Среда, 15 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Ристоман Попчевски

ristomanРистоман Василев Попчевски (1870 – 25. VII 1904) е македонски революционер, деец на Македонската револуционерна организација. Се оддликувал со голема  храброст и лојалност кон ослободителното дело, а саможртвата ја сметал за света должност на секој револуционер. Во 1904 година, по добиената задача од Организацијата подметнал темпирана пеколна машина во возот на линија Скопје – Солун, која експлодирала на станицата Гевгелија. Меѓу уапсените бил и Попчевски кој потоа бил обесен во Гевгелија.

Ристоман Попчевски е роден 1870 година во село Попчево, Струмичко, во земјоделско -сточарско семејсто кое се занимавало и со трговија. Се оженил со Параскева, со која имал четири деца, од кои едната ќерка била грабната од османлиите и однесена во непознат правец.

Попчевски кој се одликувал со голема храброст се приклучил на Македонската револуционерна организација. Покажувајќи голема лојалност кон ослободителното дело, тој саможртвата ја сметал за света должност за секој револуционерен деец на Организацијата.

Поради неговата посветеност кон делото, Попчевски бил одбран да изврши диверзантска акција врз Македонските железници. Имено, во согласност со конгресните решенија на струмичките и солунските делегети  донесени во 1904 година на планината Огражден, била донесена Одлука на Окружниот комитет за изведување на акции кои би го привлекле вниманието на големите сили за односот на Османлиската Империја кон спроведувањето на реформите во Македонија по Илинденското востание 1903 г. За да се привлече вниманието на Европа, акциите на Организацијата биле насочени кон попречување на одвивањето на сообраќајот на Македонските железници, во кои бил вложен капитал на големите сили.

Ристоман Попчевски темелно се подготвувал за извршување на поставената задача. На 4 јули 1904 година, темпираната пеколна машина ја предал на станицата во Удово, адресирана како пакет до Солун. Меѓутоа, поради задоцнување на возот, пеколната направа наместо на мостот на Вардар, експлодирала на станицата Гевгелија.

По експлозијата на железничката станица во Гевгелија, во којшто немало човечки жртви, Османлиската полиција уапсила повеќе лица од Струмица. Меѓу нив биле учителите Петар Хаџи Јорданов и Иван Чонтев, потоа членот на окружниот комитет Андон (Доне) Лазаров, како и Ристоман Попчевски.

Иако Организацијата однапред имала изготвено план за заминување на Попчевски од Македонија. сепак, тој таквата можност категорично ја одбил со образложение дека целосно е подготвен да ја споделува судбината со народот. Во тој момент не помагнале ниту молбите на неговите најблиски.

Ристоман Попчевски и другите уапсени биле изложени на жестоки измачувања, но никој не признал дека учествувал во диверзантската акцијата на железничката линија Скопје – Солун. Сепак, полициската истрага ги разоткрила учесниците во овој настан и Ристоман Попчевски бил осуден на смрт.

Пресудата требало да се изврши во Струмица. Меѓутоа, кога осмалиските власти дознале дека четите на Македонската револуционерна организација се подготвуваат да го ослободат Попчевски на патот Удово – Струмица, тие решиле пресудата да се изврши во градот каде експлодирала темпираната пеколна машина.

Ристоман Попчевски бил обесен на 25 јули 1904 година во Гевгелија.

По смртта на Попчевски, сопругата Параскева го продолжила неговото револуционерно дело грижејки се околу собирање храна и облека за македонските револуционерни чети.

Во чест и сеќавање на саможртвата на овој македонски револуционер и патриот, кралот на македонскиот фолклор, Гоце Аранудов (1954 -.2011) ќе ја испее песната за Војводата Ристоман Попчевски ...

„Сам се решив, сам се решив, смртта не ме плаши.
Господ мора да ги слушне сите клетви наши.
Ова ропство не се трпи, жими оваа вера, нека знае младо старо, жртва сум за народ.
Сам се решив, сам се решив, смртта не ме плаши.
Господ мора да ги слушне сите клетви наши.
Со векови овој народ, доста маки виде.
ОВАА ЗЕМЈА, МАКЕДОНСКА, БИЛА И ЌЕ БИДЕ!“

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.