Среда, 23 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Јоаникиј Ракотински

Sveti Joanikij RakotinskiЈоаникиј Ракотински (1839 – 24. I 1940) е македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник. Во 1875 година, митрополитот Теодосиј Скопски, поборникот за обновување на Охридската архиепископија, го ракоположил за јеромонах. Во 1875 или 1880 година, Јоаникиј го основал манастирот „Св. Илија“ во Ракотинци, Скопско. Во 2017 година во катедралниот храм во Скопје "Свети Климент Охридски" Јоаникиј е прогласен за светец од архиепископот Стефан Охридски и Македонски во сослужение со митрополитите на МПЦ – ОА. Дел од моштите на Јоаникиј се наоѓаат во Берскиот манастир "Свети Јован Претеча", Грција, каде се почитува како чудотворец и исцелител.

Според неговата зачувана автобиографија од 6/19 март 1930 година, пронајдена во селскиот храм на Успението на Пресвета Богородица во село Ракотинци, Јоаникиј е роден на 7/20 јануари 1847 година во Охрид, во семејството на Георги и Софија Чешмеџиеви. Завршил грчко училиште во својот роден град и станал свештеник.

Пред да се досели во селото Ракотинци, Јоаникиј живеел монашки живот во Марковиот манастир. Во 1875 година, митрополитот Теодосиј Скопски, поборникот за обновување на Охридската архиепископија, го ракоположи Јоаникиј за јеромонах. Во 1875 или 1880 година, Јоаникиј го основал манастирот „Св. Илија“ во Ракотинци, Скопско.  Манастирот е осветен од митрополитот Теодосиј Скопски.

Јоаникиј патувал во свети места, за што луѓето го нарекоа "Дедо Аџија".  Тој бил добро образован и во тоа време бил сметан за најобразованата личност во околината. Предавал во училиштето сместено во дворот на манастирот и повремено ги решавал како локален судија споровите на месното население. Освен тоа, имал познавања од областа на медицината, па месното население му се обраќало за лекување. Неговиот лекарственик по кој ги лекувал луѓето бил пронајден во селскиот храм заедно со неговата автобиографија, дневници на касата, деловодници и инвентарните книги.

Во неговата автобиографија, Јоаникиј дал детални описи за страданијата што ги претрпувал од турските власти и од локални турски и арнаутски одметници, кои во неколку наврати сакале да го убијат. Но неговите страдања, не престанале ни по Балканските војни. По поделбата на Македонија во 1913 година, Јоаникиј бил малтретиран и од новите српски власти и српскофилски свештеници.

Додека сè уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта. Отец Јоаникиј починал на 24 јануари 1940 година во Ракотинци, во 101 година.

Локалното население одамна го почитува Јоаникиj како светец. Неговите мошти беа откриени нераспаднати во 1986 година во селскиот храм „Успение на Богородица" во Ракотинци.

Во 2017 година во катедралниот храм во Скопје "Свети Климент Охридски" Јоаникиј е прогласен за светец од архиепископот Стефан Охридски и Македонски во сослужение со митрополитите на МПЦ - Охридска архиепископија. За време на канонизацијата иконата на Јоаникиј Ракотински е осветлена. Тропарите во негов спомен се напишани од химнописецот на Вселенската патријаршија отец Атанасиј Симонопетрит. Честичка од моштите на Јоаникиј Ракотински се наоѓа и во Берския манастир "Свети Јован Претеча" и тој почнува да се почитува и во Грција како чудотворец и исцелител.

Канонизацијата беше извршена по повод 50-годишнината од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.