, да се веселиме и прославуваме по македонски, да ги обновиме и ја демонстрираме при разни прослави нашата стара национална носија и др...“

Тодор Станков умира во 1938 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.