Среда, 14 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Александар Евтимов

Alexander EvtimovАлександар Евтимов (1874 - Софија, 1939) е македонски револуционер, преспански и прилепски војвода на ТМОРО, учител и публицист. Учествувал во Илинденското востание како началник на Горското начелство за Буфскиот револуционерен реон. Во 1910 година, како член на Битолскиот окружен комитет, бил уапсен и осуден на смрт, а потоа казната му била заменета со доживотна робија. Во 1911 година успеал да избега од затворот и емигрирал во Бугарија. Во Првата балканска војна се вратил со своја чета и учествувал во изгонувањето на османлиските власти од Битола. Од 1926 година, Рвтимов ја предводел Разузнавачката организација на ВМРО за Битолскиот округ.

Александар Евтимов е роден во 1874 година во Битола. По завршувањето на средно образование, тој бил назначен за учител во Леринското село Буф, каде предава во текот на 1895 и 1896 година. Во исто време, тој развил револуционерна активност во Леринскиот реон. Подоцна, Евтимов бил избран за раководител на Леринскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.

Од 1899 година Евтимов учителствувал во Битола, каде ја продолжува својата револуционерна активност. Таму бил избран за член на Месниот комитет, а во 1900 година и во Окружниот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација. Истовремено тој е раководител и на училишната револуционерна организација во Битолската гимназија, од која излегуваат дејци на организацијата како Христо Силјанов, Лазар Москов, Илија Талев и други.

На 1 април 1903 година, Александар Евтимов преминал во илегала и како началник на Горското начелство за Буфскиот револуционерен реон учествувал во Илинденското востание. За време на востанието дејствувал во Буфско и Горна Преспа.

По востанието Евтимов ја продолжил својата револуционерна дејност. Од 1908 година е член на Окружниот револуционерен комитет во Битола, а во декември 1909 година заради убиството на ренегатот Јово Јовановиќ бил уапсен заедно со Георги Попристов, Георги Николов, Павел Христов, Аце Дорев и Милан Матов. По два месеца затвор, сите биле ослободени од воениот суд.

Во 1910 година, за време акцијата за собирање на оружјето, Александар Евтимов повторно бил уапсен и осуден на смрт, но потоа неговата казна била заменета со доживотна робија.

Во 1911 година ток успеал да избега заедно со Георги Поп Христов и Васил Клисаров од Крушево од затворот во Ајдин, Мала Азија, а потоа емигрирал во Бугарија.

Во 1912 година Александар Евтимов учествувал во Првата балканската војна. Тој се вратил со своја чета во Македонија и учествувал во изгонувањето на османлиските власти од Битола.

По Првата светска војна Евтимов живеел во Бугарија и го поддржувал Привременото претставништво на поранешната обединета Внатрешна револуционерна организација.

Во периодот на 1925 до 1927 година Ѓорѓи Поп Христов како член на ЦК на ВМРО со своите чети дејствува во Битолско заедно со Петар Шанданов и Крум Петишев, каде имаат неколку вооружени судири со српските и грчките војски. Како председател на Битолскиот револуционерен округ Поп Христов организирал цела една мрежа на членови на ВМРО кои вршеле разузнавачка дејност во интерес на Организацијата. Тие ги следеле активностите на српските и грчките власти во Битолскиот округ.Така, од 1926 година, Александар Ефтимов, ја предводел Разузнавачката организација на ВМРО за Битолскиот округ.

Александар Евтимов починал во Софија, во 1939 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.