Среда, 13 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
Лазар Киселинчев

Lazar Kiselinchev MOOЛазар Трпов Киселинчев (20. I 1874 – 18. XII 1946) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерната организација (МРО), a исто така бил и Масон. Се школувал во Атина, каде ги поставил темелите на Македонскиот комитет. Во пред илинденскиот период воспоставил канали и илегално увезувал оружје од Грција и Албанија во Македонија. Од МРО добил посебно признание за покажана храброст во борбите за време на Илинденското востание 1903 година. Познат бил  под прекарите Аврам Киселец, Атински, а Албанците го нарекуваа Скендер Бег.

Лазар Киселинчев е роден во 1874 година во костурското село Косинец, во семејството на познатиот градител Трапо Киселинчев, кој ги изградил султанските сараи, како и згради кои и денес ги красат големите градови. Синовите на Трпо, Лазар, Пандо (скулптор) и Георги (архитекта) воспитани да ја сакаат својата татковина,  ќе станат "духовна тројка", која ги следела неговите стапки и секогаш мислела за слободата на Македонија.

Лазар Киселинчев покрај својот татко се школувал во Атина, каде завршил петти клас во грчка гимназија. За неговите браќа, Георги и Пандо, Лазар не биле само брат, туку духовен отец. Водени од градежната традиција на својот род, тие земат активно учество дури и во претворањето на Атина во модерно растечка балканска престолнина.

Сепак, носен од мислата да ја види својата татковина слободна, Лазар Киселинчев станал член и организатор на Македонската револуционерна организација. Во Атина, тој ги поставил темелите на Македонски комитет. Оттаму, користејќи ги своите познанства, заедно со Атанас Каршаков, Васил Чекаларов и Дељо Марковски, организирал канали за илегален увоз на оружје од Албанија и Грција за Југозападна Македонија. Пред Илинденското востание, тој се вратил во родниот крај за да помогне во организирањето на населението.

Во екот на подготовките за востанието, началниците на ВМРО  доделуваат т.н.  свидетелства за храброст, за исполнети заслуги кон татковината, за воени подвизи и покажана  храброст, во форма на свидетелства, кои носат име на најраспространетиот воен орден - Орден за храброст, а на кои се поставува и редниот број.

Во Државниот архив на Р Македонија постои „Свидетелство за храброст“ нумерирано под број 23 со  „забелешка“ во која стои дека Лазо Киселинчев  зел учество во Желевската битка од 21 мај 1903 година“. Со ова сведителство се потврдува покажаната храброст и дотогашната дејност на овој познат костурски војвода.

Лазар Киселинчев бил  еден од началниците на Смрдешкиот центар и за време на Илинденското востание 1903 година бил заменик на неговиот близок пријател Васил Чекаларов како член на Костурското горско началство.

За време на Илинденското востание Лазар Киселинчев бил наречен од Албанците Скендер Бег. По задушувањето на востанието,  заедно со Пандо Кљашев и Васил Чакаларов, преку Албанија и Унгарија заминал за Бугарија.

Лазар Киселинчев еден период престојувал во Америка, каде зел учество во организирањето на македонските бегалци во здруженија (братства). При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, тој се вратил на Балканот и зел учество како доброволец во Македонско-одринското ополчение. Лазар бил назначен за началник на одделот "Патронаши".

Во 1928 година Лазар Киселинчев станал член на Управниот совет на Македонската народна банка во Софија, а заедно со Васил Стамбов, бил делегат и на Општокостурскиот граѓански комитет во Софија.

Лазар Киселинчев умира на 18 декември 1946 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.