Среда, 30 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Владимир Руменов

Vladimir Rumenov

Владимир Руменов (1. V 1870 – 20. I 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Се школувал во Софија, Киев и завршил Медицински факултет во Москва и Одеса. Учествувал во создавањето на Медицинскиот факултет во Софија. Автор на трудови од областа на медицината. Бил пратеник во Народното собрание на Бугарија како преставник на Македонската парламентарна група.

Владимир Руменов е роден на 1 мај 1870 година во Крушево, како Наум Мушевски. Тој е дванаесети син на Јован и Румена Мушевска, сестра на Стојан и Константин Везенкови, од каде доаѓа и фамилијарното име Руменови. Завршил Класична гимназија во Софија во 1886 година, а потоа се образува на Духовна семинарија во Киев. По нејзиното завршување, Руменов студирал медицина на Московскиот универзитет.

Во Москва Руменов ги прифатил народњачките идеи и поради неговата револуционерна активност бил прогонет во Иркутск. Благодарение на застапувањето не неговите блиски и професорите од Универзитетот, тој е ослободен во 1896 година. По завршувањето на испитите по медицина на Новорусискиот универзитет во Одеса, тој повторно заминал за Бугарија.       

Во 1897 година Руменов го положил државен испит во Софија, а следната 1898 година, во Цариград добил право да практикува слободно лекарска практика во пределите на османлиската држава. По добивањето на оваа дозвола, Руменов работел како лекар во женското и педагошкото училиште во Скопје од 1898 до 1901 година. Исто така, тој предавал популарна медицина и вложувал напори за одржување и хигиената во зградите.

Во исто време, тој бил член на Скопскиот окружен комитет на Македонската револуционерна организација. Осомничен од турските власти поради неговата револуционерна активност, Руменов емигрирал во Софија, каде што се приклучил на бугарската армија како воен лекар.

Руменов продолжил да учествува во активностите на Македонската револуционерна организација и одржувал врски со Гоце Делчев, Христо Татарчев, Тодор Александров и други лидери, кои учествувале во подготовката на востанието. Во есента 1902 година, тој организирал собирање помош за бегалците од Горноџумајското востание.

Во 1903 година, Владимир Руменов влегол во Задграничното преставништво на Внатрешната организација, заедно со Спас Мартинов. На 5 август 1903 година по иницијатива на Александар Протогеров во Софија 14 бегалски македонски братства формираат (Општа) емигрантска комисија со претседател Александар Протогеров, потпретседател Лазар Лазаров, секретари Евтим Спространов и Георги Разлогов и советник Владимир Руменов. За време на Илинденското востание, Владимир Руменов го водел пунктот на Организацојата во Ѓуешево.

По Младотурската револуција во 1908 година, Руменов се вратил во Отоманската империја и активно учествувал во дејноста на воспоставениот Сојуз на бугарските конституциони клубови. На конститутивниот конгрес на Организацијата (7-13 септември 1908), тој бил избран за заменик-претседател на Централното биро, а на Вториот конгрес (20-26 август 1909 година) за член на Централното биро.

За време на Балканските и Првата светска војна (1912-1918) Руменов бил воен лекар во бугарската армија. Во 1920 година, тој минал во резерва со чин генерал. Истата 1920 година, Руменов основал тајно македонско друштво и бил постевен за негов раководител. Неговите заменици биле Евтим Спространов и Христо Михајлов. Потоа учествувал во активностите на македонските братства во Бугарија и постојано се населил во Стара Загора.

Владимир Руменов  учествувал и во основањето на Медицинскиот факултет и бил претседател на Врховниот медицински совет. Исто така, бил главен лекар во диспанзерот на Софиското друштво за борба против туберкулоза и е автор на трудовите: "Туберкулозата во Бугарија и борбата со неа" (1922), "Основи на физичкото образование на младите" (1926), "Работнички диспанзери" (1927), "Борба против туберкулоза кај децата" (1937)

Покрај тоа, Руменов  бил избран за народен преставник во 21 и 22 Национално собрание од Македонската парламентарна група, а основач и член бил на Македонскиот научен институт.

Во 1925 година, Руменов бил ранет во нападот организиран од комунистите во црквата Света Недела. Владимир Руменов  починал на 20 јануари 1939 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.