Среда, 08 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Крсто Стојчев

pirinska-makedonija

Крсто Стојчев (Разлог, 10. IX 1910 – Софија, 19. VI 1975) е учител, истакнат македонски револуционер, припадник на ВМРО(Об), еден од првите партизани и од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија (1944–1948). Со Никола Парапунов ја обновиле комунистичката младинска организација во Разлошко (1931). По Резолуцијата на Инфорбирото бил отстранет од политичката функција, поради соработка со КП на Југославија.

Крсто Стојчев е роден на 10 септември 1910 година во Разлог, Пиринскиот дел на Македонија. Завршил педагошко училиште и станал учител. Во 1931 година станал член на БКП, а во 1932 / 1933 година е член на Окружниот комитет на БКП во Петрич.

Во 1931 година, заедно со Никола Парапунов, ја обновија младинската организација во Разлошко. Во 1932 година тој ги предводел просветните работници на протести против ВМРО на Иван Михајлов, а веќе следната година бил осуден на 15 години затвор по Законот за заштита на државата (ЗЗД).

Во јуни 1941 година излегува од затвор и живее нелегално. Во периодот од 1942 до 1943 година Стојчев повторно бил уапсен и спроведен во концентрациониот логор Ени Ќој, Ксантиско.

По излегувањето од логорот, Крсто Стојчев стапил во партизанското движење. Во март 1944 година бил назначен за политички комесар на Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“, а по обединувањето на партизаните од Четвртата Горноџумајска оперативна зона, тој е поставен за политички комесар на обединетиот Рило-Пирински партизански одред во август 1944 година.

По 9 септември 1944 година Стојчев станал прв секретар на Окружниот комитет на БРП(к) за Пиринскиот крај, а во периодот од 1944 до 1948 година тој е еден од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија. Потоа бил и секретар и на Централното раководство на Македонските културно просветни друштва и оваа функција ја обавувал до 1950 година

Крсто Стојчев како Македонец и преставник на Пиринска Македонија, со воодушевување  говореше на првиот конгрес на Народноослободителниот фронт на Македонија, којшто се одржа во Скопје од 2 до 6 август 1946 година. Во своето обраќање, убеден дека е дојдено времето за обединување на Вардарска и Пиринска Македонија, тој меѓудругото ќе рече:

„Македонскиот народ постави здрави темели на новата македонска држава и денес веќе никој не може да се сомнева во обединувањето на целокупна Македонија околу столбот на новата македонска република. Пиринска Македонија треба да ја има за пример... Народна Република Македонија.

Денес, народот во Пиринска Македонија се воодушевува од идеалите на Гоце Делчев и Јане Сандански, кои сфатиле дека не може да има друго решение за македонското прашање, дека македонскиот народ не може да биде бугарски, како што посакуваа Фердинанд и Борис. Македонија не може да биде српска, како што сонуваа Караѓорѓевиќевци. Македонија не може да биде грчка. Македонија е на македонскиот народ. Народот во Пиринска Македонија има полно разбирање и чувство дека Македонија треба да биде обединета, како што не учеа нашите учители Делчев и Сандански...“

Меѓутоа, поради изразениот македонизам и соработката со Комунистичјата партија на Југославија, по резолуцијата на Инфорбирото во 1948 година,  Крсти Стојчев бил остранет од политичката финкција.

Подложен на секаков притисок, Крсто Стојчев сепак отстапил од македонската национална определба. Во периодот од 1950 до 1953 година бил директор на заводот „Антон Иванов“, па политички редактор во “Главлит“.

По VII конгрес на БКП во 1958 година Стојчев бил рехабилитиран од бугарската власт. Потоа бил амбасадор на Бугарија во Унгарија, Кина и Аргентина.

Крсто Стојчев  умира на 19 јуни 1975 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.