Среда, 03 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Никола Ничота Стериев(ич)

nicotaНикола Ничота Стериев(ич)  (29. I 1880 – 11. VI 1950) е македонски деец, член, сновач и активист на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург и Москва. Како „студент по природните науки“, тој е потписник на основачкиот акт на МНЛД во Санкт Петербург. Учествува на предавањата на Мисирков и во подготовката на Уставот на Другарството. Како медицинар учествува во Руско-јапонската војна (1905) и како лекар во Првата светска војна (1914 - 1918).

Никола Ничота Стериев(ич) е роден на 29 јануари 1880 во Смедерево. Тој е син на крушевски печалбари во Смедерево, кои набрзо по неговото раѓање се преселиле во Солун. Во Солун тој завршил основното обрзование, а во Цариград завршил средно образование во Српската гимназија. Своето образование тој го продолжил на Правниот факултет во Белград.

Во јуни 1902 год., во Белград почнал да излегува “Балкански гласник“ орган на “Македонскиот клуб” на српски јазик и француски уводи, со што делумно се камуфлирало пред српските власти, а внатре биле за првпат основните принципи на т.н.р “македонски сепаратизам“ : македонска посебна нација, посебен македонски литературен јазик и со фонетски правопис, автокефална македонска црква и автономија во рамките на Турција.

Во текот на првата година на Правниот факултет во Белград (1901/02), Ничота се приклучил на македонските интелектуалци во Србија кои биле групирани околу весникот „Балкански гласник“, уредуван од социјалистот Стефан Јакимов Дедов. По започнувањето на хајката против „македонскиот национален сепаратизам“ и забранувањето на „Балкански гласник“, Ничота ја напуштил Србија и на 8 октомври 1902 година се запишал на Санкт-Петербуршкиот универзитет.

Само по 20 дена, како „студент по природните науки“, Никола Ничота станал потписник на основачкиот акт на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург. Инаку, Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург официјално било конституирано на 28 октомври 1902 година со 19 потписници (Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Константинович и други).

Поради немање средства за плаќање на школарината, Никола Ничота бил „ослободен од Универзитетот“ на 28 мај 1903 година. Поради тоа живее во Словенскиот дом на СПбСБД (15. Х 1903). Во овој период тој учествувал на предавањата на Мисирков и во подготовката на Уставот на Другарството.

По многу молби, конечно добил стипендија од руското МНР и на 18 ноеври 1903 година се запишал на Медицинскиот факултет на Московскиот универзитет. Од Москва заминал во Санкт Петербург и како емисар на Другарството се сретнал со австроунгарскиот амбасадор, од кого барал да се заложат за македонското прашање, а потоа заедно со Ф. Николов(ски) патуваат по Македонија во врска со подготовките за отворање македонски училишта.

Во меѓувреме, Ничота се допишувал со претседателот на МНЛД Димитрија Чуповски кого го информирал за своите активности, како и за формирање другарство во Москва.

По тој повод, на 20 јуни 1904 година, Мисирков од Бердјанск пишува: „Ничота ми соопшти од Петроград дека се поврзал со Австриската амбасада во Петроград. Лично амбасадорот гледал со големи симпатии на нашиот план за разрешување на македонското прашање и во таа смисла и пишал на својата Влада, од којашто чекал одговор. Ако ја придобиеме Владата на Австро-Унгарија, како што има изгледи да ја имаме Русија, тогаш лесно ќе ја постигнеме целта“.

Ничота, како медицинар бил ангажиран во Руско-јапонската војна во 1905 година за сузбивање на пегавиот тифус на фронтот. По дипломирањето во 1909 година, бидејќи немал право да остане во Русија, тој се вратил на Балканот.

Во 1910 година, Ничота се оженил во Белград и потоа работел како лекар во српската провинција.

Во текот на Првата светска војна, Ничота бил мобилизиран во 1915 година и ја преживеал голготата на српската војска преку Албанија, а потоа преку Крф и Солун, во 1917 година стигнал во Женева. По враќањето во 1919 година, Ничота службувал во разни места во Србија и Црна Гора. На крај се стационира во Смедеревска Паланка, каде што бил сметан како „болшевик“, поради што тешко ја преживеа германската окупација.

Никола Ничота Стериев(ич), еден од основачите на МНЛД, починал на 11 јуни 1950 година во Смедеревска Паланка.

(извор: М.Е, 2, Скопје, 2009, стр. 1055)

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.